логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Arhiepiskop.Angelarij.jpg

Сто години од раѓањето на архиепископот Г.Г. Ангелариј

“Балканот не е тесен, тесни се срцата наши“

Скромнен, достоинстен, упорен во извршувањето на божјата служба. Секогаш на располагање на сите луѓе, на свештенството, на световниот човек, се зборовите со кои го опишуваат сите оние коишто го познаваа Г. Г. Ангелариј, вториот македонски архиепископ на возобновената Македонска православа црква – Охридска архиепсикопија.
Но силна а истовремено тивка скромност и верска доблесност беше надополнета и со стоичката негова посветеност кога се работеше околу сите спорни прашања и проблеми што се јавуваа во црквата во тоа време. Беше упорен и храбар човек кој, меѓу другото, ќе остане запаметен и по луцидната своја изјава изречена на гробот од револуционерот Гоце Делчев кога кажа: “Балканот не е тесен, тесни се срцата наши“, мислејќи тогаш на едноумието во времето на атеистичкиот, комунистички режим.
Како архиепископ, како што тврдат неговите современици сакал да внесе нов дух во Црквата токму во времето на нејзиниот најтежок период. Архиепископот Ангелариј отворено говорел дека ние Македонците сме на некој начин како народ и како Црква обесправени. И се разбира ниту од една од забелешките не се исплашил. Иако бил еден краток период во управувањето на Светата православна македонска архиепископија за периодот од 5 години, од 1981 до 1986 година. Сепак, примарната негова желба билка колку што е можно поскоро да се признае осамостојувањето на Македонската православна црква. 
На 4 декември, на празникот Воведение на пресвета Богородица – Пречиста, се одржа и црковниот помен по повод 100 годишнината од раѓањето на г.г. Ангелариј, вториот македонски архиепископ.
Г.г. АНГЕЛАРИЈ е роден како Цветко Крстески во село Долнени, Прилепско на 7 април, 1911 година. Втор по ред поглавар на возобновената Македонска православна црква, доаѓа на местото по блажено упокоениот Архиепископ г.г. Доситеј.
Потекнува од свештеничко семејство, каде од раѓање е задоен со божјата светлина и целиот свој живот и го посветува на Црквата. Учествувал во НОБ. Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковнонароден собор во Скопје  во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги е одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоереј - ставрофор. Од 1961 до 1964 година како парохиски свештеник бил меѓу Македонците во Мелбурн, Австралија, каде ја основал првата македонска православна црковна општина и била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. По враќањето од Мелбурн ви 1964 година работел во црквата Св. Благовештение во Прилеп, a се замонашува во 1972 година. Бил устоличен за епископ Пелагониски во 1975 година.
За Дебарско-кичевски митрополит бил хиротонисан на 5 јули 1977 година, а за Охридски и Македонски архиепископ и скопски митрополит бил избран во 1981 година. По нецели пет години поминати како поглавар на МПЦ, загина во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура, на патот Прилеп – Скопје.

Особена е честа за братството на црквата Св. Петка, за вработените во храмот, како и за верниот народ кој тука доаѓа на богослужби, тоа што набргу по неговиот избор за Архиепископ Македонски и Охридски одржа Света Архиерејска Литургија токму во црквата Св. Петка.

 Arhiepiskop.Angelarij.jpg

 

   Н. Д. Д.- НАША ПАРОХИЈА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1125
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1247
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1123
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…