логоFacebookTwitterYouTubeeMail




Зарем верувате дека ѓаволот е слободен? Не! Тој е најограничен, бидејќи не е во Христа… Затоа не му се плашете! Тој нема сила. Кога би знаеле само колку труд вложува сатаната за да ја прекине нашата молитва. Најголемата грешка е да се впуштите во разговор со демонот. Ние треба да разговараме само со Бога. За да го избркате говорете: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ и обратете се кон Бога. Силата на Неговото Име ке го прогони. На ѓаволот му одговара да стапите во разговор со него, бидејќи тоа значи дека го признавате, а со молитвата ние го игнорираме.

Ако говориме за пеколот, тогаш го игнорираме рајот! Одењето по погрешен пат, т.е. да грешиш значи – пекол. Гордоста е ѓаволска состојба, потполно сатанска. Ниедна друга страст не го приближува човекот кон ѓаволот колку гордоста. Ако не ги слушате оние кои Бог ги именувал да ги слушате, лесно може да се разбере дека повеќе го слушате Сатаната. Луцифериовиот пад е безнадежен. Најголем пад во само два збора: „Јас сум…“

Индиректно, ѓаволот го исповедува Бога преку искушенијата. Не постои врска помеѓу доброто и злото. Нашиот Спасител рекол:„Дај ми го срцето твое!“ Но ѓаволот вели: „Ми треба само еден твој прст“, за преку него, наскоро да би загосподарил со целото твое битие, со тебе целиот.

Гревот (неговото спознавање) носи смирение. Тогаш, се подразбира дека ѓаволот игра споредна „улога“ во нашето спасение, бидејќи ги открива нашите слабости, и така ни помага да раснеме во Христа. Кога Тој би знаел колку ни помага во нашето спасение, помалку би се мачел…

 

Старец Арсениј Папачок

Извор:http://www.mocdanz.org.au/mk_MK/%d0%9d%d0%b5-%d0%bc%d1%83-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%88%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%a2%d0%be%d1%98-%d0%bd%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d1%81/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…