логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  crkva.kvecerina.jpg

 Седма беседа на гората за миротворците


“Блажени се миротворците, зошто тие ќе се наречат синови Божји!”  (Матеј 5, 9)   


Каква леснотија распределил, не дозволува да му попречат ниту цвркотот на птиците, земјотресот во близина, лавот надвор од кафезот, ниту плачот по загубеното богатство. Тоа е мирот, воздушеста материја, невидлива со голо око, кое ја преполнува внатрешноста и се излива како блаженост на лицето. Не се купува, разменува или облекува. Се здобива по благодет и го имаат само оние кои заслужуваат да се наречат синови Божји.
Да се има мир со ближниот свој. Нивата со своите смешни граници не може да се подели еднакво на браќата, една нејзина грутка секогаш ќе превагнува. Креветот на сопружниците ќе биде студен по средината ако тие не разговараат и си бидат завртени со грбовите. Работникот ќе се откаже од својата љубезност кога ќе погледне на плодовите на стопанот набрани со неговата пот. Виното ќе им се закани на луѓето дека од втората чаша па натаму тоа ќе им биде и диктатор и гласноговорник. Блудот ќе го повика родот да се оскрнави и се заборави кои тела требаше да бидат едно. Бунтот ќе остави свои белешки кои прочитани нема да имаат никаква сличност со исконското да се даде и повеќе од половина себе на својот брат, копнежливо да се најде топлината во очите на сопругата, платата да биде доволна за леб насушен полн со мирис на мана, виното да служи за црвенеење на образите, а блудот оставен на инстиктот на животните.

  • Да се има мир со самиот себе си. Наутро сонце да ме буди и да ми раскажува за Творецот. Да сфатам дека сум храм Негов кој нема да го исполнувам со нечистотија. Јас знам дека никакво добро не живее во мене, во моето тело желба за добро има, но не и сила за да го правам тоа. И така го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу и она што не сакам го вршам. Многу поразувачки и недостоинствен јас кој треба одново да се роди. И зошто толку го мразам неговиот начин на извинување кога ќе Го изневери и оправдувањата за тоа, кои повеќе личат на наивна лага на дете уплашено од шлаканицата на неговиот татко. Го мразам и честото повторување на истите грешки скоро во ист интензитет и рок и вчудоневидениот поглед отпосле кој прашува како можело да се случи тоа повторно. Но, немам сила да ја мразам и молитвата на крајот која бара уште малку сила да се победат искушенијата и се остане Исусов до секогаш.

И, да се има мир со Бога. Да се послушаат десет реченици низ животот и бидат и храна и напивка и светлина. Да се исполни секоја нивна цртичка, бидејќи ако во едно се потфрли, исто како се да се погазило. Некои се обидоа, некои го презреа и не се најде совршен да го исполни. Тогаш Милоста го прати Синот кој со сопствената крв ја плати цената за откупот и еве несовршени и непослушни на законот, сепак Божји . . . Ни остана уште малечка должност, повеќе несоница отколку обврска, да веруваме во Синот, во тоа што го сторил за нас и тоа што не очекува. Наредното утро невремето ќе ги скроти своите страсти и ќе ни покажува заби само преку застаклениот прозорец. Внатре ќе нема ни бучава, ни врвулица, ни нешто што ќе предизвика бран на површината. Тоа ќе биде чисто утро, ослободено од сите стеги дека следува некоја апокалипса.
Миротворците ќе се наречат синови Божји. Името ќе им биде наследници, а правото да поминуваат покрај Престолот. Ќе имаат Татко и нема да бидат сами. Нема да им недостига гласот на гневот кој ги жигосуваше на земјата. Ќе ги заборават и блоковите на поделба како предуслов за мутирање на човекот во друго битие. Ќе продолжат да жалат за оние кои додека траеше поучувањето беа неоправдано отсутни заради подземните радости.

  Meteori.Dr.jpg

 

  • SP Apostol
  • 19 ти јануари, лето Господово 2014

  Друго:



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 486
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная