логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Branovi.jpg


За сунгерот натопен во оцет или слово за презреноста

             Долго време се двоумев дали да пишувам за презреноста. Да не повредам некого. Да не сфати погрешно некој. Доволно повредувања имаше вчерашниот ден. Да не пишувајќи за чемерот и јадот додадам капка во и така полната чаша. Зашто и самото пишување за презирот е вошливост само по себе.

               За мене, кога би требало да најдам кој вкус највеќе одговара на чувството кога ќе не презре и отфрли некој е токму вкусот на скиснат оцет. Од тревките пелинот би ми бил фаворит. Хемиска формула на оцетна киселина е  CH3COOH. Ја купуваме за да ја приготвиме храната за зимница. Во разредена состојба е додаток на јадења, обично салати. Во концентрирана состојба е отров, предизвикува разградување на ткивата и болна смрт. На самото шише има знак за предупредување-лобања со вкрстени две коски. Еден шеговит производител на овој производ од мојот град на етикетата со големи црвени букви напишал ЕСЕНЦИЈА (на рафтовите од продавниците се уште го има овој производ со ваква етикета). Печатна грешка од една буква е разликата меѓу ексенција и есенција. И  долго време минав зверејќи се во празното шише барајќи ја врската меѓу оцетната киселина и суштината на сунгерот натопен во оцет кој војниците му го дадоа на нашиот Спасител пред да го распнат.
               Дали некогаш сте биле презрени? Дали некогаш ве отфлиле? Решил ли некој досега за вас, дека од утре не сте му потребни? Всушност целта на презирот е објектот на презир да исчезне, зашто меѓу другото предизвикува срам, одзема време и чини средства. Не потсетува дека пред да станеме тоа што во моментов за себе мислиме дека сме, сме биле нешто друго и тој скок од вчера до денес сме го направивме благодарение на мизеријата што сега не влече долу, а некогаш била хелиумот кој не кревал горе.
                Отфрлањето може да биде поединечно– кога некој е црна овца во стадото. Може да биде групно-цел еден народ да се отфрли. Од соседите и пола земјина хемисфера.
                  Го отфрла таткото нероденото дете во утроба на обесчестена девојка. Заедно со одговорноста за соствената страст и за нечиј иден живот.                   Го отфрла мајката роденото дете. Му ги пакува алиштенцата, сликите  и играчките. И го праќа да живее со другиот родител, после долгиот развод и кратката љубов.
                     Го отфла синот родениот татко. Не може да ја гледа сликата на староста, кога човекот не е во состојба да си ги задржи ни сопствените телесни течности а камоли времето кое неизоставно лета.
                    Ја отфла ќерката својата мајка. Брза на дотерување, на фризер. Грижата ја остава на друг, негователот од домот за старци. Заборава за миг на сета жртва на родителот и топлата каша во студените ноќи, што раката на мајка и ја давала. Да порасне голема и за неа остарена да се грижи.
                     Го отфла сестрата братот. Се двоуми дали на роденден да му дојде. Од своите животни незадоволста и лични проблеми ништо не ќе е ако се повреди уште една невина душа на патот.
                     И братот ја отфла  сестрата. На нејзината свадба има доволно роднини, не и треба тој со своето намуртено лице и лош темперамент. Ќе си кажат еден на друг еден ден се што си имаат. Доволно е да го гледаш бранот од страна, не мора и да си честичка од него.
                     Сопругот ја отфла сопругата. Се покајал зошто неа ја одбрал кога имало толку други за избор. Не е ни најубавата, ни најспособната, не е сосем ни доволна за да му ги воспитува децата. Го заборава изборот со чашката и пријателите кои по пат ги избира.
                     И сопругата го отфла сопругот. Никогаш нема да спечали доволно за пристоен живот. Може дури и лебовите да ги умножи, но секогаш некоја нејзина потреба ќе остане незаситена, несгасната. Сопругата оди кај пријателките и до изнемоштеност се заситува распавајќи за туѓи судбини.
                     Момчето ја отфла девојката. Го набрал цветот на таа младост и утредента заминува без збор. Останува само сончевото утро да пее химна на новиот ден што се раѓа. И девојката го остава младичот. Не се вклопува во нејзиниот свет на блескави фустани, тешки парфеми и гласна музика. Во таа атмосфера на пригушени светла премногу блеска неговата чиста љубов со своите зраци.
                    И комшијата го отфламе кога не му викаме добро утро. И таксистот го отфрламе кога не му се заблагодаруваме. И продавачот кога си излегуваме без -до гледање.

                Најнакрај, прв што бил презрен е Бог, Отецот, при создавањето на безтелесните суштества, од страна на возгордеаниот херувим. Втор што бил презрен, пак самиот Бог, Отецот, при создавањето на телесните суштества, од страна на првиот човек, кој ја послушал жената, која пак била искушана од споменатиот возгордеан херувим. Најпрезрениот од сите и Бог и Човек е Синот Божји, Господ Исус Христос, кој го испи оцетот натопен на сунгер,страдаше и беше погребан и на третиот ден воскресна...
             После отфлувањето нема повторно враќање на чин. После отфлувањето постои само страдање и смрт (на стариот човек) и ако веруваме и се надеваме и љубиме, постои и воскресение, и нов квалитет на живот.
           Господи , дај ми водени извори(солзи) да ја разредам оваа киселина во себе, да не ме отруе, уште не... Господи помилуј...

M.G.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 486
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная