логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Zvonko.sv.Vasa10


Како договорени (27.12.2020 )

Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите: ’Дојдете, оти сè е готово!‘ И почнаа сите, како договорени, да откажуваат...“ (Лука 14, 16–24).

Во денешното евангелско четиво гледаме, во суштина, исплашени луѓе кои поради приврзаноста со овој свет се откажуваат од Богочовекот Христос и од Неговата „голема вечера“ – односно од причестувањето со Телото и Крвта Христови.

А што гледаме во житијата на сите свети маченици, на преподобните отци (монасите) и на јуродивите заради Христос? Гледаме незамолчливо сведоштво на храбро и екстремно одрекување од овој свет – заради Христос.

Ги потенциравме горенаведените крајно спротивставени примери за да ја избегнеме осредноста: „Ги знам делата твои: ти не си ни студен ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја“ (Откр. 3, 15–16).

Но, моето внимание посебно го привлече оваа реченица: „И почнаа сите, како договорени, да откажуваат“. Замислете, „како договорени“!?

Сигурно овде не се мисли на некаков конкретен и осмислен договор, туку на неосвестено, но воедначено човеково однесување. И, сигурно не се работи толку за однесувањето, колку за еден и ист дух што го раководи тоа однесување – паднатиот дух. Оти, кој друг дух би се одрекол од Христос?

И кој друг дух би можел, и денес, толку различни (етнички, партиски) и неповрзани луѓе да ги поврзе во едно те исто однесување – во противење на Христовиот Дух, освен духот на антихристот?

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога е во прашање поткопувањето на единството на Македонската Православна Црква – ОА, како и кога е во прашање обидот за оневозможување на единствената „голема вечера“ од Богочовекот Христос, преку неа, подготвена.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 

Извор: МПЦ-ОА

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7365

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3176
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2504
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…