логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На почетокот, Христовиот јарем и Христовото бреме (односно исполнувањето на Неговите заповеди) ни изгледаат и навистина се тешки (затоа што сме наследници на последиците од Адамовиот пад); а потоа, како што го чистиме срцето од заробеноста на страстите и како што нашиот подвиг преминува од претежно аскетски во претежно благодатен, гледаме дека Неговиот јарем е навистина благ и бремето Негово е навистина лесно, односно, на крај, гледаме дека воопшто и не постојат. Нашиот подвиг преминува од претежно аскетски во претежно благодатен од моментот кога Бог ни го открива местото на срцето и кога ни го дава дарот на умносрдечната молитва.

И обратно, демонската понуда (односно демонскиот јарем и бреме) на почетокот изгледа примамлива и лесна за спроведување во дело (како соодветна на човековите извитоперени страсти), но со нејзиното прифаќање и остварување човекот само продолжува да ги храни своите страсти и на тој начин останува заробеник на гревот и на демонот, на неуспехот и на несреќата и на болеста, а на крај и на смртта и на пеколот. Паѓајќи во грев и останувајќи во непокајание, човекот ја нарушува заедницата со Бог (од Кого и за Кого сме создадени), односно останува без Неговата животворна благодат, и на крај сфаќа, ако веќе не е доцна, дека демонскиот јарем и бреме се всушност неподносливи. Прифаќајќи ги и носејќи ги демонскиот јарем и демонското бреме, човекот ги промашува смислата и предназначението на своето постоење.

Но што вели Христос, намерно, во истото евангелско четиво, сакајќи да ни го покаже патот по кој треба да врвиме: научете се од Мене зашто сум кроток и смирен по срце. Значи не вели: научете се од Мене зашто сум несреброљубив или несластољубив, туку го потенцира токму ова – зашто сум кроток и смирен по срце. Ако знаеме дека нашата духовна борба се одвива против трите главни страсти – славољубие, среброљубие и сластољубие, тогаш од Христовите зборови веднаш ни станува јасно од каде треба да почнеме и со која страст се води нашата главна борба, можеби и до крајот на животот. Значи, Богочовекот Христос јасно ни покажува што се потенцира и во што е суштината на нашиот подвиг, а тоа е борбата со страста на умот – гордоста, односно со суетата (со нашето високо мислење за самите себе), која е извор на сите останати страсти и гревови и падови.

Борбата против апсолутната гордост, против духовите на злото од поднебесјето, се одвива со апсолутно смирение, односно со апсолутно послушание. Господ Христос со личен пример ни го покажа и го востанови подвигот на апсолутното послушание: Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст (Фил. 2, 8). Секако, апсолутното послушание не Му беше потребно Нему, туку ни е потребно нам.

Тој подвиг, пак – апсолутното (слепото, совршеното) послушание кон духовниот отец, доброволно и слободно прифатено – според светите Отци, е единствениот лек за нашата болест. Апсолутното послушание е апсолутен прекин на хранењето на страста на нашиот ум – гордоста. Значи, потребно е, како што и другпат сум ви кажувал, нашиот горд, расеан и затемнет ум да се смири и потчини на друг ум, на умот на духовниот отец. Тоа е конкретно реализирано послушание кое трае сè до откривањето на местото на срцето и соодветната на тоа молитва. Според светите Отци, послушанието овозможува безгрижност и нерасеаност во молитвата, а чистата молитва – очистување и просветлување на умот, прво на неговата енергија а потоа и на неговата суштина. Умот станува смирен, собран во срцето и просветлен – состојба што никогаш нема да им биде позната на оние што не поминале низ овој светоотечки опит.

 Можеби на некои христијани таквиот јарем и бреме им изгледаат тешки, но затоа не треба да заборавиме дека во својот подвиг, според Евангелието, некои ќе принесат 30, некои 60, некои 100 плодови... Сè зависи од личната волја и од посветеноста и љубовта кон Бога, односно зависи од тоа дали имаме синовски или пак робовски и наемнички однос кон нашиот небесен Отец. Зависи од тоа колку, слободно и непринудено, самите ќе одлучиме да слушаме. Апсолутното послушание е идеал и предание од светите Отци кон кој треба да се стремиме, секој според својата желба и сили. Тоа не е мислење на овој или оној духовник, кое заради нашата мала љубов кон Бога и раслабеност во подвигот можеме, самооправдувајќи се, да си дозволиме да го релативизираме и негираме. Апсолутното послушание е на сила сè до добивањето на дарот на молитвата во срцето. Потоа, природно, односот со духовниот отец стекнува друг квалитет.

Апсолутното послушание не важи единствено во случај кога духовното чедо сака својот живот да Го посвети на Бог и да стане монах, а неговиот духовен отец – оженет свештеник – тоа не му го дозволува, па дури, наместо тоа му советува да се жени или мажи. Во нормален случај, одлуката за нечие посветување на Бог преку монашкиот живот треба да се препушти на опитен духовен отец – свештеномонах. Надвор од власта на оженетиот духовен отец, во нормален случај, е одлуката за нечие одење во манастир или не. Како ќе одлучува за тоа за кое нема поим?! А кога веќе говориме за ова, знаеме што вели светиот апостол Павле – кој се жени, или мажи, се труди да ѝ угодува, сакал-нејќел, пред сè на жената односно на мажот, а не на Бог (види 1 Кор. 7, 32-34). И пак се враќаме на она 30, 60 или 100... или не дај Боже – ништо.

 

(според записот на сестрите од манастирот)

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6443
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная