логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да научи да љуби и никогаш нема да биде вистински љубен.

Оти, љубов примаме зависно од тоа колку сме подготвени да страдаме, а оној што силно љуби, истовремено силно страда и се жртвува за другите.

Лицемерно е да зборува за љубовта човек кој не страда, и што не го зел крстот свој и не оди по Христос. Не сакаме да го носиме Крстот Христов и не одиме по Христос ако не живееме во послушание кон својот духовен отец.

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти Христос, иако Бог, ни покажа пример на послушание кон родителите и сѐ до Својата триесетта година им беше послушен на праведниот Јосиф и на Својата Пречиста Мајка. Се одрекуваме од Христос и не одиме по Него, ако не живееме во согласност со Преданието на Црквата и во согласност со Евангелието.

Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

Избор од фб профил на

Aleksandar Mitov

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2875
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2684
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…