логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Теодосиј Синаитски бил македонски [1][2] преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај - во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски. Синаитскиот манастир со векови ги привлекувал Македонците што копнееле за духовни христијански подвизи и за аскетска просвета. Уште во XI век таму престојувала цела македонска колонија, која ја развила старата македонска книжевност. Таму се најдени македонски глаголски споменици - Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Во таа средина Теодосиј станал дури и архимандрит на тој манастир. Таму почнал да ја учи словенската писменост и да преведува молитви од грчки на македонски, испраќајќи им ги овие преводи на своите синови во Дојран.

Во 1831 година тој престојувал во Солун, каде служел во црквата „Света Мина“ на македонски јазик. Истовремено ја извршувал и службата и собирал милостиња за својот манастир низ Македонија. Тогаш се запознал со Кирил Пејчиновиќ, со Јордан Хаџи-Константинов - Џинот и со други преродбеници. Силно сознава дека на неговиот македонски народ му е потребна македонска, а не неразбирлива грчка книга, па одлучил да отвори македонска печатница во Солун 1838 година. Во првите три години во неговата печатница биле отпечатени три книги. Неговата печатница изгорела во голем пожар, кој бил подметнат, и бил уништен голем дел од солунската чаршија. Набргу по несреќата, со матрејална помош од Кирил Пејчиновиќ, печатницата била обновена и продолжила да печати нови книги, но потоа уште еднаш била изгорена. По вториот пожар Теодосиј во своето родно место Дојран стана воденичар. Таму го дочекал и крајот на својот живот некаде во почетокот на педесетите години од XIX век.

Во печатницата на Теодосиј се печатени книгите: „Началное учение со молитви утренија“ ова е еден вид буквар напишан од Анатолиј Зографски, кој бил роден од Лазарополе. „Крако е описание на дванаесет атонски манастири во Света Гора“ претставува водич по Атон и дава опис на манастирите. Автор на втората книга е Даскал Камче од село Ваташа, Кавадаречко. Четврта книга е „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ. Петта е „Книга за научение трих јазиков славјаноболгарскиј и греческија и карамалицкој“. Во таа книга се дадени зборови и реченици во три колони на македонски, грчки и турски. Научните истражувања утврдиле, дека македонскиот и грчкиот текст се препечатени од познатиот Четиријазичник на молско-полскиот даскал Данаил, а турскиот го дал приредувачот на книгата. Книгите печатени во печатницата на Теодосиј Синаитски значеле голем придонес за ширењето на сознанието за потребата на говорниот македонски јазик, значеле победа на нашиот народен јазик над мртвиот старомакедонски и над туѓиот грчки јазик.

 

Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%98_%D0%A1%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3012
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2261
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…