логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

монах Јосиф Дионисијатски

Откако ќе ја сослушаше исповедта, старецот не остануваше само на разрешување. Чувај се од зло, и прави добро (Пс. 33, 15; 1 Петар 3, 11) вели Давид. Веднаш по простувањето следеа соодветни упатства и лекови. На луѓето што се во брак им го нагласуваше хармоничниот соживот, доброто одгледување на децата, редовната исповед, одењето во црква, Светата Причест, постот според можностите итн. Беше многу строг кон злочинот на абортусот, кој го сметаше за ладнокрвно убиство на незаштитени созданија. Но, и одбегнувањето на раѓање деца исто така го осудуваше како грев, сметајќи ги за недостојни за Света Причест оние коишто ја спречуваа бременоста со технички начини. „Бог знае колку деца ќе даде, и се грижи за сите што ги дава“.
Што се однесува до Здружението за поддршка на многудетните семејства, не само што го благословуваше, туку и го помагаше со обилни прилози, што можат да потврдат членовите на спомнатото здружение.
Блаженопочинатиот старец го сметаше за извор на несреќа и раздор во семејствата нивното оддалечување од Црквата и од Светите Тајни. „Христијанин без одење во црква, без молитва, без исповед, без Света Причест е неоградено лозје, на кое во секој час му е отворена капијата за крадци, т.е. демоните, за да го растурат“.
Некој брат во една прилика му исповедал дека неговата жена, со која има две деца, од ич ништо почнала да се лади спрема него и да го одбегнува, така што се заканувала опасност да се разведе од него. Тој брат слушнал дека некој од завист кон нив им направил магија, и тоа со цел да му ја земе жената. Тој во недоумение праша:
- Дали постојат, старче, магии и може ли да нанесат толку зло?
- Дали постојат? Уште како постојат. Но, врз кого делуваат? Делуваат кај оние кои искушението ќе ги најде голи, без оружје.
- Значи, старче?
- Гол е оној кој нема врска со Црквата, а невооружен е христијанинот кој нема допир со Христос и Светите Тајни, молитвата, исповедта, Светата Причест. Прочитај го житието на свети Кипријан, ако сакаш да видиш како тој голем маг се понизил пред едно девојче Јустина. Кога сфатил дека магиите немаат влијание на христијаните, се одрекол и од сатаната и од магиите. Станал христијанин, и тоа толку ревносен што заедно со Јустина пострадал за верата Христова.
Фактот дека твојата жена сè уште не одлучила да те напушти значи дека не сте сосема без оружје. Но, за да се избавите од тоа искушение, потребен е поголем подвиг. Дај ми го името на твојата жена. Посебно ќе ја спомнувам на литургиите и ќе се молам на бројаница секој ден. Само од тебе барам повеќе. Ќе се молиш и за себе и за својата жена, и редовно да се причестуваш. Доколку твојата жена почне да те поддржува, готово е, ја придоби. Во спротивно, барај долготрпение од Господ, додека Он Самиот не ја исправи. Кажи ми, дали ги држиш постовите на Црквата?
- Ех, ги држам по малку.
- И тоа малку да го зголемиш. Можеш ли во среда и петок да постиш без масло?
- Е, старче, не знам, оти работам малку потешка работа.
- Кога би ти го кажал нашето правило, ќе сфатиш дека ние овде работиме повеќе. Нека биде: ако не можеш, пости макар со масло, не повеќе. Меѓутоа, кога се причестуваш, во петок немој да јадеш со масло, и да се причестуваш најмалку на секои петнаесет-дваесет дена. Кога би можел, ќе ти кажев и почесто. Ние тука се причестуваме три-четири пати неделно.
Старецот, како во гореспоменатиот случај, им помагаше на многу семејства да не се разведат и со своите едноставни, но мудри совети воспоставуваше едносмислие (слога), спокојство и взаемна љубов.
Некој друг човек му кажа на старецот:
- Свет старче, не знам ни самиот што ми се случува. Ја засакав својата жена и се оженив со неа. Во почетокот нашиот живот беше рај. Но, сега, не знам што ме фати, не можам да ја гледам. Отпор, антипатија, зло. Кога ќе ме погледне, се чувствувам како да го гледам непријателот пред себе. Мојот живот е пекол. Што да правам? Да се разведам?
- Да се разведеш? Дали ти тоа сериозно зборуваш? Дали си при себе? Не ли разбра, дете мое, дека бракот е една од седумте Свети Тајни на нашата Црква? Знаеш ли дека си ветил дека заедно ќе го носите теретот на бракот пред Бог до смртта? Ти бракот го сфаќаш бунтовнички.
- Добро старче, зошто толку други луѓе секој ден се разведуваат?
- Е, значи, ако повеќето полудат и се откажат од својата вера ќе кажеме: тоа е мода. Треба ли и ние да ја следиме модата? Т.е. ако светот одлучил да оди во пекол со таа мода, треба ли и ние по секоја цена да одиме со него во пеколот? Ти велиш дека твојот живот е сега пекол. Ако отидеш во оној страшен вечен пекол кој ги согорува блудниците, прељубодејците и оние кои го погазија бракот, каква полза?
- Па што да правам, отец?
- Зарем не разбра дека тоа што ти се случува е чист сатана со рогови? Си оставил некој отворен прозорец и тој влегол внатре.
Откако старецот му даде соодветни упатства и лекови, појде да го испрати и тогаш му рече:
- Сакам набргу повторно да дојдеш да те видам. До тогаш секој ден ќе ве спомнувам, тебе и твојата жена, и ќе вртам бројаница.
Бидејќи овој млад човек ги послуша упатствата, и со содејство на молитвите на Старецот, не задоцни набргу да се врати и да му објави радосна вест, дека осетил како нешто, како некој облак, кој го обвил, да си заминува од него. Од тогаш повторно се врати онаа прва љубов и почит кон сопругата.

 

Извор: ПРЕМИН

бр. 53-54

 Посети:{moshits}



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная