логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


bogorodica.k.dol.jpg

Атос од секогаш била планина која восхитувала. Секогаш пребивајќи над облаците, таа со својата височина царува над морето и од нејзиниот врв јасно се гледа Македонија, Тракија, Тесалија, дури и Константинопол и Атина. Мнозина се восхитувале и мнозина го посакувале ова место.

Динократис, еден од архитектите на Александар Велики, предложил целата планина да ја претвори во огромен споменик на Александар, од чии раце ќе течат двете реки и ќе се влеваат во морето. Но, Александар, на некој начин пророчки, го одбил и му рекол: -„Да и го оставиме на планината нејзиниот мир.“

Во времето кога светиот и благочестив император Константин, првиот меѓу богољубивите цареви на Ромеите, го барал местото да ги положи темелите на новиот Рим, поминал и во Македонија. Заедно со своите архитекти, учители и стратези пристигнал на Халкидик, каде неговото внимание го задржал токму третиот крак – Атос. Сите се сложиле дека ова место е најподобно за новиот град. Но, на тоа се спротивставил епископот на Атос, кој, просветен од Бога, на царот му рекол: -„Благочестив и државен Цару, доколку им веруваш на моите зборови, ќе најдеш едно подобро место, каде можеш да го изградиш твојот град и ќе бидеш согласен со мене дека тоа е местото на кое треба да се утврди твоето богохрането царство, кое ќе царува со Истокот и Западот.“

Императорот одлучил да го послуша стариот епископ и, според неговите упатства, заминал кон Византион, малечкото гратче на Артемида. Восхитен од полуостровот, кој ги поврзува Европа и Азија, Западот и Истокот, царот не размислувал долго за да донесе одлука. Составил голем празник и ги положил темелите на новиот град – Константинопол, Царицата на градовите. На црвеното знаме на Византион, покрај белата полумесечина на Артемида, тој дал да се навезе и осмокрака ѕвезда, во чест на Пресвета Богородица, на која и го предал градот.

Сакајќи да го награди за добриот совет, царот Константин се вратил кај епископот на Атос, давајќи му да одбере со што сака да биде награден. Мудриот старец му одговорил: -„Набожен Цару, оваа Гора е света, а во последните времиња мнозина љубители на осаменички и подвижнички живот почнаа да се населуваат, славејќи Го Бога секојдневно. Ти, бидејќи си цар, имаш секаква власт над луѓето, кои ти се покорни. Дај наредба и исели ги овие луѓе, кои живеат по околните села што се останати овде и дај им земја за да живеат на друго место, а планината да му ја предадеме на Бога и Неговата света Мајка.“ Царот се исплашил од оваа работа, но дал ветување на епископ и морал да го одржи. Тој испратил бродови, кои ги однеле жителите на Атос дури до Пелопонисос, каде се уште живеат, во областа наречена Цаконија и имаат сопствен дијалект, различен од сите други елински дијалекти во околината. Со тоа, монаштвото започнало слободно и мирно да расте на оваа Гора, каде ништо светско повеќе не влегувало, ниту се допирало. Гората станала небесна земја, место на живеење на ангели во тело.

Така, светиот император Константин ја изорал градината Богородична, која наскоро почнала да дава многу и изобилни плодови. На тој начин се исполнило Божјото ветување кон Пресветата Владичица: -„Нека биде ова место твое наследство и градина твоја и рај и пристаниште за оние кои сакаат да се спасат!“ И навистина, Градината на Богородица до денес расте прекрасни миомирисни цветови – преподобни монаси, кои се молат за целиот свет.

 

Според кажувањата на отец Атанасиј Симонопетриец

 

 

Подгорви: Антониј Лазески

Извор: http://romaia.blog.mk/

 

Ноември  2010

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4519
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3797
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…