логоFacebookTwitterYouTubeeMail


БУГАРСКАТА ЦРКВА ПОБАРА - МПЦ ОДОБРИ


Мошти на Св. Климент патуваат во Бугарија


Извори за Вечер во Македонската православна црква велат дека не станува збор за парчиња од коските на Светителот, туку само за минијатурна честица. Не гледаат ништо спорно во одлуката за отстапување, бидејќи во православниот свет подарување на мошти се толкува како заемно почитување и признавање


Македонската православна црква ќе и поклони мошти од Свети Климент Охридски на Бугарската православна црква, дознава Вечер. Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, на 24 овој месец лично ќе ги однесе честиците од раката на основоположникот на македонската црква, во Пловдиската митрополија, а веќе следниот ден тие ќе бидат вградени во олтарот на новата црква, која го носи името на македонскиот светец.

Согласност за отстапување на честица од моштите на Св. Климент дал и Синодот. Митрополитот Тимотеј го проследил писменото брање на пловдискиот митрополит г. Николај до највисокото црковно тело на МПЦ, а владиците позитивно се изјасниле без многу дебата.
Извори за Вечер во Македонската православна црква велат дека не станува збор за парчиња од коските на Светителот, туку само за минијатурна честица. Не гледаат ништо спорно во одлуката за отстапување, бидејќи во православниот свет подарување на мошти се толкува како заемно почитување и признавање. Неодамна во Бигорскиот манастир биле донесе честици од моштите на св. Серафим од Руската православна црква, потенцираат во МПЦ.

Владиката Тимотеј вчера ја потврди информација, но не сакаше дополнително да коментира.
Само кратко нагласи дека овој чин има позитивни импликации во односите меѓу МПЦ и Бугарската црква.
- Ние како црква треба да покажуваме отвореност и широкоградост. Не треба да бараме нешто за возврат. Тоа е еден однос на почит меѓу двете цркви. Ние не ги отстапуваме моштите, туку само една ронка. Владиката Николај беше тој што ми се обрати писмено, со титулирање какво што е адекватно за нашата црква, и ние позитивно одговориме, изјави за Вечер митрополитот г. Тимотеј.
Сепак, интересно е што Бугарската православна црква има дел од моштите на св. Климент. Парче со големина на нокт се чуваат во Софија, но пловдискиот митропполит сакал честица токму од моштите на Св Климент кои се наоѓаат во неговиот манастир на Плаошник.

Бугарската православна црква има речиси идентични позиции со тамошната државна политика кога станува збор за негирање на македонскиот идентитет. За нив св. Климент е основополжник, не на Македонската црква, туку на Бугарската православна црква.
Но, владиците на МПЦ велат дека во задината не треба да се бараат политички импликации, потенцирајќи дека пресудно за отстапување на честица од моштите била желбата за унапредување на односите меѓу двете цркви.

Моштите на св. Климент кои се чуваат во манастирот Св Пантелејмон, се едни од најзаначајните што ги поседува МПЦ. Сепак, тие не се комплетни. Черепот на св. Климент се наоѓа во еден од манастирите на Грчката православна црква.
Пред возобновувањето на Плаошник, моштите на основоположникот на Македонската црква се чуваа во црквата Св. Богородица Перивлепта.

Покрај од Св Климент, во македонските манастири има мошти од неколку светци. Бигорскиот манастир се споменува како едено местата каде има најмногу честици од мошти, меѓу кои се и оние на Свети Пантелејмон.

Во Св. Наум во Охрид, пак се чуваат моштите на овој Светец. Сепак МПЦ нема јасна и прецизна евиденција каде и од кој се светец има мошти во Македонските цркви и манастири.
Токму од тие причини владиците на последната синодска седница одлучиле да извршат комплетен попис и евиденција на сите свети мошти кои се на македонска територија, но и да покренат иницијатива за враќање на некои од моштите на македонските светци кои се надвор од македонските граници.

Марјан Николовски- Вечер


 Бугарската Православна Црква ќе добие дел од моштите на свети Климент Охридски од Македонската Православна Црква (15.11.2008)


Бугарија ќе добие од Македонија дел од моштите на свети Климент Охридски. Македонската Православна Црква го одобри барањето на Пловдивскиот Митрополит Николај Бугарската Црква да добие честичка од моштите на Светителот.

Молбата на Митрополитот Николај била испратена до Митрополитот Тимотеј којашто е одобрена многу брзо од Светиот Синод во Скопје. Предавањето на дел од моштите ќе се случи на 24 ноември и тоа ќе биде направено лично од македонскиот Владика Тимотеј. Во официјално соопштение на Светиот Синод во Скопје се вели дека овоj чин е дел од желбата за подобрување на односите меѓу двете Цркви, христијанската љубов и добриот однос на Бугарскиот Митрополит Николај. Во Македонија се наоѓаат само дел од моштите на свети Климент Охридски. Тие се чуваат во манастирот на свети Пантелејмон и свети Климент Охридски во Охрид. Главата, пак, се наоѓа во грчкиот манастир на свети Јован Крстител.

 

Извор: Дверибг.нет

 

Посети: {moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3025
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2343
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…