логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


И како што Воскресението не е само еден историски настан, кој се случил пред скоро две илјади години, туку една реалност, која постојано се живее за нас христијаните и се пројавува на секоја Божествена Литургија, така и предавството, страдањето не се само историски настани, Христос постојано се предава и распнува. Се предаде и распна и во минатата среда

Христос Воскресна! Навистина Воскресна, и со тоа на сите нам ни даде можност за воскресение и живот вечен. Секој од нас да се врати онаму од каде што нашиот прародител Адам беше оправдано прогонет по гревопадот, но секој од нас не само да се врати, туку да го наследи и она што Адам требаше да го постигне, обожавањето на човечката природа и совршенството што ни е дадено во Христа. Во Христос е смислата на христијанскиот подвиг во светот и суштината на животот воопшто, можноста за живот вечен во Царството небесно и насладувањето со светлината од лицето Божјо. Ако нема Воскресение, ако нема живот вечен, која е целта на нашето постоење на земјата? Која е смислата на секое воздржување на христијаните почнувајќи од постот, до подвигот на исполнување на Божјите заповеди, до трудењето да се живее во тој подвиг и морално, и на крај смислата на вртењето на другот образ?

Но, колкумина од нас навистина веруваат во Воскресението и колкумина од нас знаат зошто се празнува празникот на животот, Воскресението Христово, Велигден? Повеќето од нас го празнуваат овој празник без притоа да веруваат во Воскресението, зашто веруваат во тоа дека никој не се вратил од таму за да ни потврди дека има живот по смртта. А, христијанското сфаќање на смртта не е во помирувањето со неа, туку во борбата со неа, во победата над неа која за нас ја извојува Христос, а во Него ќе ја извојуваме и ние. Па, кога ќе им се одговори дека Христос е тој што се вратил и ни потврдил, и покрај тоа што се декларираат како христијани ќе мавнат со рака отфрлајќи го тоа како евтина приказна. И за очекување е. Во Воскресението Христово не поверувале ни очевидци, а не да поверуваат христијани од толкава временска дистанца. Но, не е проблем временската оддалеченост, туку отвореноста на нашите срца.

За да се поверува во Христовото Воскресение треба да се верува и да се учествува и во Неговото раѓање, во Неговата мисија на земјата, во Неговата проповед, во Неговите чуда, но и во Неговите страдања, во Неговата крсна смрт и погребение.

Во минатата недела го споменав празникот Цветници и напоменав дека влегувањето на Христа во Ерусалим беше Негово доброволно излегување на страдање. И затоа во аскетската литература оваа недела е позната под името страсна или недела на страдањата Христови. Во оваа страсна седмица, Христос е предаден, фатен, осуден, исмеан, исплукан, измачен, распнат, вкусил телесна смрт, бил положен во гробот, но по три дни славно Воскресна. Тоа и секој од нас христијаните треба да биде подготвен да го вкуси. Затоа е позната аскетската мисла дека само преку Крстот се стигнува до Воскресение.И како што Воскресението не е само еден историски настан, кој се случил пред скоро две илјади години, туку една реалност, која постојано се живее за нас христијаните и се пројавува на секоја Божествена Литургија, така и предавството, страдањето не се само историски настани, Христос постојано се предава и распнува.

Се предаде и распна и минатата среда. Каква коинциденција повторно, во страсната седмица, пред крај на учебната година, како да беше тоа најитната одлука што требаше да се донесе. Но, за нас христијаните ова беше извесно, похристијанска страсна седмица не можевме ни да замислиме. И зошто токму сега? Можеби некој стравуваше од резултатите од воведувањето на веронауката во образовниот систем па побрза да го направи тоа, и резултатите никогаш да не видат бел ден или знаеше дека постите се денови на воздржување и сходно на тоа очекуваше да не реагираме ние верниците, барем не бурно, или некој сакал некому преку тоа да му испрати порака...

Но, што и да имал некој на ум, важно Уставот се спроведе, веронауката падна на Уставен суд, ќе се укине нејзиното изучување. А штета, ако ништо друго децата барем ќе научеа да разликуваат дипломирани теолози без разлика дали се од христијанска или од муслиманска вероисповед од попови и оџи, за разлика од некои либерали, кои никако да ја воочат таа разлика, па упорно и во своите триумфални изјави дека им поминала тужбата позитивно побрзаа да се пофалат дека сега поповите и оџите ќе летаат од училиштата. А, поповите и оџите никогаш не ни влегоа во училиштата да ја предаваат веронауката. Ама изгледа ни овие ригидниве ни либерали не влегле во училиштата да видат кој тоа предава веронаука, зашто ако влезеа ќе забележеа дека барем половината од вероучителите се од женски род, а и најголемите атеисти и неинформираните обични луѓе мислам дека знаат, женски не можат да бидат ни попови ни оџи. Ама во либералните размислувања се' е можно, па најверојатно и ова.

Жал ми е за веронауката, но не толку колку што ми е мака дека сега ќе нема за што да се зафаќаат секуларниве либерал-демократи и оние што ги поддржаа, и во недостиг од умни идеи да не ни исчезнат од политичкава сцена. Зашто вака ајде искрено да си споменеме, за што друго се огласиле? А, да, стојат зад граѓанската иницијатива за преиспитување на одлуката за изградба на храм на плоштад. Додуша тоа е демек граѓанска иницијатива, но нели зад иницијативата стои името на госпоѓата што беше нивни кандидат за градоначалник на Скопје. Но, што е сигурно, сигурно е. Кога победуваш не си луд да менуваш тактика. Добија битка, па изгледа сега мислат дека и целата „војна“ ќе ја добијат, само не знам за кого и од чие име се борат, иако од аскетски поглед извесно е на чија страна се, но и така тоа ништо не им значи бидејќи се зафатени со решавање сериозни политички проблеми, меѓу кои главен е веронауката.Но, доста се заморувам со нив нека ми простат, зашто не знам дали ним да им се лутам што работат или нам самите (тука мислам и на МПЦ

и на ИВЗ) да се лутам, што не работиме? Затоа што не сме успеале да направиме личен контакт со оние девет члена на Уставниот суд и да се обидеме секому лично да му објасниме дека не попови и оџи ја предаваат веронауката како што подносителите на тужбата го образложуваат тоа и да им објасниме кои би биле придобивките од нејзиното изучување како и тоа дека не ни е идејата да го прекршуваме Уставот со тоа или да направиме религиозна нетолеранција, туку спротивното, да создадеме морални личности што ќе ги следат зборовите Христови дека царевото треба да му се даде на царот, а Божјото на Бога, и кои почитувајќи ја сопствената вера, ќе знаат да ја почитуваат и другата. Придобивка плус ќе ни беше што ќе го знаевме ставот на секој еден од судиите по ова прашање, а и нивниот став за верата воопшто, па тогаш со право ќе можевме да ги етикетираме дали како атеисти или антитеисти или како верници зависно од нивниот став. Вака ќе си навлечеме само грев повеќе со претпоставките од кои побуди ја донеле одлуката и кој како гласал.

Како и да е, сигурно си ја знаат работата и си ја работат и за тоа немаме право да се лутиме. Ама јас лично за една друга работа им се лутам. Па како можеа, та така ни ја тутнаа одлуката во неработни денови за нас, и сега ние треба да работиме да докажуваме дека тие не се во право и да бараме чаре како и каде да се жалиме, а тие, спротивно, на секуларниот карактер на државата откако си завршија работа си отидоа дома да уживаат во благодатта од неработните денови поврзани со еден верски празник, а сето тоа во една сериозна секуларна држава.Нема потреба од лутење, Христос Воскресна за сите и за се', и за нас и за нив!

Митрополит Европски Пимен

 Извор: Дневник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5829
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6641
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6433
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5625
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная