логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Ќе започнеме со општо познатите вистини. Кога билката не ја полеваме, таа венее и се суши. Кога обилно ја налеваме, така што нејзиниот корен цело време е потопен во вода, таа скапува и исто така пропаѓа. За жал, некои родители забораваат дека детските души имаат потреба за разумна строгост и разумна нежност. Недостатокот или вишокот на едното или другото, подеднакво ги расипува нивните души.

Првата грешка е како кога несмасниот градинар ги потонува младите фиданки во водата – тоа е култот кон детето.

Тоа станува некрунисан цар во семејството, неговите желби без приговор се исполнуваат, а родителите казнувањето или скратувањето на што било на детето го сметаат за најтежок престап. Детето добива впечаток дека неговите родители се создадени само за да му служат. Подоцна тоа од нив ќе побара таков однос кон себе, однос што се граничи со паганско идолопоклонство.

Разгаленото дете со нежност и внимание кога ќе се судри со животните тешкотии, ќе биде неспособно самото себе да се процени, ќе му се чини дека сиот свет е неправеден кон него, дека неговите замислени таленти смислено се игнорираат и дека над него се поставени луѓе кои се ништожни достојни за презир.

Животот на таквото дете најчесто е во непрекинат конфликт со средината која го опкружува и во некаква скриена перманентна војна со своите содружници, па дури и со сопственото семејство. Во детството, родителите ненамерно му ја всадиле во главата мислата дека треба да биде центар на внимание и грижи, но животот непријатно го изненадува со своите лекции и постојано го исфрлува на периферија, а всушност го става на своето место – и тој човек собира во себе навреда и болка. Детето кое се научило само да зема, а да не дава ништо во замена, кое научило само да ја впива туѓата топлина, најчесто станува егоист, а неговите родители стануваат првите жртви на неговата бездушност. Тие самите ја избришале својата личност пред детето и научиле да гледаат на себе само како инструмент на неговата волја и желба.

Источните народи имаат мошне жална поговорка: „таткото и мајката до крајот ќе го гледаат немилиот син“. Ако родителите се богати, „обожуваното“, едноставно речено со претерано внимание разгаленото дете, ќе настојува да ја претвори во злато дури и нивната крв, а доколку се сиромашни ќе заборави дека тие постојат и ќе ги погребе во своите сеќавања, пред нивните коски да бидат спуштени во гроб. Полнотата и среќата во животот ја дава љубовта.
Дете

Дете држи Крст во раката.

Подигнувајќи го своето дете како егоист, родителите со самото тоа го украле и лишиле најважното – умешноста да љуби и го направиле неговиот живот банален, празен и длабоко несреќен. Тие мислејќи дека направиле за своето дете сè што е можно, а всушност постапиле како да му се најголеми непријатели. А колку ли често разгалената, самоволна и страсна душа станува паразит за своите ближни и бара нови уживања во пороците.

Втора грешка. Родителите ги лишуваат своите деца од љубовта и нежноста. Тие настапуваат како строги контролори на нивниот целокупен живот. Нивните правила се – да се забрани и да не се допушти. Секоја самостојност на детето, тие ја сфаќаат како потенцијална опасност и сметаат дека се должни да ги раководат сите постапки, во сè да се вмешуваат и за сè да даваат своја оценка. Детето се чувствува како во полициска станица, каде не смее ниту да се помрдне во спротивно би добило остра опомена, како со удар од стап. Родителите со него разговараат со тон на безгрешен пророк и го убедуваат дека, тоа постојано психичко насилство е најголемо добро за детето, за кое тоа ќе им благодари цел живот.

Таквото воспитување може да создаде два типа луѓе. Во првиот случај тоа е човек со притаена иницијатива. Нему му е тешко да донесе каква било одлука, очекува да му заповедаат, во него постои вечен страв од навреда, подвикнување и од тоа дека грубоста ќе продре во неговата душа.

Овој човек лесно се потчинува на другите, оние кои имаат појака волја, дури и повеќе: тој тежнее кон оние кои наместо него би носеле одлуки. Човек кој многу години поминал во затвор, потоа може да почувствува страв од слободата. Него го плаши просторот зад затворската капија, на кој заборавил, бивајќи притеснет во затворската ќелија. Имало случаи кога таквите затвореници не можеле да живеат во светот и настојувале на секој начин повторно да се вратат во затвор.

