логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

П Р Е Д Г О В О Р

ДУХОВНИ ИСКРИ


Со објавувањето четвртата книга „Осамен волк“ од едицијата „Манастирски води“,сестринството при манастирот „Свети Јован Претеча“,под закрилата на светецот Кипријан Слепченски, ја продолжува востановената практика да ги афирмира своите поетски љубопитства. За публикувањето на овие творечки изблици секако голема е заслугата на Игуменот на манастирот Отец Серафим, кој во изминативе децении целосно се посвети на возобновувањето на манастирскиот комплекс и на афирмирањето на традиционалните вредности, по кои со векови е познат Слепченскиот манстир. Неговата љубов кон вредностите, добронамерните ја препознаваат во континуираната дејност на истражувањето и реставрирањето на старите ракописи, во обновувањето на копаничарството и резбарството, во одбележувањето на значајни датуми и личности, потоа во фрескосликарството и во заштитата на се она што значи духовно завештание на славните предци,светители и мудреци.

Песните застапени во четвртата книга во вистинската смисла на зборот претставуваатлирски изблици на автори кои не копнеат по книжевна слава.Богатиот спектар на искрени чувства е реализиран без лажни украси и славопојки,туку во манир на едно искрено и чедно соочување со секојдневието.Преку едноставните и емотивни пораки,создадени во духот на народната традиција,во песните се воспева животот,љубовта кон татковината,сонот за ѕвездените ноќи надвиснати над манастирскитедуховни предели,привлечни за староследелците и за дојденците од други средини.

Песнарката „Осамен волк“ е создадена во духот на претходните книги,така што во повеќето песни  преовладуваат социјалните и патриотски теми, презентиранисо лирска емотивност и чувствителност. Низ преплетот на темите длабоко се доживеани светлината и темнината, поривот за човечноста и јасната посветеност на Бога.Преку нагласениот лирски вознес,во повеќето стихови е опеана драмата на осаменоста и поривот кон човечкото опстојување пред катадневните ветрометини. Во овој поглед најкарактеристична е уводната  песна, посветена на Духот (петнаесетта мисла), во која се обликува самосвојна поетска патека, со едноставни и силни лирски и мисловни пораки:

Не се доближив доволно
од мојата далечина
не видов со окото
дека таа решетка е далечна
.......
Кој градител
Не бил калфа на мајстори,
Или кој уч
Не бил ученик на учители...

Во песните е нагласен чинот на опстојувањето, но и призивот на високите национални идеали.Низ пеењето се чувствува словото на исповета,но во исто време и прекорот кон современиците,кон заблудениците,опседнати од материјалните добра.Стиховите се проткаени  со житејскипроблесоци и се во одбранана човечките вредности.Всушност, тие се реални слики на човековата вознес.Посвојата едноставност се засновани врз народната традиција,но испеанисо возбуда и со допадливи и поучни пораки.
Во уводниот текст „Од осаменост до созерцание“, со чувство на голема знајба и дожиеавност се искажани исклучително прецизни оценки за творечките проблесоци,за чинот на создавањето и за вдахновеноста од природните убавини и од тивкиот спокој во манастирските предели. Авторот на прилогот констатацијата, дека „личноста почнува да зрее во осаменоста, во празнината... и дека во таа празнина почнува да гледа во себе,да слуша еден тивок глас, да ги гледа своите мисли во длабочината на срцето...и тогаш во таа длабока самосвест во себе открива очигледна бескрајност на постоењето, еден микрокосмос кој е честичка од севселенскиот миг на некоја вечност...“
„Манастирски води/Осамен волк“ е составена од песни, кои прилегаат на мигновени записи за убавината, за самотијата, за човечкиот вознес кон небесните височини. Тоа се лирски изблици, кои сведочат за големата љубов кон природата, кон секојдневните глетки и привиденија и кон искрената верба во човечката надеж преку добро срочениот збор и стих да се разубави животот. И во овие лирски посланија, како што посочивме во прилогот за книгата „Манастирски води/Убавина“ се чувствува духот на вистината и вербара во Божјата благодат. Низ молитвениот веј,како заветни сказни за убавината и за надежта се ткае една лирска нишка, преку која ненаметливо и спонтано се бележат доживеаните мигови на среќата и радоста, на искрениот глас на земните патешествија и на небесните возбуди.
Во време кога постојано ги слушаме тревожните звуци за човечката оттуѓеност,убаво е да се прочитаат песните од песнаркава,зашто тие се проткаени со позитивна енергија,со топлина и со искрени чувства. Вљубениците на поетскиот збор тоа ќе гопрепознаат и за миг ќе се преселат во духовните сфери и во тивкиот спокој на небесното рамновесие, надвиснато над Демирхисарските питоми предели.



Раде СИЛЈАН

Скопје,28 јануари 2019 година

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…