логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


IMGP4512IMGP4528IMGP4529IMGP4531

 Томина Недела
Во втората недела по Пасха, на светиот апостол Тома (12.05.2013 г.), во храмот на света Петка во населбата Црниче во Скопје, Митрополитот повардарски г. Агатангел, заедно со Епископот Лешочки г. д-р Јосиф, на Светата Златоустова Литургија сослужуваа на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 IMGP4608

 Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Во оваа прва недела после Воскресение, Црквата Христова си спомнува за средбата на светиот апостол Тома со Воскреснатиот Господ. Тоа е средба со ученикот кој што беше отсутен, кога после Воскресението Христос им се јави на апостолите во Ерусалим. Тоа е апостолот кој што рече: сѐ додека не видам, нема да поверувам. Во овие зборови е искажана една трагедија што го следи човекот после првородниот грев. Во овие зборови се содржи барањето изговор за човечкото маловерие.

Господ, создателот на сѐ, јасно му се покажа на Адама. Адам знаеше дека Бог постои, тој ја знаеше бескрајната љубов Божја, и тој не веруваше – туку знаеше, зашто го гледаше Бога лице во лице. Но, после првородниот грев, Адам срамејќи се од себеси, започна да се сомнева во сѐ. Тој започна да се сомнева, зашто знаеше дека е виновен и дека не ја заслужува љубовта Божја.

Драги браќа и сестри,

Во неверието на светиот апостол Тома, јасно го гледаме недостатокот на љубовта и сигурноста во верата, јасно го гледаме стравот што нѐ опфаќа заради гревот, којшто нѐ обесхрабрува и обезнадежува.

Бог сѐ ни открива постапно и со трпение, Тој ништо не прави за да нѐ присили, но Божјото дело во историјата „тешко“ се остварува, заради нашата отуѓеност и неспремност храбро да ги следиме Божјите заповеди. Меѓутоа, нашето одбивање на љубовта Божја, никогаш не предизвикува насилие од Бога. Тој е трпелив кон нас и не ја губи верата во нас, туку секогаш изобилно ни ја дава Неговата благодат. Бог нас нѐ сака, и секогаш се грижи за нас. Затоа верата во Христа има голема сила, а даровите од верата се богати: бесмртност и Царство Небесно.

Но, верата без добри дела, како што вели светиот апостол Јаков е мртва. Ако веруваме, ние треба и со дела да сведочиме. За тие дела, ни говори Нашиот Спасител кога вели, гладни да нахраните, боси да обуете, странец да примите, болен и во затвор да посетите.

Возљубени во Господа,

Ние не го видовме Господа како апостолите, ниту како светиот апостол Тома ги допревме неговите ребра и раните. Ние ја слушаме Неговата спасоносна наука и веруваме дека Тој е Син Божји, Бог и Спасител на светот. И Господ навистина рекол: Блажени се тие, кои не виделе а поверувале. Но, дали сме ние достојни за тоа блаженство, дали овие зборови можат да се применат и на нас? Дали сме блажени, дали веруваме со сета душа и со сето срце, иако не сме Го виделе Спасителот?

Ако веруваме тврдо и постојано, и ако нашата вера е потврдена со добри дела, само тогаш навистина сме блажени, како оние кои поверувале, а не виделе. А за да останеме постојано на тој пат, и да бидеме постојани како во верата, така и правењето добри дела, секогаш треба да се сеќаваме на поуката на апостолот Павле до Филипјаните кој што вели: она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, и Бог на мирот ќе биде со вас! Затоа, кога станува збор за вистината и за верата, никогаш не треба да се прави компромис, зашто за нас христијаните верата е нашиот живот.

А верата е нашиот живот, затоа што никој и ништо освен Бога, никогаш не може да ни даде среќа, ниту може да нѐ воведе во живот вечен. Само Бог и верата во Бога, секогаш ни го даваат тој одговор. Секогаш кога човекот ќе го пронајде Бога, во него се разгорува светлината на верата. Секогаш кога човекот ќе го пронајде Бога, во него се воспоставува целовитоста на животот.

Драги браќа и сестри,

Испраќањето на апостолите да го благовестат спасението на светот и човекот има светотроична динамика. Нив ги испраќа Христос, како што Отецот го испраќа Него, така што апостолите се облекуваат во силата од висините. Тие се сведоци на Воскресението и започнуваат да проповедаат една нова стварност на верата. Почнуваат да благовестат од Ерусалим по цела Јудеја и Самарија, за на крајот да ја израдуваат целата вселена и сите народи. Тие правеле многу чуда, лекувајќи болни и изнемоштени.

Но, не треба да говориме дека во наше време нема доволно чуда, и не треба да бараме такви сведоштва и да изнудуваме докази за потврда на верата. Ние, за разлика од апостолите, имаме искуство од многу повеќе остварени сведоштва. И сите тие, за нас треба да бидат поттик, не за да бараме нивно повторување, туку препознавајќи ги потребите и проблемите на нашите современици, соодветно да одговориме на нив, така што ќе ја сведочиме верата со зборови и со дела кои ќе произлезат од нашиот живот.

Знаејќи го сето ова, со сигурна вера и во полнота на љубовта и самите да твориме чудо. А, чудо е, да се преобразуваме од безнадежност, омраза и освета во здрава надеж, љубов и простување.

Токму светиот апостол Тома, за кого денес си спомнавме, ни сведочи за радоста, ни сведочи за потполното спокојство во таа радост, која што произлегува исклучиво од верата во пронајдената Вистина. Затоа, целиот наш живот, треба да ни се открива како подготовка за средба со Вистината, подготовка за средба со Бога. Во тоа исчекување на средбата со Бога, сѐ што го одделува човекот од Бога, сѐ што отстапува од првобитното предание и учење, кое што ни го дал нашиот Господ Исус Христос, треба да биде отфрлано и презрено.

Возљубени во Господа,

Од нашите животи да отфрлиме сѐ што ни предизвикува соблазна. Најмногу да се пазиме од оние што ни го нарушуваат мирот и слогата, па тогаш и Господ ќе нѐ помилува и разделеното ќе го соедини. Да се трудиме, да се сложуваме и соединуваме меѓусебно, но пред сѐ да се присодинуваме со Христа, да бидеме едно стадо, со еден пастир – нашиот Господ Исус Христос. Амин.

Христос Воскресе!

 

Скопје,  12.05.2013

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5845
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6652
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6456
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5638
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - петок

Велигденски пости; ( пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная