логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 ИНТЕРВЈУ: ТЕТОВСKО-ГОСТИВАРСKИОТ ВЛАДИKА ЈОСИФ

Приоритет ми е црква во централното подрачје на Тетово



Изградба на нови храмови, заживување на монаштвото, блискост со верниците, се приоритети кои во својата Тетовско-гостиварската епархија ги најавува новиот владика Јосиф. Најмладиот митрополит во нашиот црковен врв потенцира дека една од главните цели ќе му биде и изградба на православен храм во централното подрачје на Тетово.

Веќе се забележува дека ја обиколувате епархијата. Kакви Ви се првичните впечатоци, каде е најпотребно да се интервенира?
- Епископот е духовниот татко на епархијата, а татковството по вокација значи грижа за домот, за семејството. Епархијата е мојот дом, имот што ми е доверен да го чувам, верниците се моите чеда. Од тоа што го видовме досега, водена е основната грижа, но има и многу да се работи. Најалармантна е состојбата во конакот на Лешочкиот манастир. Однадвор е добро зачуван, но однатре бара санација, особено на подот, кој наместа е пропаднат, но и на ќелиите, санитарните јазли. Позитивен аспект е што повеќето од храмовите се во населени места, па на тој начин и се заштитени.

Имате ли во план изградба на нови храмови и каде?
- За мене лично, а тоа ќе биде и приоритетна стратегија на Епархијата, е најпрвин да се изгради нов храм во централното градско подрачје, односно во т.н. ново Тетово. Знаете, порано постоеше иницијатива за изградба на храм кај Домот на културата. Ја охрабруваме локалната власт да излезе во пресрет на барањето на многубројното православно население во градот. Сметам дека тој процес треба да се реализира набргу. Набрзо ќе оствариме средба и со црковниот одбор во с. Лешок, каде што се гради храмот посветен на свети Николај за да видиме до каде се градежните работи и што уште е потребно.

Православието се проретчува

Имате ли некој конкретен проект што наскоро би сакале да почнете да го реализирате?
- Тоа ќе биде реновирањето на конакот во Лешочкиот манастир. Таму планираме и уште еден голем и важен проект - изградба на митрополитска резиденција каде што ќе живее владиката. Сегашната митрополитска зграда не ги задоволува основните потреби и за живеење и за работење. Сепак, воспитан сум во манастирски дух, а владиката е пред сè монах, а монахот го љуби манастирскиот живот.

Постојат ли секојдневни притисоци за проретчување на православниот народ, како што рече архиепископот г.г. Стефан на Вашето тронисување?
- Би конкретизирал - повеќе станува збор за проретчување на православието. Но, тоа не го прават оние што си ја знаат верата, туку оние што ја злоупотребуваат и ја искривоколчуваат, што не ја живеат, било на која страна да припаѓаат. На овој народ потребно е да му се засити духовната жед. Ако е Бог со нас, кој може да е против на - вели Светото писмо. Тогаш да потрчаме во неговата постојано раширена прегратка.

Смешен е спорот за името

Kако да се наполнат црквите со луѓето бидејќи литургиите поминуваат со малку верници?
- Зборот на секој свештенослужител ќе допира до срцето на паството ако тоа што го зборува го сведочи и со дело. Ако работиме во согласност со преданието на црквата, храмовите ќе бидат полни, така духовниот живот ќе се развива и ќе се унапредува. Зборувам со аргументите на црковната историја.

Дали имавте или ќе имате средби со тетовскиот и со гостиварскиот муфтија на ИВЗ?
- Тетовскиот муфтија, како и други претставници на верските заедници, беа поканети на интронизацијта. Муфтијата се извини за своето отсуство и прати претставник. Минатиот вторник веќе остваривме средба со муфтијата Алиефекри Есати и со неговите соработници. Зборувавме за верскиот живот во Тетово и околината и се согласивме дека е од суштинска важност активно да се вложува во соживотот меѓу разните националности што живеат во овој дел од Македонија

Пред некој месец изјавивте дека МПЦ-ОА нема да отстапи од уставното име на државата. Политичарите најчесто зборуваат за компромис?
- Легитимно е секој да го произнесува своето мислење, особено кога има аргументи за тоа. Лично сметам дека овој спор, особено меѓу два православни братски народа, е неоснован, понекогаш дури и смешно е да се има спор за ваква работа - кога Христос нè обедини.

Братот Иринеј го интересираат дворски игри

Ве обесхрабрија ли пораките од вселенскиот патријарх од Ниш дека сме „неканонска црква“ и уфрлениот збор дека сме „псевдоцрква“ од српскиот владика Иринеј Бачки?
- Православието има многу повеќе предизвици отколку историските рецидиви, како што е прашањето за автономија и за автокефалноста, особено поврзувањето на овие статуси со природата на црквата изразена преку единството на сите православни народи во верата во единствениот бог, преку почитувањето на догматските вистини, канонските прописи на црквата. МПЦ не отстапува од ова. Затоа упатувам прашање зошто овие сегменти не се доволно и единствено важни, а е важна формулацијата која е само формална, која треба да е во функција на љубовта на која Бог нè научи. Длабоко во срцето верувам дека вселенскиот патријарх ги знае и ги чувствува денешните потреби на православието - како да се обедини, како да се одговори на сè порадикалните напади на фундаменталистите, како да се запре ерозијата на моралот, како гласот на вистината да влезе во срцето на човекот. За жал, братот Иринеј повеќе го интересираат дворски игри, одлично би се снашол во улогата на политичар. Но со ова не го осудувам, еве, дури ни како епископ, а како најпонизен верник му давам љубовен совет.

„Фејсбук“ не е приоритетен

Дали Вие ја почитувате одлуката за забраната на користењето на социјална мрежа „Фејсбук“?
- Полезното и доброто користење на технологијата може само да помогне во разните аспекти на човековото живеење, а конкретно во нашите контакти со верниците. Но, сепак, просторот на социјалните мрежи не смее да се злоупотребува, особено не за лични пресметки со некого за што бевме сведоци и за кое, за жал, сè уште сведочиме. Не треба да се става црквата како заложник на личното, што и да е. Просторот на социјалните мрежи не е приоритетен, храмот е најважното и првенствено место за да учествуваме во духовниот живот зашто нашата вера значи заедништво, сите заедно за секого и за сè. Мислам дека тоа беше целта на пораката на Синодот.

Постои ли некоја подлабока поделеност меѓу владиците и за други прашања?
- Сметам дека треба се стави крај на ваквите недоволно аргументирани заклучоци. Разномислието не е неединство или, пак, поделеност. Тоа е придобивка. Kажано со јазикот на современието, тоа е демократија, кажано со јазикот на теологијата, тоа е дарот на слободната волја со кој сме создадени.

 Бранко Ѓорѓевски- Дневник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…