логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 Недела на простувањето (26.02.2012)


На Прочка, во црквата на светите Методиј и Кирил во Струмица, беше отслужена Вечерна богослужба. Митрополитот Струмички г. Наум одржа беседа и побара прошка од секој од присутните свештеници и верни како и тие од него. Верните исто така си побараа прошка еден од друг.

Зошто неутешно и беспомошно страдаме?

 

           

            Секогаш кога страдаме неутешно и беспомошно, страдаме заради една и единствена причина – останати сме без благодатта Божја, а не заради нешто друго. Се поставува клучното прашање – зошто остануваме без благодатта Божја? Остануваме без благодат, главно, затоа што тоа што ни се случува однадвор не го примаме како дар Божји и не Му благодариме на Бог. Затоа, деца, сѐ што ви се случува примајте го како дар Божји и за сѐ благодарете Му Нему. Тоа е патот до Царството Небесно, пред сѐ внатре во нас. Тоа е патот до Оној Кој вистински нѐ љуби.

            Многупати сум нагласил, колку е битно нашиот духовен подвиг да се случува во познание, а не стихијно и во незнаење. На пример, замислете ги сега погубните последици од прелесната мисла дека страдаме заради нешто што ни се случува однадвор, а не заради тоа што сме отстапиле од благодатта Божја, или таа од нас. Двете различни мисли се два различни пата. Прифаќањето на едната од двете мисли е прифаќање на соодветниот пат. Немаме многу време и немаме многу прилики во овој живот, та да можеме да си дозволиме да го одбираме погрешниот пат.

            Но, пред да ги разгледаме неколкуте важни места од она што го напишав во првиот пасус, да се потсетиме на еден многу важен дел од православната Христологија, кој ќе ни ја осветли целата тема за која говориме: „Човековата природа и Божјата благодат не се меѓусебно спротивставени туку, токму напротив – човекот престанува да биде потполн човек ако го промаши своето сопствено предназначение, односно личната благодатна заедница со Бог и непрестајното растење и восовршување во неа, односно обожението. Исто така и човековата слобода и Божјата благодат не се меѓусебно спротивставени туку, токму напротив – човекот престанува да биде вистински слободен ако ја отфрли благодатната заедницата со Бог. Според свети Максим Исповедник, и самото обожение на човекот, сфатено во оваа смисла, е нешто природно за човекот, зашто тоа е цел на Божјата Промисла од самиот почеток. Неговото учење за спасението се темели на идејата за учествување и заедничарење, која не ја исклучува ниту благодатта ниту слободата, туку го претпоставува нивното соединување и соработка, кои, еднаш за секогаш, се повторно востановени во воплотениот Логос и Неговите две волји“.

            А сега, да се вратиме на нашата тема и на поважните поенти што можат да се извлечат од првиот пасус:

            Прво, ако остануваме без благодат, затоа што тоа што ни се случува однадвор не го примаме како дар Божји и не Му благодариме на Бог, тогаш вината никогаш не можеме да ја бараме во некој или нешто што е надвор од нас, туку секогаш само во самите себе – заради погрешниот начин на кој функционираме. Знам дека зборовите 'никогаш' и 'секогаш' треба ретко да се користат, но во дадениов случај нивната употреба има апсолутна оправданост. Сетете се само што значеше барање на човечка а што на Божја правда и сè ќе ви биде јасно. (Се двоумам во овој момент дали уште еднаш да ја објаснам разликата помеѓу човечката и Божјата правда, и тоа ме жалости – ве молам, напишете нешто за таа разлика, да проверам дека знаете и да се утешам.) Битно е да запамтите дека оној што ја бара човечката правда се откажува од Божјата благодат.

            Второ, зошто велам: секогаш кога страдаме неутешно и беспомошно? Клучните зборови се неутешно и беспомошно. Ние во овој живот не можеме да ги одбегнеме страдањата, заради тоа што ги наследивме последиците од Адамовиот пад. Но, едно е да страдаш без утеха, а друго – со утеха; едно е да страдаш без помош, а друго е со помош; едно е да страдаш без надеж, а друго – со надеж; едно е да страдаш бесцелно, а друго – со цел; едно е да страдаш бесмислено, а друго – со смисла; едно е да страдаш непромислено, а друго – со Промисла; едно е да страдаш од самољубие, а друго – од љубов и едно е да страдаш заради себе, а друго – заради Богочовекот Исус Христос.

            Овде ми се отвора убав простор да ја објаснам и обратната состојба дека ако благодатта Божја е присутна во нас, тогаш што и да се случува од надвор не може да биде причина за наше неутешно и беспомошно страдање. Доказ за ова што го говорам се светите маченици, преподобните Отци и јуродивите заради Христос. Знаете сите какви маки и други страдања трпеле и колку благодатта Божја им содејствувала, та не само што и болки не чувствувале туку и многу чуда правеле; од кои најголемото – тагата заради спасението на своите непријатели. Непотребно е сега пред вас да наведувам примери од „Житијата на светите“.

            И уште една вистина да не заборавиме: благодатта Божја, односно несоздадената енергија (или енергии) на Света Троица или бесмртната светлина на богопознанието е лична енергија Божја. Што значи тоа? Тоа значи дека Бог ја дава кому сака и ја одзема кому сака, непринуден од никого и од ништо, нормално – притоа промислувајќи за нашето спасение. Следователно, на Божјиот суд е дали благодатта ќе биде одземена од оној што згрешил или нема – или ќе му биде додадена, односно, дали благодатта ќе му биде дадена на оној што направил добро или нема – или дури и ќе му биде одземена. Тоа Божјо дејствување исклучиво останува акт на слободната Божја волја, а човек може да го препознава во зависност од својата просветленост. Нешто ни е и однапред откриено: „А оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен. Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е поверено повеќе, повеќе ќе се бара од него“ (Лука 12, 47-48); но ова е друга тема. Инаку, таман работа ако Бог ни воздадеше според нашите дела! Затоа треба да се врзуваме за Господ, а не за некакви правила.

            Трето, 'одењето во Црква' (популарно кажано) не е заради нешто... туку заради Некого. Веќе имам напишано: Ние во Црквата не влегуваме заради здравје, заради успех во работата или заради власт и пари, па дури ни заради спасение, туку – заради Него. Затоа што секогаш кога во Црквата одиме заради нешто а не заради Него, и секогаш кога во Црквата бараме нешто (па макар и спасение) а не Него – ние всушност градиме со Бог наемнички а не слободен, љубовен и синовски (личносен) однос. Болеста или здравјето, успехот или неуспехот, животот или смртта – децата Божји со подеднаква благодарност ги примаат од Бог и на тој начин ја задржуваат Божјата благодат со себе, го задржуваат своето восиновување и своето наследство.

            Овде би додал само уште нешто за молитвата, во контекст на претходно наведеното: Што значи тоа за нашата молитва дека Го бараме Него а не нешто? Се сеќавате што ви имам кажано, дека само првиот призив е молитва, а дека сите понатамошни призиви се давање – тоа е во случај кога Го бараме само Него. Во случај кога бараме нешто а не Него, тогаш молитвата се претвора во едно бесконечно и бесплодно барање – кое на крај нè заморува и го напуштаме. Он толку копнее по нашата љубов што ‘секогаш се надева’ и на првиот наш призив се појавува и општи со нас, но во случајот кога ние бараме нешто а не Него, ние не Го ни забележуваме. Што да кажам понатаму..? Да не должам, од оваа евангелска реченица сѐ ќе ви стане јасно: Никој не може да Го нарече Христос Господ освен во Светиот Дух (1. Кор. 12, 3).

            Една од пројавите на погрешниот начин на кој функционираме е и кога не им простуваме на нашите ближни, вклучувајќи ги тука и 'непријателите'. Еве што ви имам некогаш кажано:

            Видете, деца, работите се многу едноставни: оној што им простува на сите што му згрешиле, па дури и на своите најцрни непријатели, има Божја благодат во себе; а оној што нема да му прости и само на еден човек, па бил тоа и најцрниот непријател, има демон во себе. Простувањето е сведоштво за присуството на благодатта Божја, а непростувањето е сведоштво за заробеноста од демонот. Истото важи и за барањето прошка. Значи, оние што се на вториот степен од духовниот развој, просветлувањето на умот, и да „сакаат“ не можат да не простат или да побараат прошка. Тоа би значело моментално затворање на срцето за умносрдечната молитва. Оние што се наоѓаат на првиот степен, чистењето на срцето од страстите, водат борба со самите себе аскетски (да се принудат) на дело да простуваат и да бараат прошка, иако тоа не го чувствуваат.

            И зборовите од Евангелието „ако ли не ги простите грешките на луѓето, ни вашиот Отец Небесен нема да ви ги прости вашите“ (Матеј 6, 15), не треба да се сфатат така како што буквално ги читаме, туку овие зборови значат дека ако не им ги простуваме грешките на луѓето, не дека Бог пак не ни простува (чувај, Боже, од таква хула!), туку ние самите се одделуваме од Божјата благодат и самите себе се осудуваме и одделуваме од Бог. Ние самите на себе не си простуваме. А од вакво нешто нека нѐ сочува Господ.

            На крај, простете ми и мене.., во Господ Исус Христос и заради Него, сѐ што сум ви згрешил! И знајте дека од мене секогаш ви е простено, однапред.

 

Митрополит Струмички Наум

 

 

 

Друго:

Интернет синаксис за сите - Ефект на скршено огледало (26.02.2012)

Зошто неутешно и беспомошно страдаме?

ГРАБНУВАЊЕ ИЛИ ВООБРАЗБА“ (04.02.2012)

Митрополит Струмички Наум- Богојавление, во меѓуцрковните односи (19.01.2012)

Плодоносна девственост (15.01.2012)

Витлеемски домови (07.01.2012)

Сеноќно бдение во Струмица - Главен ориентир (31.12.2011)

Синаксис во манастирот на Пресвета Богородица Елеуса во Велјуса - ТРИ ОРИЕНТИРИ (29.11.2011)

Интернет синаксис за сите (13.11.2011) - Знаци на напредок?

Божествена Литургија во Струмица на празникот на св. Димитриј -„Kонкретно проверливo“ (09.11.2011)

Митрополит Струмички Наум - Плачот на душата (30.10.2011)

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6402
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная