логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


makrina.berovo.jpgВо Македонија власта се најде во рацете на Лагата, без оглед на идеолошкиот предзнак. И позицијата и опозицијата се варат во истиот казан на каприциозните бенчмаркови, оптоварени со меѓународната надмоќ на грчкото вето. Тоа е што се однесува до јавната политичка сцена. На теренот е уште полошо
      Можеби еден од основните белези на тинејџерството е аполитичноста. За нас коишто младоста ни се случуваше некаде во осумдесеттите години на минатиот век, значеше заплиснување од т.н. нов бран, кој требаше да биде еден вид сублимација на сите движења што во тој период заминуваа во историјата, со посебен акцент на хипи, односно панк-движењето. Не дека сме биле политички неосвестени, туку општеството беше така структурирано и систематизирано, што за политиката имавме некаква бледа претстава дека е тупаџиска работа, продолжен и до бескрај бесмислен час по марксизам, а со неа се занимаваа чудно сериозни, различни од повеќетемина и, пред сé, здодевни типови. Истовремено тие беа далеку, во некои собраниски сали каде што гласаа закони коишто немаа никакви допирни точки со нашиот реален живот... Тие типови беа совршено индоктринирани во тајните на социјализмот и колку-толку упатени во црните сценарија за можниот распад на СФРЈ... Она што нас сепак нé правеше зоон политикони беа рокенролот, уметноста, како и култот кон одреден тип собирни центри во градот, коишто некогаш имаа облик на кафулиња, некогаш чајџилници, некогаш универзални сали и сл. Домот на младите на кејот на Вардар со својата денсинг-сала на катот и кино(театар)салата на приземје беа зборно место за добивање информации од светот на филмот, музиката, сликарството... Политика немаше ни како далечно навестување, ни фатаморгана, ни бледа сенка, ни.... Наспроти овој рокенролашки мејнстрим, кој освен што ја задоволуваше жедта за бунт, и имаше каков таков едукативен набој во основата, во градот од една страна стануваше сé позасилен бранот на наркоманијата и алкохоличарењето, коишто беа само продолжена рака на младешката потреба од слобода, и бидејќи не „за“ туку „од“ - завршуваа во некакви сомнителни анархоидни, лишени од смисла експерименти за чијшто исход наеднаш никој не можеше да гарантира – луѓето умираа млади, недооформени, неизживеани и нереализирани. Од друга страна, крајноста наречена спиритуален опит - по фисклутурните сали почнаа да се одржуваат часови по јога, и низ градот, поточно во неговите подземни вежбалишта да се шират идеите за здрав живот, коишто на крајот завршуваа со оние миниинтензивни курсеви за просветлување, во кои младите, наивни и жедни за дух зоон политикони завршуваа со црвени точки на челата убедени дека се лансирани директно од утробата на Агарта, само за потребите на богатите а необработени полиња во северната македонска провинција околу Скопје. И конечно, кога во почетокот на 1990-тите Балканскиот Полуостров сосема полуде и за кратко време со амин на Си-ен-ен и други инфоагенции во светот стана масовен полигон за етнички чистења, во македонската оаза на мирот од пепелта на штотуку погребаниот сојуз се роди политичка сцена што понуди можност за повеќе (политички) опции. Сите се сеќаваме на изјавата на авангардниот култен пејач на скопската група „Архангел“, во првата половина на 1990-тите: Доаѓа време на политика! Оној што сака да се нафатира, нека влегува!

Целата таа декада беше страшен лов во матно. Нашиот сон за независна држава се распрсна уште втората – трета година од колективниот кошмар, уредно заведен во архивата на Организацијата на Обединетите нации во вид на привремена референца. Делот од називот „обединети“ уште повеќе ја засилува ироничноста на нашата необединетост како судбина, крст или што и да е... Обединети нации наспроти една необединета нација... Ова темпирање, или дијагнозата ФИРОМ, беше само обезбедување подлога за темелно, сеопфатно и неповратно корумпирање на сите сегменти на политичкиот живот на младата сцена. Исфрустрираните политичари (заради соочувањето со сопствената политичка немоќ пред се на меѓународен план) наоѓаат утеха во корупцијата - идеолошкиот метеж создава тампон-зони во социјалниот и економски живот на измореното и излажано општество, во кои со вообичаена протоколарна прецизност започнува да тече процесот на приватизација, карактеристична за сите постсоцијалистички земји. Во Македонија, власта се најде во рацете на Лагата, без оглед на идеолошкиот предзнак. И позицијата и опозицијата се варат во истиот казан на каприциозните бенчмаркови, оптоварени со меѓународната надмоќ на грчкото вето. Тоа е што се однесува до јавната политичка сцена. На теренот е уште полошо. Добро им е само на оние што имаат пристап до ИПА-фондовите, а имаат пристап затоа што знаат да ги пополнат формуларите. Усвојувајќи ја оваа вештина, зоон политиконот е еднаш подмитен, засекогаш подмитен. Ако е на позиција, ќе ве тапка по грбот и ќе ве бодри да не кревате врева, а ако е во опозиција ќе вреска за да биде замолчен, бидејќи во суштина, тој е само гладен за уште подмитување.

Политиката како проект пропадна. Најмногу заради замката на коруптибилноста што се крие во нејзините пазуви и претставува испит на зрелоста на секој поединец кој ќе се најде во близина.

Излез? Ги има многу, но најпрво треба да се исполнат некои неопходни предуслови (!), во согласност со меѓународните стандарди. Секогаш постои избор, а (познанието на) Вистината го прави изборот слободен од принуда од каков било вид...      

Извор: Нова Македонија

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3414
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…