логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 Одговори на Вашите прашања  

 

Прашање од „М“: Од кога и каде потекнува Исусовата молитва и кој ја измислил и ја востановил?

                          Исто така ме интересира зошто моитвата Оче  нас,  не е толку често употребувана како Исусовата молитва?

 

Одговор:


Браќа, почнувајќи од утрото, преку целиот ден, а ако е возможно продолжете да повикувате и во текот на ноќта: Господи Исусе Христе, помилуј ме, и присилувајте го вашиот ум на ова дело постојано, до самата смрт. -Св. Јован Златоуст
За потребата од постојана молитва, има  потреба постојано да се зборува. Уште светиот апостол Павле рекол: молете се постојано!.. Значи, молитвата е нешто без кое не можеме да живееме, за неа многу зборуваме, но за жал малку ја практикуваме. Ние, православните христијани знаеме дека Светото Предание има подеднаква важност со Светото Писмо, и оттаму можеме да ги најдеме одговорите пред се за суштината на молитвата, а потоа и за историјата и потеклото на различните видови молитви.

Исусовата молитва била практикувана уште од првите христијани. И во Евангелието кога слепородениот моли: Исусе Сине Давидов, помилуј ме!, потоа митарот, разбојникот... и сите добиле одговор на молитвите. Значи најважна се собраноста, искреноста и љубовта во молитвата. Потоа оваа молитва не ја менувала својата форма, и како што гледаме од зборовите на св. Јован Златоуст уште од четвртиот век ја има истата форма: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме грешниот! За Исусовата молитва се вели дека е Вселенска или сеопфатна, затоа што во неа се се исповеда и правослваната Догматика ( Го исповедаме Господ Исус Христос, како Син Божји, а никој не може да го исповеда Исус Христос  како Господ без Светиот Дух) а воедно и молиме, благодариме, славословиме...
Поради краткоста на оваа молитва, човекот може полесно да се собере во зборовите на молитвата и да остане во неа. Плодовите кои ги дава Бог преку оваа молитва, до сега се многупати засведочени од многу светители, од св. Апостол Павел до св. Јосиф Спилеот, а сведоштвото и натаму продолжува во Црквата Христова, која е народот.
Молитвата Оче наш е вметната во секое молитвено правило, но заради должината, човекот повеќе се расејува, и затоа не се употребува толку често како Исусовата молитва, која може да се заснова и само на Господи помилуј. Така, Господ и нас да не помилува, зашто кога и за Бога зборуваме во моментите кога благодатта ни е повлечена, правиме само штета, прилегајќи на фарисеите кои ниту тие влегуваат ниту ги пуштаат другите да влезат во Царството на Љубовта.
 Господ да не помилува и прости како Благ и Човекољубец.

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2875
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2685
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...