логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Vasko.Sv,Gora.jpg

ПЕДГОВОР


Духовното средиште на овоземниот живот, едно од најубавите места на овој свет, во кој човекот, ретко може да најде спој на таква природа и толкава убавина, е единствениот и неповторлив географски простор на Света Гора Атонска.
Местото каде се соединува сета убавина на створената природа со нестворените енергии Божји, е навистина феномен за кој е потребно повеќе од еден овоземен живот за негово проучување.
Согледувајќи ја светата историја на феноменот Атон, во неа го пронаоѓаме срцето на монашкиот подвиг и објавата на мистичкото, и светоотечкото богословие.
Света Гора Атонска, е единствената монашка држава на светот. Судејќи според документите со кои располага монашката држава, нејзината старост ја надминува староста на која било друга држава во сегашниов свет. Таа е носителка на средновековната христијанска култура на православниот исток. Жив откинат дел на Православна Византија сочуван до денес.
Со своите манастири, скитови и ќелии, оживеани од бројното монаштво посветено на Бога и молитвата, со строгото исклучување на женскиот свет и соблазните на световниот живот, Атон претставува главно место во кое се постигнува, теориско и практично познание, чија реалност е објавена од мноштвото старци кои се подвизувале, а и денес го живеат аскетизмот.
Тие творат вистинска христијанска цивилизација и сè она што таа може да го даде во областа на книжевноста, науката и уметноста. Во неа се соединува сèта православна традиција и уметност. Таа е вистинско остварување на Византиските вредности.
Благодарение на Божјата љубов, денес можеме да го запазиме будењето на жедта, по трезвеноумието и непрестајната умно срдечна молитва. Копнежот по силата на молитвата расте. Современиот човек заробен од антропоцентризмот и материјализмот, го бара вистинскиот живот во Христос. Света Гора Атонска станува негов благословен излез од сите безизлези.
При тоа жителите на Света Гора го живеат Светото Предание на апостолите и Светите отци и преданието на Богочовекот Христос, а сето тоа е дело на Светиот Дух кој вечно живее во нашата света, соборна и апостолска црква.

Vasko.Sv,Gora.jpg

Зарад беспрекорната верност на Света Гора Атонска и нејзините свети жители кон Преданието на Црквата, таа ужива третман на  совест на целата Православна Икумена.
Разгледувајќи го мноштвото книжевни и научни трудови, ни станува јасно, дека преданието на светите отци не е луксуз, ниту недостиглив идеал. Тоа станува претпоставка на вистинското и автентичното живеење, во Христа. Тоа е реално остварливо преку Божјиот благослов врз Градината на Пресвета Богородица. Од Света Гора, се излева мистичното зрачење на благодатта Божја која ја оживува Црквата.
На тоа тивко парче земја, пдвижниците во манастирите, пустињаците на дивите, непристапни, но преубави Атонски предели, неуморно ја творат молитвата. Откинуваат парче по парче од Небото и го спуштаат во своето срце, очистено преку постојаното покајание и воздржание. Потем, повторно ги вознесуваат своите молитви за спасение на сиот тешко измачен свет.
Како што запишал во своите Молитвени Дневници, еден од најимпозантните Светогорски старци на XX век, старец Теодосиј:  Во срцето завладеа длабок мир, смирение на спознавањето на сопствената духовна беда и тага од товарот на сопствените гревови, а таа тага потоа преминува во радоснотворна тага по Бога…, за потоа пак да запише:...гледајќи го овој наш современ живот, да имаме плач за себе и за својот ближен.
Од тука, Градината на Света Богородица, со векови го привлекува вниманието на многу, верници, атеисти, чесни и безчесни, сиромашни и богати, авантуристи и семејни луѓе, истражувачи, па и оние кои потонале во рамнодушноста од овој свет и повторно го бараат вистинското оживување, преку поклонението во единствената монашка држава.
Богородичниот Перивој, како што поинаку ја нарекуваат Света Гора Атонска, е зеницата во недременото око на Православниот свет. Таа е ретко виден културен и цивилизациски феномен чии димензии се ем Небесни, ем космички. Токму со својата повеќеслојна духовна и историска содржина, таа моќно го привлече моето внимание. Света Гора Атонска е феномен за чие истражување, како што веќе рековме се бара времето од неколку човечки животи. Во оваа дипломска работа, ќе се обидам накратко да го разгледам феноменот Света Гора Атонска.

 (Продолжува)

 Stefche.3naoganje.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ , 2011

ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работа  на ѓакон  Васко Голабоски      

На тема:СВЕТА ГОРА АТОНСКА ИСТОРИЈА И ЖИВОТ

 Ментор:
 о. д-р Стефан Санџакоски

 

СОДРЖИНА:

I. Предговор ................................................................. .....................1
II. Кратка историја на монаштвото на Света Гора Атонска ................................. .3
III. Карактеристиките на Атонското монаштво (монашки живот на Атон) ............... .13
IV. Духовни и теолошки постигнувања на Света Гора Атонска ............................ 22
V. Заклучок .................................................................. ...................30
VI. Библиографија ........................................................ .....................32
VII. Содржина ................................................................ ...................33

 

 Stefche.3naoganje.jpg

(Од одбраната на дипломскиот труд на г. Васко Голабоски)

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3036
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2361
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…