Родителите со наметнато мислење за себе, претежно постанувале „полицајци“ кон своето дете, загушувајќи го и кршејќи ја неговата нејака волја го направиле суштество без волја за живот, кое постојано се двоуми.

Додека во првиот случај родителите кои ги потиснуваат своите деца во претерана нежност и внимание, ја задоволуваат страста на душевното сластољубие, во вториот случај родителите – насилници, ја задоволуваат страста на своето властољубие на штета на детето. Освен безволните луѓе од таквото воспитување можат да израснат и такви тирани, кои би го надоместиле ропството на своето детство, со иста таква психичка тиранија над останатите и кои поради претрпените навреди од своите родители, натрупани во потсвеста, ќе се осветат на своето семејство или потчинетите во својата служба.

Умешноста за воспитувањето на детето е една од највисоките уметности, за која родителите пред сè треба да се воспитаат себе си и да ги научат децата преку лични примери. Но ова умеење многумина од нив го претвориле во некаква љубезна игра или пак во непрекината војна со своите деца, како со непријатели.

Јапонците имаат една поговорка: „Подеднакво сурово е да се разгали детето или да се истера од домот“. И во едниот и во другиот случај детето ќе се почувствува отфрлено и запоставено во овој свет. Има родители кои без прекин на своите деца им говорат: „Сиот свој живот тебе ти го посветив, го жртвував за тебе и твојата среќа“, како да сакаат детето да го направат вечен должник, со долг кој никогаш не може да го отплати.

Детето може оправдано да праша: „А кој барал од вас поради мене да ја жртвувате својата среќа? Јас воопшто не сакам да бидам во улога на престапник, кој ја одзел среќата на своите родители“.
Оној кој сака, со радост дарува на другиот.

Кога родителите го прекоруваат своето дете поради мајчиното млеко кое го цицало, поради пелените кои ги потрошило, тогаш тоа ќе посака да собере сè што добило за да им врати на родителите и да им каже: „Земете си го своето и дадете ми само едно – слобода од вечното робување на вашата грижливост и добродетелство“. Подигнувајќи го своето дете како егоист, родителите со самото тоа го украле и лишиле најважното – умешноста да љуби и го направиле неговиот живот банален, празен и длабоко несреќен.

Сега ќе го разгледаме духовниот аспект на овој проблем. Свети Григориј Богослов рекол: „Телото е до родителите, а душата од Бога“, затоа родителите своето и си го сакаат. А душата на детето, неговото срце, неговиот морал се потиснати, маргинализирани прашања. Овие родители му купуваат на детето „место“ во животот, но она што лесно се здобива, малку се цени и лесно се губи. Моралот на таквите луѓе претежно се сведува на тоа дека сè може да се купи, а ако постои пеколот, тогаш веројатно и таму се продава вода. Родителите кои ги задоволуваат каприците на своите деца, во суштина се трудат да ја купат нивната љубов.

Во детето се развива одредена насоченост: со љубовта може да се тргува. Кога родителите што било ќе му скратат, тоа почнува да им докажува дека љубовта „поминала“ или почнува да плаче или одбива да јаде. На тој начин, поткупувајќи го, детето го учат на улични методи. Претежно пружениот отпор родителите брзо го совладуваат, поткупувајќи ја љубовта на детето со слатки и играчки.

Таквите деца стануваат лицемери и измамници и одглумуваат цела низа чувства, за да предизвикаат ефект и да ја постигнат својата цел. Грешките во воспитувањето скапо ги чинат родителите.

Затоа тие треба да запамтат неколку златни правила: треба да развијат иницијатива во детето, да не го казнуваат за случајните грешки, но само за свесно направеното зло. Во сите случаи треба да се почитува детето како човечка личност, не правејќи од него ниту идол, ниту роб. Детето ќе им биде благодарно на родителите доколку го научат на моралност, пред сè преку свој пример, отколку ако му „купуваат“ место во животот кое не му припаѓа. Бидете само онакви, какви би сакале да ги видите вашите деца.
Архимандрит Рафаил Карелин

Превод: Илија Орачки
Извор: Православен пат бр. 28, СПЕ

 

Друго:

 https://www.google.com/search?q=%D0%97%D0%B0+%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE+%D0%BD%D0%B0+%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0&sitesearch=preminportal.com.mk

01.10.2013

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 503
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная