логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Според монахињата, луѓето најчесто доаѓаат во црква кога имаат мака, односно кога ќе сфатат дека сѐ зависи од Бога
    
    
    
Манастирот често го посетуваат странски туристи

Во посета на беровскиот манастир „Свети Архангел Михаил“


Опколен со борова шума, на излезот од градот Берово, на патот што води кон браната и езерото, женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ со години го негува светот на молитвата. Главната порта гледа кон градот. Речиси секојдневно седната на дрвена клупа пред портата на црквата сестра Синклитикија, игуменијата на манастирот, со насмевка на лицето ги пречекува гостите. Веќе 17 години е заветена на монашки живот. Токму потрагата кон совршенството ја донела и до беровскиот манастир. Таа е магистер по менаџмент со човечки ресурси, на тема „Организација на монашкиот живот во Македонија“.
Вели дека тоа ѝ помогнало да направи ред во манастирот и верскиот живот во него да го издигне на повисоко ниво.

- Ако сакаш да имаш успех во духовниот живот, не смееш да го одбиеш послушанието од духовниот отец. Така со благослов на владиката Наум јас дојдов тука - вели сестра Синклитикија.

Со нејзината отвореност кон луѓето ги привлекува посетителите да влезат во црквата и да се запознаат со православната вера.

- Човек се пречекува само со добра мисла. Мое послушание е да ги угостам посетителите на манастирот. Дури и светителката чие монашко име го носам била таа што ги собирала луѓето - раскажува монахињата.  Вели дека луѓето најчесто доаѓаат во црква од радост и мака, односно кога ќе сфатат дека сѐ зависи од Бога.

- Јас сум тука за секој верник и добронамерник. Можам да ја ислушам неговата мака или, пак, дилема во животот, но ќе се обидам и да дадам совет - додава сестра Синклитикија.

Манастирот често е посетен од туристи, кои најмногу ги сакаат домашно приготвеното слатко од шумски јагоди и сирењето со зачини. Покрај овие специјалитети, монахињите изработуваат и разни црковни предмети. Сето тоа е изработено рачно, а со заработувачката од продажбата ги уредуваат конаците и дворот на манастирот.

Легендата за Султана

Уште на влезот во манастирот со разигран глас монахињата почнува да ја раскажува приказната за градењето на храмот. Вели дека во една од легендите се говори дека градењето на црквата и манастирот се одвивало под многу тешки услови.

- Првата манастирска црква во Берово е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Била осветена во 1818 година, а на нејзиното осветување присуствувал и македонскиот христијански просветител Јоаким Крчовски - објаснува сестра Синклитикија.

Вели дека во почетокот на 19 век Берово било селска населба, со околу двесте куќи и само со една мала и дотраена црква. Затоа, тогашните поугледни беровци решиле да изградат нова црква на местото наречено Могила. Парохискиот свештеник, поп Пецо, бил задолжен да обезбеди дозвола за градба од валијата, кој дал дозвола за градба, но под многу тешки, неостварливи услови.

- Црквата требала да биде изградена ниско под нивото на патот и да не се гледа, градењето да заврши за четириесет дена, а поп Пецо најмалата своја ќерка, Султана, да ја даде во харемот. Но условите не ги обесхрабриле беровци во нивната намера. Со голем труд и пожртвуваност на верниците црквата била изѕидана и покриена со камени плочи за четириесет дена. За да не биде забележлива, надворешниот ѕид бил премачкан со саѓи и со вар - раскажува монахињата.

Потоа, кога валијата видел дека црквата е изградена над земјата по истекувањето на рокот, многу се налутил, и наредил тројцата црковни настојници веднаш да бидат убиени пред црквата, а бидејќи Султана избегала во Ќустендил, поп Пецо бил затворен. Како што раскажува сестра Синклитикија, тој бил пуштен од затвор по три години, а неговата ќерка се вратила во Берово кога разбрала дека комитите го убиле валијата.

Темелите на првиот женски манастир се подигнати дваесет години по изградбата на манастирската црква. Првите калуѓерки во манастирот биле снаата и ќерката на поп Ристо, зет на поп Пецо.

Икона на пророкот Ное

Манастирската црква во полутемнината на нејзината внатрешност крие икони сликани во специфичен стил. Од првобитниот иконостас е зачувана само една икона со претставата на светиот пророк Ное, изработена во 1818 година.

Типикот на манастирот, и покрај локацијата (во самиот град) и посетеноста, е светогорски. Едно катче на катот во внатрешноста на црквата денес е претворено во мал параклис посветен на св. Григориј Палама.

-Во суштина средбата со било којчовек во нашиот живот е еден испит за нашата њубов кон Бог. Љубовта од Бог ја имаме изобилно во секој миг од нашето постоење, без оглед на тоа колку сме ние свесни за тоа или не. Единствен проблем на нашиот живот е како ние возвраќаме на таа љубов, што се однесува до љубов кон луѓето, еднаш треба да си решиме дека ќе им даваме љубов без да ја бараме од нив, па ќе си бидеме мирни. Славете го тоа како предизвик, како врвно сведоштво Христово во овој свет-да го љубиш оној што ти прави зло - ја цитира монахињата мислата од митрополитот Наум.

- Единствено нешто што бараме од верниците и од посетителите е да го почитуваат нашиот ред во манастирот - вели сестрата.

Многу често комуницираат со монахињите од Романија, како и со тие од Грција. Таму, како што додава монахињата, без оглед на нивниот однос кон МПЦ-ОА, секогаш се добро пречекани.


Монахињата ќе ја изработи и иконата на Свети Архангел Михаил во мозаик    

Училиште за мозаици


Една од идеите на сестра Синклитикија е во манастирот да се направат простории во кои би се изработувале мозаици. Таа веќе пет години се занимава со овој вид уметност. Техниката ја научила кај професорот Благоја Кузмановски, кој всушност го открил нејзиниот талент.
- Ако активно работам, еден мозаик го правам за месец и пол. Најмногу ги правам навечер, што ми помага за концентрација кога ја кажувам молитвата. Сега се подготвувам да ја направам иконата на свети Архангел Михаил во мозаик - додава сестрата.

 

 Автор: Радмила Заревска       Фотографија: Игор Бансколиев    

  Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72313853588&id=9&setIzdanie=22935

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…