логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ИНТЕРВЈУ со протоереј НИКОЛАЈ БАЛАШОВ ОД РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 Разговарал: Марјан Николовски-Телевизија СИТЕЛ

 

nikolaj.balasov.jpgНиколај Балашов, е име кое значи многу во руската црковна дипломатија. Тој е секретар на одделот за комуникации на РПЦ со останатите помесни цркви, можеби еден од најупатените за црковниот спор во Македонија.


M.Н:  Господине Балашов, Неговата Светост, Патријархот Алексеј, неколкупати го понуди својот авторитет како посредништво во спорот меѓу црквите во Белград и во Скопје. Имате ли сознание зошто СПЦ го одбива тоа посредништво, бидејќи овдешните владици се подготвени Руската црква да биде посредник?


Балашов: Не сум сигурен дека во овој случај треба да се зборува за посредување. Светиот Патријарх Алексеј неколкупати зборуваше дека РПЦ е подготвена да ја даде целата поддржка и активно да учествува во тој дијалог. Ние веќе знаеме дека во минатото дијалогот меѓу Архиереите на СПЦ и на МПЦ веќе постоеше. Не смее да се каже дека тој не носеше никаков успех. Беа постигнати суштествени чекори напред кон постигнување согласност. Значи, треба да се продолжи со дијалогот онаму каде што тој и застана. РПЦ навистина од своја страна е подготвена активно да учествува и да помогне, имајќи го и искуството од дијалогот што го имавме како РПЦ со Задграничната Руска православна црква.

М.Н.: Сепак наместо решение и дијалог изминативе пет години проблемот дополнително се усложни. СПЦ одлучи да воспостави паралелна ерархија во лицето на поранешниот митрополит Јован. Чинам дека Руската црква уште тогаш кажа дека тоа е погрешен чекор. Дали се уште РПЦ стои на тој став?


Балашов: Секој дијалог е сложен процес. Во него никогаш не се случува движењето постепено да оди напред. Понекогаш се случуваат и чекори назад. Јас не би сакал да го коментирам решението на Архиерејскиот Собор на СПЦ, но би рекол дека одредени консултации по овој повод, со РПЦ навистина се случија и ние се надеваме дека процесот на взаемно разбирање ќе се развива и понатаму. РПЦ е подготвена да ги поздрави тие чекори кои што водат кон растење на меѓусебната доверба, неопходна за успешно решавање на македонското црковно прашање. Ние сме убедени дека ова прашање може да се реши само по црковен пат, само во согласност со каноните и канонските преданија. И заедно со доверба и братска љубов.

М.Н.: Мислите ли дека името на една православна црква, како што тоа во случајот е со МПЦ, може да биде проблем за повеќе од 2 милиони христијани да останат надвор од православната екумена?


Балашов: Во тој случај, ако наша задача е влегувањето на МПЦ во православната екумена, ние треба да ги имаме во предвид и размислувањата и чувствителноста со која се имаме среќавано и кај други православни народи. По мое длабоко убедување решението на ова прашање може да се најде. За ова треба добра воља, стремеж кон меѓусебно разбирање и подготвеност да се води вистински дијалог, а не само влегување во монолошки искази.

М.Н.: Тоа значи МПЦ да се откаже од предзнакот “Македонска”?


Балашов: Јас не мислам дека МПЦ треба да се откаже од своето име. Јас мислам дека можат да се најдат алтернативни варијанти на примена на различни имиња кои постојат во историската традиција на православието во Македонија.

М.Н.:. Зошто тогаш и другите цркви, на пример Руската, Српската и Бугарската не се откажат од националните предзнаци?


Балашов: За Руската, колку што занам и за Српската, како и за Бугарската и многу други помесни православни цркви, предлогот “Македонска православна црква”,  не претставува никаков проблем. Но уште еднаш би сакал да нагласам дека ние сме должни да се однесуваме со чувствителност и деликатност кон размислувањата кои што постојат и кај некои други помесни цркви и православни народи.

М.Н.: Како на пример Грчката православна црква. Можете ли да ми објасните како повеќе од десет цркви можат да бидат заложник на ГПЦ. Не мислите ли дека тоа е повеќе политичко, отколку прашање од каноните?


Балашов: Ќе ви одговорам на прашањето со прашање. Дали МПЦ би сакала да влезе во општење со целата православна екумена, или само со одреден дел? Со една или со неколку православни цркви?
Јас мислам дека МПЦ сака да биде во единство со целата православна екумена. Ако е тоа така, тогаш потребно е да се продолжи дијалогот, кој понекогаш не е толку едноставен. Но со добра воља на двете страни, ќе биде овенчан со добри резултати?

М.Н.;. Не ми одговоривте дали има повеќе политика отколку канони?


Балашов: Мене ми е тешко да судам, ако не сум учесник во тој спор. Јас можам да ги гледам аргументите само набљудувајќи ги од страна. Јас сметам дека ова прашање не е само политичко, туку е и прашање кое е врзано со истенчени деликатни теми, како национален идентитет и различни претсатви за историјата. Можеме да се стремиме кон единство, имајќи на ум дека во моментов немаме исти погледи на низа проблеми. Јас не сум убеден дека полно, тотално единство во поглед на историјата се јавува како неопходен услов во нашето канонско единство и црковно општење.
Ќе наведам пример. Кај нас со задграничната црква се уште не постои единство во поглед на историјата. Ако го решававме историското прашање, нашиот дијалог ќе траеше уште сто години. Треба да сватиме што е главно, а што второстепено. Доколку постигнеме единство во главното, и да се постигне разумен компромис кај вотростепеното, за да заедно посведочиме за нашата заедничка вера.

 

 


 

 

Извор: весникот „ВЕЧЕР“

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3179
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2507
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…