логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


УСТАВ НА СЛОБОДНОТО МИСЛЕЊЕ

Камбаните биеја и кога беше прогласена независноста на Р. Македонија, и кога со надеж за промена на општественото уредување преку т.н. транзиција дека ќе оствариме поголема слобода, просперитет и интеграција со остантите демократски земји. Во таа, насока и МПЦ сметаше дека со плурализмот кој стапи во 1990 година ќе биде исправена историската неправда од минатиот систем кога 1953 година беше отстранета веронауката од училиштата во Македонија, идентично како што се случи скоро во сите поранешни земји од источниот социјалистички блок. Денес, по дваесет години декларирана демократија,  осамна насловот „Камбаните ќе бијат по уставниот поредок„ значи камбаните се опасното оружје со кое го напаѓаме уставниот поредок и тоа на нашата држава, слава му на Бог ако со камбани се бие битка, ниеден човечки живот нема да биде изгубен, за разлика од периодот кога во рушење на уставниот поредок се тргна со насилство и оружје и многу жртви, но тоа според балканската логика може и да се голтне и се голтна со промени во Уставот, редефинирање на државното уредување кое не  сакаме да си го признаеме, и на крај што е најтрагично со многу изгубени човечки животи, трауми и рани кои сеуште се лечат, а некои и ќе останат, но тоа го прифативме сите во насока на мирот и просперитетот што го нуди овој свет. Сега останува дека барем за критика на веронауката сите „го јадеме лебот„.  Кога треба да си го изразиме своето мислење тогаш сме биеле со камбани по уставниот предок, сме правеле хајка, сме фрлале анатеми, сме делеле стручни упатства, квазивистини итн. Едно е сигурно, ако некој се нашол повреден заради искажувње на определен став од друг, според слободното уверување, а потоа од позиција на недопирлив се пронашол во тие заклучоци му се извинуваме и бараме прошка од него. Во животот се донесуваат тешки одлуки без разлика на која позицијата сме, што поголема позиција, тоа поголема одговорност, а потклекнување пред некои изјави и написи или нарекувани упатства кои се израз на слобода на мислење и говор е навистина несериозна работа, ако се впуштаме во дебата, барем да користиме аргументи, но тоа кај нас е заборавена категорија. А, сега да се вратиме како што вели една наша универзитетска професорка, на основните начела. Но, сметам дека правото на слободно мислење и правото на слобода на говор е основно демократско право и начело, белким нели за тоа го сменија уредувањето сите социјалистички земји по падот на Берлинскиот ѕид, за плурализам во мислењата, за поголема слобода според сите стандарди на едно демократско општество, а и просто знаеме дека човекот слободен излегува од мајчината утроба, ако веќе не веруваат дека од Бога ни е дарувана полна слобода во смисла на животот. Уставниот суд бил и е независна уставна институција и  не смеел и не води сметка за расположението на јавното мислење, не се води од чувства и исклучиво се владее од словото и од духот на Уставот како гаранција за недопирливост и независност. Уставниот суд според ваква дефиниција е во состојба на правна „нирвана„ што му ја обезбедува Уставот. Но, ова сеуште не значи дека му се дава право не дај Боже да ја забрани слободата на говор и мислење, а одозгора и тоа да се толкува како хајка, фрлање анатеми, нарекување ленинисти, комунисти /патем, тоа во она што го изјавиле луѓе од Црквата никаде не посочено со тие зборови/ или не знам што, таа нели по дефиниција тоа е сериозна уставна институција која не се раководи според чувства, располежение на јавно мислење, туку исклучиво според словото и духот на Уставот и затоа не треба и емотивно да биде погодена од написи и размислувања како израз на слободно мислење. 

Прво, како христијани и како граѓани на оваа држава сме должни да ги почитуваме и Уставот и законите, и тоа сме го правеле и ќе го правиме. Но, тоа не значи дека ни е забрането да не согласуваме со одлуката и по неа да не го кажеме нашето мислење, ако е забрането тогаш имаме проблем со изразување на слободата како граѓани.

Второ, не верувам дека било кој вероучител насилно ќе влезе во училиште и дека ќе ја бојкотира одлуката на Уставниот суд, исто така верувам дека ниту Црквата ќе го направи тоа во таа и таква насока. Впрочем, луѓе се работи за нашата држава. Но, ова никаде не не обврзува дека треба да престанеме со барањето за одржување на настава по веронаука во училиштата со  мирни и демократски средства и преку институциите на државата. Исто така, не не обврзува да не изразиме мислење и став по тоа прашање или одлука во согласност со демократското право за слободно изразување. Сме немале правна култура, па добро што правеа тие правни експерти катадневно изминативе 20 години што се појавуваа постојано на малите екрани, конференции, семинари, обуки, предавања, колумни, експертизи, дебати, дијалози, монолози итн. или немаа време за воспоставување на правна култура бидејќи беа зафатени со тезгарење по политичките партии, пратенички клупи, разни тела и одбори, фондации, лоби групи, и други органиизации, па така одвереме навреме ќе залепат некоја правна етикета и дефиниција дека немаме правна култура со тоа што изразуваме став по одредено прашање, а утре истите ќе ги видиме на плоштад или по медиуми како тие изразуваат слобода на мислење и говор по одредена одлука, а нам ни делат совети за правна култура. Тоа што нив им е дозволено, нам не ни приличело да го правиме. Значи, не е проблемот во отсуството на правната култура, туку во тоа што немаме основа за културно однесување и воспитување. Ако по толку години експертски стаж немаме воспоставено правна култура проблемот се знае каде е, сигурно не е во учениците кои се угледале на своите професори.
 
Коментари и колумни за одбрана на Уставниот суд и стравот од теократија колку сакаш, кој од знаење, кој повеќе од незнаење, дури Гебелс и го припишаа на веронауката и Црквата, што е многу, многу е. Според сите светски статистики, најдобрите реформи во образованиот процес и најдобро организирано образование имаат Ирска и Финска, а и во двете земји во составен дел од образованието е и конфесионалната или класична веронаука во Ирска, и религиската етика во Финска. Значи тие две земји останле секуларни, а и не се теократски. Во САД исто така, постои таа одвоеност на религијата од државата, но знаеме што пишува на позадината на банкнотата од еден долар, знаеме дека новоизбраниот претседател дава заклетва со полжена десна рака на Библијата, а тоа се прави и при давање заклетва на сведоците во судовите, а исто така знаеме дека Светото Писмо-Библијата е најприсутна книга во хотелските соби во САД, па зарем според ова САД се теократска земја, или со нарушен секуларизам. Сето ова никој не го оспорил пред Врховниот суд на САД. Режисерот Мајкл Мур во својот филм знаеме дека ја критикува одлуката на Врховниот суд за изборните резултати во САД 2000 година, тоа е израз на слобода на мислење, изразување и говор како што се подразбира таму, или прави хајка, фрла анатеми, дели упатства и изнесува квазивистини според овдешната логика. Многу е неумесно кога некој со перо в рака на оној на кого му се обраќаа го смета во најмала рака за неписмен, за маса која треба да се обработи или за да му одржи лекција. И една друга работа, оние кој ја спротиставуваат веронауката на науката и науката на веронауката не знам од кој причини го прават тоа, ако на најголемите светски научници од време тоа не им пречело, или ако не им пречи на учениците од Ирска и Финска кој најмногу извезуваат ум во светски рамки, како тоа само во нашите експертизи и коментари познати само на 25.713 км² тоа пречи, па уште се тврди во име на нашите деца дека тоа ќе им внело забуна. Но, жално е што научниците познати надвор од овие граници или не живеат овде или не се занимаваат со политика, исто како и сите познати светски умови. Оној што го спротиставува big beng и теоријата на релативитетот на верата, или верата во однос на ова, нема познавање ни од двете работи, нешто се чуло но не се дочуло па да се каже нешто, се смета дека и глупост може да помине зад звучното име кое сами сме си го поставиле. Науката скептично пристапува при проучувањето на се што не опкружува и со теории за кој ако се изведат докази утврдува за вистинитоста на нештото. Ние пак, прифаќаме со вера, а науката не ни пречи, ниту пак сметаме дека не демантира. Истото е и со вистинската вера која нема скепса, но има љубов за сите и за се, вклучително и науката. Многу  е жално што се говори за образовен процес преку користење на неколу интернационализми и пар улични сленгови заради кои сметаме дека сме се качиле на „Ентерпрајз„ и дека сме на врвот од каде ќе засолуваме памет со еден куп неаргументирани фрази, а да се занемари она што значи образ. Воспитниот процес се занемари, бидејќи нели правењето пари во стилот целта ги оправдува средствата во глобалната конкуренција е се, хранењето со доблестите и вредностите кои не приведуваат кон вечноста се заменети со храната на потрошувачкото општество каде секогаш недостасува нешто повеќе. Точно е дека и независно од верата човекот е добар или лош односно не значи дека човек ако е верник ќе биде добар, или ако не верува дека ќе биде лош, но првиот ќе ја има верата за мерило односно Христос како мерка за тоа колку е добар или лош, а вториот ќе ја има совеста, која Бог ја всадил во секој човек, како што вели св. апостол Павле. Барем како православни знаеме дека Божјата држава или град за кој пишуваше Тертулијан,, односно блажени Августин во своето дело не е од овој свет, ние не стремиме да ја воспоставиме по пат на власт или закони овде на земјата, туку преку нашиот подвиг на покајание во Христа, овде и сега во Црквата преку Светата Литургија со причестувањето ја предвкусуваме, но и ја очекуваме полнотата на нашиот живот, обожувањето и единството со Бог во Царството Божјо. Библиската земја не е само споменувањето во Светото Писмо,  или земјата каде се извршиле спасителните дела за нас, или земјата во која сме ја примиле благата вест за Царството Божјо, а најмалку не е проста фраза искажана во поткрепа на културен настан, туку тоа е за нас е Небесниот Ерусалим, како цел на нашата пасха приготвена од Христос преку Воскресението, нашиот премин од смрт во живот. Божјата држава во библиската земја се пројавува во Евхаристијата на Црквата, и не се воведува со закони и Устав сакајќи некој тоа „метафорично„ да го прикаже во контекст на веронауката во училиштата. Исповедтта и покајнието не не ослободуваат од одговорноста за нашите постапки, ниту се нашиот билет за во рајот, туку напротив не соочуваат со одговорноста, не насочуваат кон смирението, и ги преиспитуваат нашите постапки и нашиот однос кон ближниот, а љубовта кон ближниот е нашиот „билет„ кон вечниот живот. Ако кажувањето на Оче наш за некого е проблем, или е мантрање и во таа насока општење со Бог, да знаат само информативно дека ние не се занимаваме со спиритуализам, туку градиме личен однос Бога, а личниот однос подразбира и разговор. Но, ако станувањето на учениците кога ќе влезе предметниот наставник е израз на почит, а потоа поминуваат неколку минути за да се смири атмосферата за одржување на часот, барем со едно кажување на Оче наш имаме веќе смирена атмосфера за одвивање на часот и не губиме време во надвикување, значи чиста педагогија во контекст на часот.

Одвоеноста на Црквата и државата како што некој истакнуваат дека се случило во 19 век заради што поголема еманципација на севкупното општество и модерниот свет, се случило во Франција 1783 година, со револуцијата насочена против феудалната класа меѓу која била вброена и западната црква. Значи со револуција во крв се прокламираат братството, еднаквоста и слободата. Таквото братство понатаму го роди национализмот кој донесе две светски војни, еднаквоста донесе експлотација со машински методи и проширување на колонијалното владеење, а слободата во голема мера зависише од интересите на помоќните кои имаат влијание. Зарем општеството во свое време не беше модерно кога за црквата со своите дела твореа Да Винчи, Микеланџело, Медичи, или Монтесори и Песталоци на педагошки план. Тоа беше на запад, а во исто време кај нас се монахот Јаков кој ја носи првата печатена книга од Венеција, и монахот Храбар /Црноризец/, и јеромонахот Кирил Пејчиновиќ и архимандритот Теодосиј Синајски со својата печатница, а потоа на нив се накалемуваат почетоци на образованието во градовите со црковно-училишните општини каде се и Џинот, Прличев, Миладинови итн. Толку ли се возгордеавме, па сега забораваме.

За крај, и сто пати повторента лага за нас христијаните е лага, бидејќи знаеме кој е татко на лагата и нема да се служиме со тие методи за да го искажеме нашето мислење. Нас не интересира Вистината која за нас не е нешто, туку Некој, Христос Богочовекот.

П.С. Ирска со веронаука не стана теократска и не си ја загрози секуларноста, Финска исто така, САД со вербата во Бог и заколнувањето над Библијата истото. Чудна коинциденција на овие примери со состојбите на политичко-интегративен план за Македонија кои зависат од мислењето на Ирец, Финец и Американец.


Авторот е човек

Посети: {moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5812
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6629
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5610
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная