логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Во преубавиот град Синсинати, Охајо, град кралица, како што го нарекуваат, од 31 август до 2 септември оваа година, беше одржан 33-от Црковно-народен собир на Американско-канадската Македонска Православна Епархија. Дел од собирските манифестации се одвиваа во хотелот „Милениум“, а светите богослужби и некои други активности – во црквата на св. Илија, која беше домаќин на Собирот.

 


                                      
Собирските манифестации ги предводеше надлежниот архиереј на АКМПЕ – Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Методиј, а на Собирот присуствуваа и претставници на дипломатско-конзуларните институции на Република Македонија во Вашингтон и Детроит.            Според своите традиционални содржини, Собирот, кој секоја година се одржува во првиот викенд од септември во некоја од црквите во Епархијата, претставува едноцрквие на сите македонски православни цркви од АКМПЕ.             Според однапред утврдената програма, собирот всушност почна со одржувањето на редовното заседание на Епархиското собрание, на кое претставници имаа 24 цркви, а присутни беа 56 членови на собранието: свештеници, претседатели и делегати од црквите. На заседанието беа донесени неколку значајни одлуки, кои се од витално значење за иднината на АКМПЕ.            Чествувајќи го големиот јубилеј на нашата Светиклиментова Македонска Православна Црква – 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, нашата АКМПЕ даде свој достоинствен прилог кон одбележувањето на тој јубилеј. Пред сѐ, преку одржувањето на духовната академија во саботата во црквата на св. Илија, на која настапија три црковни хора, а предавање за потеклото и значењето на духовната музика и црковното хорско пеење произнесе надлежниот архиереј Митрополитот г. Методиј.             Непосредно потоа, следеше настапот на играорните групи, при што младите Македончиња, преку песната и орото македонско, го претставија сиот раскош и колорит на богатиот македонски фолклор.
 

Сепак, централното место во содржините на собирските манифестации и` припаѓа на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше надлежниот архиереј - Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, во сослужение на свештенството од Епархијата и во присуство на повеќе стотици верни чеда од македонските православни цркви од САД и Канада. На светата Литургија, во чин протопрезвитер беше произведен отец Константин Митровски, парохиски свештеник при црквата на св. Илија од Синсинати. По светата Литургија, пак како прилог кон одбележувањето на 40-годишниот јубилеј,  беше промовирано преработеното и дополнето издание на „Православен молитвеник“, подготвено од Митрополитот г. Методиј. Потоа, во црковната сала беше приредена трпеза на љубовта за сите присутни.

 

 

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Методиј одржа средба и со претставници на МОЈАНА – младинска организација на АКМПЕ, на која беа утврдени програмските цели за идното дејствување на младите во Епархијата, кои треба да бидат двигатели на многу активности и мост меѓу генерациите.            
 
Со свечениот собирски банкет, како завршен чин на Собирот, беа затворени 33-те собирски манифестации на АКМПЕ, кои поминаа достоинствено и тивко, будејќи желби за нови средби и другарувања Македонците од САД и Канада. Се надеваме дека, со Божја помош и по молитвите на светиот отец Николај Мирликијски Чудотворец, и идните собирски манифестации, чиј домаќин, со одлука на Епархиското собрание, ќе биде црквата на св. Никола од Тотова, Њу Џерси, ќе поминат исто така достоинствено и многу помасовно, за слава на Бога и за афирмација на нашата Света црква и народот наш македонски.    
 
Известува: протоереј-ставрофор Бранко Постоловски              


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4286
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4095
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3548
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…