логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Синаксис во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча (26.07.2009)

Naum.sinaksis.jpg


Зошто со митници и грешници јаде и пие?

 Naum.sinaksis1.jpg

А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу митници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него. Книжниците и фарисеите штом Го видоа да јаде со митници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „Зошто со митници и грешници јаде и пие?“ Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, а болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците – на покајание“ (Марко 2, 15-17).

Не дека сакаа фарисеите и книжниците да седнат со Богочовекот Христос, па од љубомора и завист кон оние што веќе седат со Него го кажуваа и прашуваа тоа, туку тие тогаш само бараа причина да Го обвинат и оцрнат пред народот. Ваквото однесување е повисок степен на злоба отколку потребата некого да имаме само за себе и да не сакаме да го делиме со другите. Највисок степен на злоба е кога тој некој кој не можевме да го имаме само за себе и кој потоа, откако го напуштивме, не успеавме да го оцрниме пред луѓето, сега сакаме на кој било начин да го отстраниме од нашиот живот или да го убиеме. И злобата си има свои степени на развој.

Замислете, деца, кога ова седење околу Христос на трпезата би било само есхатолошка состојба? Кое непријатно изненадување и кој срам за сите оние што имаат голема идеја и високо мислење за самите себе, а не се вброени во оние кои се заедно со Христос во Царството. Сепак опишаното, како и времето во кое живееме, сè уште спаѓа во антиномичното ‘веќе, и уште не’. Да беше само есхатолошка состојба, а не истовремено и историска, кој знае дали книжниците и фарисеите од тоа време, или сличните на нив денес, воопшто ќе можеа да ги прашаат или дали ќе сакаа да ги прашаат учениците Христови какво било ‘зошто’. Затоа што меѓу вас и нас постои голема провалија така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а исто така и оние оттаму – при нас  (Лука 16, 26). Но, тоа – уште не е, веќе и е: митниците и блудниците ќе ве испреварат во Царството Божјо (Матеј 21, 31). Оваа есхатолошка состојба лесно може да ја провери секој што ќе го пронајде Царството Небесно внатре во себе, како и во светата Литургија на Црквата. Самата света Литургија е напишана и проникната со тој дух. Не знам што попрво да одберам од нејзиниот текст: погледај на мене грешниот и непотребен (!) Твој слуга... и Ти се молам, да не го одвраќаш Твоето лице од мене, нити да ме отфрлаш од Твоите деца, но удостој да Ти бидат принесени, преку мене грешниот и недостоен слуга Твој, овие дарови...

Затоа, ако ни е целта Христос и Неговото Царство, постојано треба да имаме на ум дека Он дојде болните да ги исцели, а не здравите, односно, не оние кои мислат дека се здрави и кои мислат дека немаат потреба од лекар. Дека Христос дојде грешните да ги повика на покајание и да ги помилува, односно, оние што го освестиле фактот дека се грешни, а не оние што мислат дека се праведни. Така што, никој не треба да заборави дека е грешен и болен. Ако некој направил ваков суштински превид, тогаш сериозно нека се запраша врз која основа ќе го гради својот личен однос со Богочовекот Христос? Таквиот, нека знае дека веднаш, со самата помисла дека е праведен или здрав, го оневозможува својот однос и заедница со Него. Христос лично нè опоменува: „Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците – на покајание. Здравите немаат потреба од лекар, а болните“ (сп. Мат. 9, 12-13; Марко 2, 17 и Лука 5, 31-32). А превидот се препознава од начинот на живот.

Непроменлив личен критериум, пак, за проверка на духовната состојба на секој христијанин е Богочовекот Христос и Неговите зборови: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Мат. 5, 48). Врз основа на овој критериум дури и обожените се сметаат и доживуваат за многу болни и грешни и затоа, за разлика од нас, тие непрестајно срдечно повикуваат: помилуј ме! Секако, оние што се наоѓаат на повисок степен од духовниот развој од поголем личен опит го познаваат Божјото совршенство и своето несовршенство, во љубовта. Ако е така со обожените, тогаш воопшто да не спомнувам како е со оние што сè уште го чистат своето срце од страстите и со оние што сè уште го просветлуваат својот ум. Интересно е што, колку подоле се наоѓаме на скалилото од духовниот развој, толку поголема идеја имаме за самите себе, а колку повисоко се наоѓаме толку таа голема идеја се губи. Содржината на идејата за самите себе е во сооднос со лично-соборното поимање и доживување на Тајната на Спасението.

Неопходно е, значи, секој христијанин, со помош на својот духовен отец, да ја освести и да ја спознае паднатата и болна состојба на природата што ја наследил. Притоа, човек не само што треба да освести и да знае дека е грешен и болен туку и од каква болест боледува како и до кој степен е развиена таа болест, за да може да го прими вистинскиот лек, соодветен на неговата болест и грешност. Зашто, и лекот ако не е вистинскиот и ако не се земе во соодветната доза може, наместо да помогне, многу да наштети. Така, секој подвижник треба што поточно да знае од што, зошто и колку е болен. Самите себеси можеме да се спознаеме само преку подвигот во исполнување на Божјите заповеди, под надзор на духовниот отец; после многуте претрпени и порази и победи. Подобро е да се спознаеме самите себе и својата болест преку подвиг отколку преку сторените гревови. Ова е конкретен начин на запознавање со самите себе, со своето несовршенство, а не само теоретски, како оној кој почетно може да произлезе од верата во претпоставеното совршенство Божјо.

Овде е место да се потсетиме за тоа која, според светите Отци, е првата и главна човекова болест. Таа особено станува очигледна во манастирската заедница, како посебно место на живеење и подвиг. Зашто, не се за монахот во манастирот духовен проблем среброљубието и сластољубието; за овие две страсти вообичаено нема ни можност ни предизвик во манастирот. Можно е дури кај монахот да нема никакви пројави од овие две страсти, но истовремено неговото срце сосема да е затворено и тој да е лишен од дарот на умносрдечната молитва. Токму по неговата затвореност за молитвата внатре во него се открива и познава дека срцето е заробено и извалкано од некоја страст. Ако таа страст не е сластољубието и среброљубието, тогаш нема која друга да е освен славољубието. Оттука, барем теоретски, знаеме дека главна и основна болест на монахот е суетата, високото мислење за самиот себе, мнението – со еден збор, проблем е заробеноста од страста на славољубието и гордоста. Истото, горе-доле, важи и за оние што се подвизуваат во светот.

Кој е лекот за оваа болест, која ни го попречува влезот во Царството Небесно внатре во нас – во нашето срце; која нè прави заробеници на светот и дел од светот? Сите знаеме – целосрдечното послушание. Единствено преку послушанието, нашиот горд, расеан и затемнет ум го ставаме во процес на исцеление преку кое стекнуваме смирен, молитвено собран во срцето и просветлен ум. Но, како што рековме, претходно мора да ја освестиме нашата паднатост и промашеност. Само оној што осознава дека е грешен, што осознава колку е далеку од Бог, може да се исплаши, да почувствува потреба или да копнее љубовно по Него. Инаку, како да очекуваме од оној што мисли дека е просветлен (дека не е болен и грешен), заради прочитаните неколку книги, да го стави својот ум во процес на исцеление преку послушанието? Или како да очекуваме од оној кој заради, без оглед од каде, неоправдано големата идеја за самиот себе, мисли дека не е болен и грешен, да го стави својот ум во процес на исцеление преку послушанието? Нормално, нема. Таквите немаат ни причина ни мотив. Прелеста во која, од многу причини, се наоѓаат, не им го дозволува тоа. Прво, таквите не веруваат искрено дека постои Бог, а камоли умносрдечна молитва, итн. Но, да видиме што велат светите Отци за овој неприроден начин на живот и што е тоа што е природно за нас.

„Благодатта се дели на три степени: очистувачка, просветлувачка и обожувачка (восовршувачка). И животот се одвива на три степени: противприроден, природен и натприроден. На овие три степени човекот се искачува и слегува“ (Старец Јосиф Спилеот). Забележувате, деца, дека овој пат ја употребив оваа поделба на степените од духовниот развој наместо вообичаената поделба – очистување на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение. Оваа поделба, која многу од светите Отци ја користат (да не ги набројувам), апсолутно одговара на вообичаената, но терминот ‘противприроден’ за описот на начинот на нашиот живот наместо терминот ‘очистување на срцето од страстите’ е многу посилен, повпечатлив и многу повеќе одговара кога сакаме да ја потенцираме болноста и паднатоста на нашата природа. А сакам да го потенцирам тоа овој пат затоа што гледам дека денешните христијани си живеат и се однесуваат како ништо да не им недостасува и како ништо да не ги загрижува, односно живеат на противприроден начин како да им е тоа природно.

Што значи тоа да се живее противприродно? Противприродно е ако со начинот на животот си ги храниме страстите, наместо да ги исцелуваме. На пример, наместо како болни од гордост и славољубие да го ставиме нашиот острастен ум во процес на исцеление преку послушанието, ние правиме сè спротивно од тоа: се поистоветуваме со нашите помисли, желби и чувства; се самораководиме; неправилно се исповедаме; озборуваме, судиме и осудуваме; се самооправдуваме; мислиме дека за сè сме во право; живееме без подвиг, во униние; кроиме планови за сопствена промоција, надвор од Божјиот план; се бориме за чинови, прво место и почести; завидуваме, не простуваме, па дури и мразиме итн. Ова се ужасни примери на невосогласување на начинот на нашиот живот со најнискиот степен на претпоставениот духовен развој на кој се наоѓаме. И што е најстрашно од сè, сето ова што го набројав преку навиката сме го претвориле во наша втора природа и нашата паднатост ја чувствуваме како наша природна состојба. Просто се запрашувам: Го љубиме ли ние Христос? Или, подобро: веруваме ли ние во Христос? Овде сакам само да спомнам дека послушанието е многу посеопфатен подвиг отколку само односот со духовниот отец, но за тоа другпат.

Што значи да се живее природно? Сè спротивно од противприродниот начин на живот. Адам е создаден на ниво на просветление. Тоа е степенот на природен начин на живот. Неговото срце не било заробено од страстите. Тој ги имал дарот на умносрдечната молитва и дарот на просветленоста на умот, во доволна мера. Требал само преку исполнување на една заповед да го заокружи Божјиот Домострој на Создавањето. На тој природен начин на живот и на тоа ниво од просветленост сме повикани сите ние да се подготвиме и да ги добиеме преку светата тајна Крштение. На тој природен начин на живот и на тоа ниво од просветленост сме повикани сите ние да се подготвиме и да ги добиеме преку светата тајна Покајание или монашко посветување на Бог. Затоа, Пресвета Богородице, преку Која секој дар Божји го добиваме, просветли ја мојата темнина за уште подобро да видам колку сум грешен и колку сум далеку од мојот Господ Исус Христос!

Е, сега да се вратиме на горепоставеното прашање: Зошто со митници и грешници јаде и пие? Затоа што, тие и Го бараат.

 

Митрополит Струмички Наум

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5850
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6654
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5641
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная