логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITER67
Упростен надоптимизам

Доколку ги читаме, меѓу редови, Декларациите за правата на човекот, ќе откриеме доста површен надоптимизам во однос на човечката природа. Напротив, последните десетлетија придонесоа за подлабоко осознавање на човековиот варваризам – сознание кое често води до очај. Трагичниот аспект и спротивставената природа на човештвото се доста очигледна појава во историјата. Секојдневниот живот околу нас и во нас зборува за власт постигната преку присила или доколку ја ползуваме христијанската терминологија – преку гревот. Луѓето користат секаква можност да зборуваат за правата на човекот, но непрестајно ги прекршуваат тие права. Не е доволно само теоретското признавање на човековите права. Тоа што ни недостасува не е сознание, туку волја. Ете зошто денес има повеќе обесхрабреност отколку ентузијазам во поглед на Декларациите за човековите права. Сме достигнале состојба во која силните имаат имплицитно „право“ да ги кршат правата на слабите.

Големата опасност од нарушувањето на правата на човекот во денешното полиморфно општество доаѓа не само од страна на државата, од која што различните Декларации се трудат да го заштитат поединецот; туку доаѓа исто така и од различните недржавни форми што ги зема на себе власта, нарушувајќи ги правата на човекот на различни начини. Според Христијанството, во човечкото суштествување постои внатрешен конфликт: Христијанството сè уште ја зема како основна гледна точка трагедијата на човечкиот грев и можноста за нејзиното надминување.


Едностраност која треба да биде надмината

Разбирливо е дека нашите примарни Декларации за правата на човекот ставаат исклучителен акцент врз правата, без да ги поврзуваат или ставаат во релација со задолженијата; тие документи се напишани за време на револуција против државната власт и се стремат да ги заштитат граѓаните од своеволната употреба на таа власт. Сепак, во потрезвената атмосфера на денешната глобална перспектива, таа едностраност треба да биде надмината. Одделувањето на правата од нивните соодветни задолженија се заканува да ги уништи и самите човекови права, бидејќи рамнотежата е загубена. Стекнувањето на одговорност за нашите постапки е исто толку фундаментално за човечкото суштествување и човечкото достоинство, како што е и можноста да се настојува за запазување на нашите права. Едностраниот акцент врз правата може да доведе до нездрав индивидуализам и исто така го прави полесно кршењето на тие права. Затоа, за да се заштитат правата, треба да се стави акцент и врз одговорноста и долгот.

Јасно е исто така дека индивидуалните права треба да се доведат во хармонија со социјалните. Не е правилно да се зборува единствено за „моите права“ или „твоите права“, а да се повикуваме и на двете. Правилниот однос меѓу нив е определен во Евангелието со зборовите „Возљуби го ближниот како себеси“ (Марко 12,31), бидејќи крајната цел е да се најде начин за трансцендирање на „ти“ и „јас“, за да израснеме во „заедница на личности“ (κοινωνια προσωπων).

По тоа прашање, Христијаните споделуваат еден важен опит на Индијците, прекрасно изразен од страна на Махатма Ганди во неговиот одговор до Џулијан Хаксли, генералниот директор на УНЕСКО во 1947 година:

    Махатма Ганди (1869-1948)

    „Јас научив од мојата неписмена, но мудра мајка, дека заслужувањето и запазувањето на сите права произлегува од добро исполнетиот долг. Така самото право да се живее ни се полага само тогаш кога ќе го исполниме долгот кон граѓаните на светот“.



Одговорноста останува основна компонента на човечкото достоинство.

(Продолжува…)

https://bigorski.org.mk/etika/pravoslavieto-i-chovekovite-prava-part3/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3180
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2510
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…