логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

23/01/Лето Господово

 bogorodica.k.dol.jpg

        Со својот живот Епископот Теофан потсетува на многумина велики Отци и учители на древната христијанска Црква. Таков суд неодолливо наметнува неговиот морален и аскетски живот, неговата длабока и силна богословска мисла, искажана во пишаните - објавените дела. Роден е во 1815 година во село Чарновскоје (Орловска губернија) во Русија, од татко Василиј Тимотиевич Говоров, свештеник, и мајка Татјана Ивановна која била од свештеничка фамилија. На крштението го доби името Георгиј. Големата благочестивост на родителите на Георгиј беше прва и најважна „школа“ за неговото основно христијанско образование и насочување. Во осмата година (1823) тргна во Ливенската духовна школа. Шест години подоцна (1829) одеше во Орловската семинарија, на чие чело беше архимандрит Исидор, подоцна познат архиереј на Руската Црква. Семинаријата ја заврши во 1827 година со одличен успех. Потоа се запиша на Киевската духовна академија, којашто ја заврши во 1841 година со научен степен магистер, и тоа веќе со јеромонашко име Теофан.

             Монашкиот завет го положи истата година, значи, пред да ја заврши Духовната академија. Веќе во август 1841 година, јермонахот Теофан е поставен за ректор на Киево-софиската духовна школа. Набргу (1842) е одреден за инспектор на Новгородската семинарија, во која се истакна како извонреден предавач по психологија и логика. Благодарение на умните и духовните способности коишто го красеа, Теофан во 1844 година во Петербуршката духовна семинарија е поставен за предавач по морално и пастирско богословие. Своите предавања ги темелеше на психологијата (оплеменета со личен аскетски живот и осмислена со учењето на Светото Писмо) и житијата на великите богоугодници.

             Богат со богословие, отец Теофан во 1845 година заслужено е одреден за помошник на инспекторот на академијата, а во 1846 година ги врши должностите на инспектор. Наредната година (1847), по сопствена желба, станува член на Духовната мисија во Ерусалим, којашто ја предводеше архимандрит Порфириј (Успенски), голем познавач на Истокот и истакнат црковен археолог. За време на шестгодишниот престој на Исток јеромонахот Теофан ги посетуваше древните монашки обители и читаше стари ракописи во кои се содржани житијата на светителите и уставите на монашко живеење. Притоа, непосредно разговараше со подвижниците, особено на Света Гора. Сето ова ја загреа неговата љубов и наколнетост кон пустинското подвизување.

             Поради Кримската војна (1853) Руската духовна академија е повлечена во 1854 година од Ерусалим во Русија. Трудот на јеромонахот Теофан во Мисијата не можеше да остане незабележан. Тоа беше една од причините што во 1855 година го добива достоинството архимандрит и е поставен во Петербуршката духовна академија на катедрата за канонско право, а набргу и на должност ректор на Олонецката духовна семинарија. Истата таа 1855 година архимандритот Теофан стана член на Олонецкиот духовен конзисториј. Во тоа време особено се истакнува со проповедите и мерките коишто ги презема за сузбивање на расколништвото. Познавањето на приликите на Истокот како и познавањето на грчкиот јазик беа пресудни Руската Црква да го постави архимандритот Теофан во 1856 година за старешина на црквата при Руската амбасада во Цариград. Од тоа место одблиску ја прати ситуацијата и го известува Синодот на Руската Православна Црква за расправиите помеѓу Цариградската и Бугарската Црква во врска со расколот во Бугарија.

                Кога набргу (1857) се покажа потреба архимандрит Теофан со своето служење и искуство на Руската Православна Црква да ѝ пружи нови услуги, Светиот Синод со указ го поставува за ректор на Петербуршката духовна академија. Од тоа место своите трудови главно ги објавува во списанието Христијанско четиво, коешто изгледува под негов надзор. Основна задача му беше, меѓутоа, да бдее над духовниот, воспитен и образовен лик на студентите, па за таа цел присуствува на многу предавања на професорите и на испитите на богословите. Додека беше ректор се погоди Академијата 1859 година да прославува 50 години од своето основање. За трудот и предаденоста на службата во Академијата, Синодот на Руската Црква го награди со орден на свети кнез Владимир од трет степен. Истата таа година избран е за Епископ Тамбовски и Шацки, каде што четири години неуморно ја поучува паствата со необично едноставни и силни проповеди кои се објавени во три тома.

             За тоа време, Епископот Теофан отвора многу црковно-парохиски и други школи, и го започнува издавањето на епархиското списание. Од особена важност е неговиот богословски труд Писма за христијанскиот живот. Од себе го излева токму она со што е исполнет: духовноста, благоста, татковската љубов кон сите, особено кон ожалостените. Кога во една прилика ги посетува црквите и манастирите во својата епархија, Епископот Теофан ја посети и Вишинската пустина, којашто необично му се допадна по својата положба и монашки устав. Праќајќи го за настојател на пустината игуменот Аркадиј, пророчки изговори: „Појдете, отец игумен, таму, а Бог ќе даде и јас да дојдам при вас“. Кога 1863 година се упокои Владимирскиот Епископ Јустин, Синодот на Руската Црква одлучи на неговата епископија да го постави Тамбовскиот Епископ Теофан, со образложение дека е способен да управува со „поголема паства“. Епископот Теофан, како и во претходната, така и во новата, Владимирската епархија, непрестајно мисионери, отвора училишта, започнува со издавање на епархиски весник и др. После дваесетипетгодишното служење на Црквата на разни начини, Епископот Теофан одлучува да го оствари својот монашки идеал така што се повлекува во пустина и потполно се откажува од овој свет и обврските во него. Таа највозвишена монашка одлука е круна на духовните доживувања и небесните повици коишто Епископот Теофан ги собираше во срцето. Откако се посоветува со својот духовен раководител, Митрополитот Исидор, Епископот Теофан одлучи да упати молба до Светиот Синод, да го разреши од епископските обврски во Тамбовската епархија и да му дозволи постојано да пребива во Вишинската пустина. Одобрението го доби во 1866 година, кога е поставен за настојател на Вишинската пустина, во која до крајот го помина овоземниот живот, иако не како настојател. Набргу повторно испрати писмо до Светиот Синод, да го разреши од обврските на настојател, со цел да оди подлабоко во пустинските карпи, каде што попредадено, во мир, ќе Му служи на Бог. Сакаше, значи, нешто повозвишено од општожителниот пустински манастир и неговиот строг устав. Се повлече во тихување и постојано општење со Бог, какво што само пустината може да овозможи на вистински и искусен духовник.

             Вдлабочувајќи се сѐ повеќе во смислата на пустинското подвижништво, Епископот Теофан во 1872 година започна да живее затворнички живот. Ги прекина допирите со луѓето и престана да оди во манастирскиот храм на богослуженија, затворајќи се во посебно катче на пустинските престојувалишта, поради што е и наречен Затворник. Оттогаш ги прима само настојателот на пустината, духовникот игумен Тихон, и келијникот, отец Евлампиј. Во своето престојувалиште направи мала црква, посветена на Крштението Господово, во која последните единаесет години секојдневно служеше Света Литургија. Така тој својот затворнички живот го помина во општење со Бог преку молитвата, читање и пишување. Оттаму напиша многу писма - одговори на оние кои му пишуваа барајќи духовна помош, во што виде посебен начин на служење на Црквата Божја. Дневно му стигнуваа 20-40 писма од разни краеви на Русија. Затоа со право еден биограф го нарекува „голем мудрец на христијанската философија, кој е плодотворен до степенот кој го достигнале светите Отци од четвртиот век“.

         Богословската наука е многу збогатена со трудовите на Епископот Теофан, бидејќи своите мисли низ поуки и толкувања ги изложува едноставно и јасно, така што на сите да им станат разбирливи основните вистини на христијанската вера. Најдобар доказ за тоа е неговиот превод на Добротољубието. Искреноста, скромноста, љубовта кон човекот се основните одлики на светата душа на Теофан Затворник. „Еве, - говорел тој - јас читам и пишувам книги, а во мене нема ништо слично на она што го правеле угодниците Божји.“ Таквиот негов внатрешен свет го правеше благ кон сите. Тој беше наклонет кон тоа сите луѓе да ги смета за свети.

         Големиот праведник Бог го пресели на оној свет во 1894 година, на денот на Крштението Господово - ден на празникот на храмот којшто го основа во својата келија. Се пресели, но не престана да живее на земјата, во свеста на живите членови на Црквата Христова. Во едно од многуте напишани дела на овој Светител може да се прочита: „Умрените продолжуваат и на земјата да живеат, во сеќавањето на живите, со своите добри дела“. Во 1988 година, скоро сто години по смртта, Црквата го канонизира овој голем подвижник за Светител.

 

Извор: МПЦ-ОА

 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6391
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5590
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная