логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 

 

Поречкиот Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“ се наоѓа над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод, во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа. На иницијатива на поп Костадин од селото Грешница, селаните го испратиле поп Димитрија во Цариград да побара одобрение од султанот за повторна изградба на манастирот. Со дозвола на султанот, месното население, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година. Потоа е отворено и првото училиште во овој крај во кое доаѓале ученици од повеќе поречки села. Учители биле црковните свештеници. Манастирот станал културен центар во овој крај.

Од тој период е конакот што се наоѓа на југоисточната страна, тој на јужната страна е изграден во почетокот на ХХ век, додека на 22 јули 2007 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Струмички г. Наум, се освети новоизградениот конак, кој се наоѓа на источната страна.

 

 

 

Настојател на манастирот е монахот Бенедикт Божиноски.

Манастирот бил значаен духовен и книжевен црковен центар во минатото. Најновите научни истражувања сведочат дека овој манастир не е од 19-ти век, како што досега се мислеше, туку тој датира од 12-от век, ако не и порано. Историчарот Иван Снегаров, запишал дека „нема никакви сведоштва за времето кога бил основан, но селото Манастирец, како и соседното село Калуѓерец, кои постоеле во 14-от век, говорат за неговата ста­рост“.Не може селото да се викало Манастирец, а да немало претходно манастир, ниту Калуѓерец, а да немало калуѓери.

Со последните истражувања во црквата откриена е фреска што претставува исклучително историско уметничко откритие што ќе го збогати фондот за споменици од средновековната византиска уметност во Македонија и на Балканот. Последните истражувања на манастирската црква во текот на отстранувањето на малтерот од страничните ѕидови на внатрешноста на храмот, нанесен врз оригиналниот фрескоживопис ослободи и изнесе на виделина една од најимпресивните зачувани композиции – фреската на „Страшниот суд“ која го зафаќа целиот претпростор на наосот или „припратата“. Според историчарите на уметноста, нема зачувани примери во Македонија за постоење на вака расположена повеќеслојна ескатолошка тема од монументални размери, „раскажана“ на три ѕида во задниот дел на храмот. Западниот ѕид е посветен на воскреснувањето на праведните, со персонификациите на морето на јужната и на земјата на северната страна од влезот во придружба на морска и земјена фауна, кои ги враќаат умрените. На јужниот ѕид е прикажана немирната атмосфера на пеколот поделена во рамки, а на северниот, блажеството и мирот на рајот од кој е зачуван ликот на праведен Аврам. Претставата на Страшниот суд во западниот дел на манастирската црква претставува силен печат на догмата за второто доаѓање на Христос на земјата, на патиштата на праведните и казните што ќе ги стигнат престапниците и неверните во страшниот суд. Според Републичкиот завод за заштита на спомениците, тука се најдени фрески кои потекнуваат од 11 до 13 век, што ги побива фактите дека црквата е изградена на нови темели од 19 век.

 Автор; Никола Алексоски

ПОВЕЌЕ

 

 

Извор: 

 eXploring Macedonia

23-ти март, лето Господово 2014



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2680
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1846
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…