логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

×

Предупредување

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/dev

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/css

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/js

Кожувчанка

cross

27/09/2016   Поуки - советиВо Православната Црква болката, и секој друг вид страдање за верниот човек воопшто не се исклучува, туку истите добиваат сосема ново достоинство, тие се преобразуваат во неа. Со нашата храброст, трпение, нашите молитви и постојано сеќавање на Бога, таа горка чаша постепено се преобразува во сладосна чаша на бесмртноста. Од таа причина, болката веќе не претставува за христијанинот извор на страв и ужас, но широко пристаниште за подвиг и борба. Да го земеме на пример човекот кој трча на натпревари и победил на натпреварот: кога добива награда за победата, тој од радост ги заборава сите напори на трудот и подготовката за натпреварот. Така и борецот Христов, предвидувајќи ја „Славата Божја, која треба да се открие“ и идната награда во Царството Небесно, ја заборава тагата на страдањата и самата смрт.

Следствено, ние треба великодушно да ја поднесуваме таа „трка“ во трпење на искушенијата, маките и неволјите во претстојниот ни подвиг, просејќи поткрепа и утеха од Спасителот, „гледајќи на началникот и совершителот на верата Исус, Кој, наместо радоста која Му припаѓаше, претрпи Крст“ (Евр. 12, 2).

И страдањето, тој голем дар на луѓето од Бога, ако биде примено правилно, ќе стане за нас причина за благослов. Што и да претрпиме во овој век, не може да се спореди со идната награда во Царството Божјо, како што рекол апостол Павле: „Сегашните привремени страдања не се ништо, во споредба со таа слава, која ќе се открие во нас“ (Рим. 8, 18). Ако некој посака во овој живот да добие одговор на прашањето, поради која причина Бог допуштил да му се случат некои околности, неговиот ум неминовно ќе се наполни со илјадници прашања „зошто?“; ако пак гледа на својата болка како на неопходно испитување, испратено од Бога или за очистување, или за усовршување, или за добивање на венец во идниот живот, тогаш тој ќе ја прими чашата на страдањата како благослов од рацете на Господ.
Еве го одговорот на човекот од Бога. Господ не му дава на човекот лажни ветувања, дека ќе го отстрани страдањето, но му ветува, дека ќе ја преобрази неговата болка и од клетвата ќе направи благослов и утеха.

Да не мисли никој, дека светителите не страдале и не биле подложни на телесни болести. Како доказ за тоа, ни служат зборовите на свети Исак Сирин, кој во едно од своите дела вели: „Ги гледаш ли безбројните светителски полкови на Црквата? Никој од нив не се искачил на Небото, живеејќи во задоволства, туку сите се искачиле таму со многу маки“, трпеливо носејќи го крстот што им бил испратен од Бога.Секој од нас носи свој крст, секој од нас, без исклучок, кој и да е, која позиција и да ја заземаме во општеството, во кој крај на Земјата и да се наоѓаме. Но, дури и ако на некои Господ не им испраќа крст на трпење на болести, секој човек трпи различни маки, потреси, го носи крстот на своите гревови, се бори со својот внатрешен непријател – „стариот човек“, кој го мачи.

На тој темен, бескраен простор, само Еден може да го осветли нашиот пат, и тој Еден, секако е нашиот Господ Исус Христос, распнат на Крстот за секој човек, Светлина и утеха за луѓето, кои ги носат своите крстови по Него. Тоа е Оној, Кој се обраќа во Светото Евангелие до сите оскрбени, болни, страдалници: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети, и Јас ќе ве успокојам“ (Мт. 11, 28-Митрополит Атанасиј Лимасолски



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2019
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2041
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 488
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная