логоFacebookTwitterYouTubeeMail


starica.Gavrilija.jpgРасказ на мајка Гаврилија

Еднаш ми пријде еден странски мисионер и ми рече: „Ти можеби си добра жена, но не си добра христијанка!“

Прашав: „Зошто?“

„Затоа што овде си толку долго, а одиш наоколу и зборуваш англиски. Кои овдешни јазици си ги научила?“

Му реков: „Не успеав да научам ниту еден локален јазик, затоа што многу патувам од едно на друго место. Штом научам еден дијалект, тие почнуваат да зборуваат друг. Само ’Добро утро“ и ’Добра вечер’ научив. Ништо повеќе.“

„Па ти си никаква христијанка. Како воопшто мисионериш? Сите римокатолици и протестанти ги учат овдешните јазици за да…’

Тогаш реков: „Господи, дај ми одговор за него.“ Ова го реков со сето свое срце, а потоа реков: „А, да. Заборавив да ти кажам. Знам пет јазици.’

„Навистина? Кои?“

„Првиот е насмевката. Вториот е солзите. Третиот е допирот. Четвртиот е молитвата, а петтиот е љубовта. Со овие пет јазици можам цел свет да го поминам.’

Тој застана и рече: „Чекај малку да го запишам ова…“

Со овие пет јазици можеш да патуваш низ целиот свет и цел свет е твој. Сакај ги сите како најблиски – без обзир на нивната вера или раса, без обзир на било што.

Секаде има Божји луѓе. Никогаш не знаеш дали некој што сега го гледаш ќе стане светител. Да бидеме тивки…

Извор: Прича мајке Гавриле
 Љубовта, Делата на светите мајки, Мисионерството, Светоотечко наследство..., Старица Гаврила.

 

 Преземено од: Маран Ата



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1480
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1842
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1648
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…