логоFacebookTwitterYouTubeeMail

sv.Efrem.Novi.Chudotvorec

Свети Ефрем Нови Чудотворец


Свети Ефрем е роден во Трикала Тесалија во 1384 година.  Во 1398 година, кога имал 14 години, Константинос Морфис (световното име на свети Ефрем),  ја оставил својата мајка вдовица и седумте браќа и отишол да се замонаши во Ставропигијалниот манастир „Благовештение на Пресвета Богородица“. Овој манастир се наоѓа на планината Амон, во Атика, во близина на селото Неа Макри. Таму ревносно му се предал на Бога и водел строг монашки живот.
         Во 1424 година, Турците насилно влегле во светиот манастир и безмилосно го заклале свештенството од манастирот. Монахот Ефрем во тој момент отсуствувал и бил во планината, во пештерата каде што се подвизувал. Кога се вратил и ги нашол телата на убиените браќа монаси, горко заплакал.        Следната година, на 14 септември, Турците повторно го нападнале манастирот. Овој пат тој бил заробен и мачен осум и пол месеци, користејќи секакви варварски методи на мачење. Откако страшно го изнараниле, го обесиле наопаку на стара црница во близина на манастирот. Потоа му го прободеле стомакот со запалено дрво и со остри цигански клинци го заковале на црницата. Таму Св.Ефрем Нови, му го предал својот дух на Бога. Ова се случило на 5 мај 1426 година, кога неговата благословена душа се преселила во Божјите раце. Пет века подоцна, преку сон се открил , велејќи: „Роден сум на 14 септември - Крстовден. На тој ден почна моето мачење. Починав на 42 години“.
          На 3 јануари 1950 година, преку видение на игуманијата на истиот свет манастир - монахињата Макарија, моштите на свети Ефрем биле пронајдени како миомирисни и мироточиви. Тие биле во утробата на земјата 524 години пред Семоќниот Бог да одлучи да ги открие. Сега моштите на свети Ефрем се чуваат во посебен ковчег во истиот манастир. Исушената стара црница на која бил обесен светителот, сè уште стои во дворот на манастирот. Таму болните се исцелуваат со поклонување на неговите свети мошти и помазание со светиот елеј од кандилото пред светите мошти. Свети Ефрем се јавува и им помага на сите кои со вера го повикуваат. Тој е еден од небесните лекари на нашево време. Им помага на слепите, на бесните, на парализираните, на сите оние на кои им е потребно и кои со вера и љубов го бараат Бога.
         Љубовта и милоста на светителот се неисцрпни. Тој самиот еднаш рекол: „Кратко пред да дојдат ужасите, ќе направам многу чуда за да го натерам светот да поверува и да се спаси“. Чудата на свети Ефрем се манифестираат секојдневно. Многумина кои имаа корист од него дојдоа повторно во светиот манастир и возбудено раскажуваа за неговите чудотворни благослови над нив. За неговото големо чудо сведочат петте тома книги кои ги опишуваат овие настани, објавени од игуманијата на манастирот - Макарија. Преподобниот маченик Ефрем Нов Чудотворец бил прогласен за светител во 2011 година. Неговиот спомен се празнува на 5 мај кога беше маченички убиен и на 3 јануари кога биле откриени неговите свети мошти.
Еве едно од неговите многубројни постхумни чуда, раскажани од г-ѓа Кристина М. од Атина:                                                       „Страдав од болки во грбот. Меѓутоа, една ноќ болката стана неподнослива и стигна до мојот врат. Потоа отидов во мојата соба и, плачејќи пред иконата на Исус Христос, почнав да Му се молам преку Неговиот угодник Ефрем да ми помогне. Во сето ова искрено страдање, и физичко и ментално, наеднаш го почувствував присуството на светецот во мојата соба и неговата светла рака како нежно ме гали по челото. Како да станав 4-годишно беспомошно дете: „Свети мој Ефрем - реков плачејќи - моли се за мене! И почна да ме теши, но не за мојата физичка, туку за мојата душевна болка:      

                „Дете мое, не плачи... Престани да плачеш и слушни ме. Јас сум Свети Ефрем. Љубовта што ја барате, вистинската љубов, е кај Бога, и Тој ја дава на оние кои го сакаат Него и кои искрено го бараат. Тука сум да ја објавам Божјата љубов кон тебе. И имајќи ја оваа љубов, не треба да се плашите од ништо, дури и од смрт. Затоа што Божјата љубов може да те спаси и заштити од секоја болест, од секоја несреќа и да ја опкружи твојата душа со непрооден ѕид, и никој да не може да ја скрши. Сепак, внимавајте до крајот на животот да не ја изгубите љубовта Божја,барајќи ја човечката. А потоа исчезна.
Извикав: „Свети мој Ефрем, не оди. Почекај малку, те молам! Немам никој на овој свет освен Бог и тебе. Смилувај ме, те молам чувај ме да не бидам неблагодарна. Чувај ме од грев. Заштити ме за да ја задржам Божјата љубов во себе и да бидам здрава. Од тој момент, мојата болка престана.      Жалбата исто така исчезна.


Тропар, глас 1
На планината Амон блесна како сонце, мачениче богоносен, и си преминал кај Бога, варварски измачуван, великомачениче  Христов Ефреме. Затоа веднаш излеваш благодат врз оние кои благочестно те почитуваат. Слава на Оној Кој ти дава сила. Слава на Оној Кој те овенчал. Слава на Оној Кој преку тебе, на сите им дава исцеление !

 

 5мај 2022 лето Господово

Избор од фб на

Игор Дервишов

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2978
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2812
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

« »