логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 B.zadushnic2.jpg

 Љубете ги непријателите свои


“Сте слушнале дека е кажано: љуби го својот ближен и мрази го непријателот. А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Отец небесен, зошто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните. Оти ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците? И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? Но, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.”  (Матеј 5, 43-48)   

Капките дожд не прскаа подеднакво и мене и него, и не помислувајќи да селектираат кому тоа ќе го сторат пообилно или од некого да се дистанцираат. Бог одлучил својот благослов да го понуди пред секоја порта, а да го остави само на оние кои ќе отворат со широка насмевка. Доволно сум скрушен за да не се издигнам и не се прашувам зошто сонцето го топли и оној лошиот исто колку и мене. И доволно сум грешен за да не се чудам дека слушнав тропот и на портата и на неправедникот исто како и на мојата. Лош ли сум и неправеден што ги добив истите права? Во моментов тоа е најмалку важно бидејќи осознав дека љубовта е многу повеќе од бакнежи во низа и дека Бог ја има за сите.
Не советувале да го љубиме својот ближен и мразиме непријателот. Да се затвориме во окното на семејството и ограничен круг на пријатели и тие да бидат објект на нашата љубов. Да се накострешиме кон конкурентите, синот со кој се гледаме во судницата, соседот со кој си ја парчиме нивата, мажот кој ни ја однел жената, управителите кои ни ја приближуваат бездната, свештениците кои ни ја поматија верата, штрковите кои не оставија до пролетта ... Останало многу малку да се љуби и многу многу да се мрази.
Но, Тој ни рече да ги љубиме непријателите свои. Кога ќе го прочитав овој збор секогаш се прашував како. Дали тоа треба да се направи со затворени очи и себична полуотворена прегратка, лицемерно наместена маска и стиснати заби од кои едвај се тркалаат сиромашно срдечни букви? Сигурно не и сигурно е можно кога ќе се погледне подлабоко во непријателот и се види срце дезориентирано како и моето, и се сфати дека и двата сме дел од планот на Мамона. А потоа се погледне погоре во она што треба да биде образ Божји и уште повисоко кон облаците од каде Тој ќе дојде и ќе се израдува кога ќе ги види крстоносците. Многу повеќе причини од една малечка омраза за да го засакам  мојот кутар непријател.
Тој рече да ги благословуваме оние што не колнат. Нека даде Бог да му зацелат рацете да може да дава милостина на оној што ќе ме проколне да си ја скршам ногата. Нека даде Бог да го освежи тивко ветренце додека си ги вади стрелите на лукавиот оној што ќе ме проколне оганот да ме изгори. Нека даде Бог виножито да го расони додека во злото подзаспал оној што ќе ме проколне громот да ме повреди. Нека даде Бог очилата да му прогледаат додека клетви смислува на оној што ќе ме проколне жив да не се вратам од патување.
Тој рече: правете им добро на оние што ве мразат. Ќе одам на прагот негов и ќе му подарам снег, за да ни обелат душите пред да се прегрнеме. Ќе го сретнам на улица и ќе му подадам игла, за да го прободиме балонот на гордоста додека не не подигнал во непознат правец. Ќе го чекам пред самракот да му ги покажам звездите, бидејќи една може да биде и наша. Ќе го чекам во зорите за да му го покажам изгревот бидејќи зад него се наоѓа престолот и харфите.
Тој рече: молете се за оние што ве навредуваат и гонат. Оче наш, Кој си на небесата, те молам грижи се за моите непријатели иако тие го растажуваат често моето срце. Не земај им за зло, бидејќи не знаат што прават. Мислев дека Твојот пат на крстот ќе биде поука за сите, но суетната моќ на отпаднатиот ангел си го прави своето. Овде е студено и темно понекогаш, затоа побрзај да си дојдеме таму каде што со верата видовме. Но, не ги заборавај и нив, моите непријатели, таму сигурно ќе се помириме и ќе се гледаме со насмевки.
А сега малку и за нас. Каква ќе ни биде наградата ако ги љубиме само оние кои не милуваат? Ја љубам мојата сопруга која го сошила копчето од старото палто, моите деца кои ме викаат тато, мојата мајка која ме израснала во утробата, директорот кој ми дава плата, куќата која ме прибира, автомобилот кој ми ги одмора нозете, златото потребно за трампање ...... Сите на некој начин сум ги искористил и зошто би бил награден кога ги љубам? Парадокс или едноставна вистина дека награда не ми следува.
Да бидеме синови на нашиот Отец небесен. Не само скулптури кои се движат побожно, туку Божји деца. Тоа ќе подразбира вишок на љубов која се излева по улиците и го заразува секого во нејзина близина. Дозволува пристап без картичка, лозинка ќе бидат милните очи и нема да се зборува низ кодови полни со иронија. Ќе се простува секому освен себе си и ќе се покае за секој свој тажен поглед. И ќе се обиде да биде совршена како што е совршен нашиот Отец небесен.

 

 

 

Meteori.Dr.jpg

 

  • SP Apostol
  • 13 -ти април, лето Господово 2014

  Друго:

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная