логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Епископ  Велички Гаврил Светогорец

ЧУДO 41.
За еден што се сомневал во девството на Мајката Божја и се уверил преку едно чудо

Bogorodica.Pelagonitisa.z.jpgВо осмиот век по Христа, во Атина, живеел еден ис-посник по име Елидиј, кој бил многу учен и искусен писател и правел добри и богоугодни дела. Кога умреле неговите родители, тој го разделил целиот свој имот на сиромасите и отишол во Ерусалим, се поклонил на сите свети места, а оттаму се упатил во пустината и нашол една скриена пештера околу која имало изобилно вода и зелени дрвја. Поради тишината што владеела таму, решил да остане и да живее на тоа место. Се хранел на тој начин што, по Божја повелба, една кошута редовно доаѓала кај него и му давала да цица од нејзиното млеко.
Во околината на тоа место имало град, во кој живеел некој учител, кој под влијание на ѓаволот, се сомневал во девството на Мајката Божја и мислел: како може да биде мајка и дева?! Тој долго време си го напрегал умот да ја разјасне таа Божја тајна, но не можел. Кога разбрал за тој испосник, решил да оди кај него за да го ослободи од тие лоши мисли. Штом се приближил до пештерата, испосникот, по Божја благодат, познал кој иде и излегол да го пречека. Кога се приближиле еден до друг, гостинот го поздравил домаќинот и му се поклонил, но тој не му одговорил ништо туку со бастунот удрил на еден камен и со силен глас извикал: „Дева пред рождеството"! Кога го рекол старецот тоа, за големо чудо Божјо, од каменот никнал прекрасен миризлив крин. По вторпат со стапот удрил по каменот и рекол: ,Дева во рождество" и израснал друг исто таков крин. И по третпат удрил и рекол: „И по раѓањето останала Дева!" и израснал трет исто таков крин. Потоа испосникот си отишол во пештерата, без да каже ниеден збор. Учителот се зачудил на тие големи и убави чуда, се ослободил од лошите мисли што го мачеле, и, кога се вратил во градот, им раскажувал на сите за тоа чудо за да се слави во векови. Амин.

ЧУДО 42.
Чудесно видение за тоа како една капка крв Христова е потешка од гревовите на сите луѓе

Имало некој монах, кој бил мрзлив и не ги држел монашките правила, а живеел небрежно, јадел и пиел до ситост. Меѓутоа, имал и едно добро, а тоа е што пројавувал голема ревност и љубов кон пресвета Богородица и дневно по стопати одел пред Нејзината икона и ја читал молитвата: „Богородице Дјево, радуј се!", бидејќи друга молитва и не знаел.
Така безгрижно монахот поминал многу време, не мислејќи им за пост, ни за бдение, ни за добри работи какви што им прилегаат на монаси. Но Бог, Кој го сака спасението на сите луѓе, му покажал едно страшно видение. Еднаш му се занел умот и видел како ѓаволите му ја зеле душата, ја однесле при праведниот Судија, Христа, барале да ја осуди според нејзините дела и да им ја даде. Но Христос, знаејќи и ги гревовите, им рекол на ѓаволите: „Однесете ја во силниот оган, зашто таа нема дел со Мене, бидејќи откако се крстил и се замонашил, не држел ништо според законот". Кога го чуле тоа ѓаволите, веднаш ја фатиле душата како лути ѕверови. Тогаш света Богородица станала од својот престол и Му рекла на Христа: „Те молам, Господи, послушај Ме и оправдај ја таа душа". Кога го рекла тоа, света Богородица покажала и книга, на која било напишано: „Богородице Дево, радуј се!"; она што тој и го читал на света Богородица преку целиот свој живот и заповедала да ја турат на кантарот, а од другата страна ѓаволите ставиле многу книги на кои биле напишани неговите гревови, и кои дошле потешки. Света Богородица кога видела дека таа книга не може да му помогне, затоа што гревовите му биле многубројни, пак Му рекла на Христа: „Сладок Мој Сине! Сети се дека од Мојата снага си зел тело и Си се овоплотил; Те молам, подари Ми една капка од Твојата многуценета крв што се пролеа поради грешните и дај и милост на таа душа, која многу ме сакаше и ми се молеше со големо смирение и со чиста вера". А Христос и одговорил: „Да биде Твојата волја, Мајко Моја, оти не е добро да не Те послушам, но знај дека една капка од Мојата крв ќе биде потешка од гревовите на сите луѓе". И така Сецарицата примила што сакала и го ставила тоа на кантарот од кое гревовите олеснале како пердув. Гаволите кога го виделе тоа, се разбегале и посрамени викале: „Многу е милостива Владичицата кон христијаните, а нам ни прави зло". Тогаш монахот се освестил и Ги прославил Бога и света Богородица зашто му покажале такво видение. Потоа си го поправил животот преку покајание и живеел богоугодно и подобродетелно од друтите, во слава на Бога и на света Богородица. Амин.

ЧУДО 43.
Bogorodica.Portaitisa.zg.jpgЗа еден свештеник што се сомневал во светата причест и Го видел Христа во тело како дете

Во Германија некој добродетелен свештеник, по име Пелагиј, кој бил многу побожен и имал голема љубов кон света Богородица, па кога служел света литургпја, не читал друго евангелие туку само Богородичино. Меѓутоа, ѓаволот не можел да трпи таква добрина, па му вдахнувал лоши мисли за верата и тој почнал да се сомнева во светата причест и мислел во себе: „Како може лебот да биде тело Христово и виното - крв? Дева родила еден Син, Кој страдал, умрел и по погребението воскреснал еднаш, па како може да станува лебот тело?" Така мислел Пелагиј многу време и, бидејќи прост, не смеел да праша никого туку само и се молел на света Богородица Таа да му открие на кој начин лебот станува тело Христово? Еден ден кога служел света Литургија и при крајот кога рекол: „Изрјадно о Пресвјатеј"... видел дека свештениот леб го нема на дискосот и почнал да го бара ваму - таму по земјата да не паднал, но не можел да го најде. Тогаш свештеникот се растреперил од страв и почнал да плаче и да се моли вака: „Пресвета Богородице! Знам дека поради моето маловерие кон светата литургија ме остави Небесниот Цар и не сака веќе да се причестувам со Него оти не сум достоен, но ти моли Го да ми прости според големата Негова милост и да не ми се лути докрај".
Молејќи се така, тој ја видел пред Светата трпеза преславната ангелска Царица како го држи Младенецот Господа, нашиот Исус Христос и му рекла: „Пелагиј, Тоа дете е Творец и Создател на вселената, Син и Слово Божјо, совршен Бог и совршен човек. Го зачнав Него од Светиот Дух, Го родив безболно и останав дева. Тој пострада и умре на крст, како човек, за спасение на целиот свет, воскресна и се вознесе на небото, седна оддесно на Отецот, како Едносуштен на Него и Сопрестолен, Кој пак ќе дојде да им служи на сите луѓе. Тој и сега поради Својата голема милост и љубов што ја има кон луѓето, секој ден слегува во вид на леб и вино што ви се дава да јадете и да пиете за спасение на вашите души. Допри Го без страв да се увериш дека она што го гледаш е вистина, а не привид; вистинско тело од месо и крв како кога служиш. Но, бидејќи човекот не може да јаде сурово тело и да пие крв, тогаш Семудриот Владика се јавува во вид на леб и вино за да може секој да го прими со желба. И ти сега причести се со страв Божји и вера, оти кој се причестува достојно, станува учесник во Неговата божествена слава". Кога го рекла тоа света Богородица, го ставила Детето на Светата трпеза и откако се поклонила со почит, станала невидлива. Тогаш свештеникот паднал на земја и со солзи говорел: „Верувам, Господи, и исповедувам дека си Ти Син Божји Кој се родил од приснодева Марија и Ти благодарам на Твоето благоутробие и на пречистата Ти Мајка за благодатта со која ме удостои да Те видам јас недостојниот! Прости ми како благоутробен за моето поранешно безумие, па како што ме удостои да Те видам во тело како што Си се родил од Дева, исто така удостој ме да се причестам под вид на леб и вино како порано". Откако се помолил така со вера, станал и го видел Светиот леб на дискосот, како и порано и со радост се причестил. Потоа тој поживеал богоугодно и отишол во царството небесно.

ЧУДО 44.
За воскресението од света Богородица на едно момче што го убиле Евреите

Некои христијани имале обичај да пеат во црквата пофалбени песни на пресвета Богородица и при крајот додавале: „да се срамат Евреите што не поверувале во Христа". Еден ден кога христијаните се собрале според нивниот обичај в црква, му дале на едно момче да го испее тој тропар со висок глас. Додека пеело момчето, се случило оттаму да поминат некои Евреи. Кога чуле дека пее против нив, се договориле да го начекаат на скришно место и да го убијат. И така, по неколку дена, го фатиле момчето во неговото лозје, го убиле и откако го скриле, си отишле. Но света Бгородица го воскреснала и му рекла: „И понатаму да ги пееш оние песни без страв". Тогаш момчето и благодарило на пресвета Богородица, отишло пак в црква и пеело уште помилно отколку порано. Кога тоа го виделе неговите убијци, се зачудиле и го прашале насамо: „Ти ли си оној што ние го убивме и како оживе?" А тоа им одговорило дека пресвета Богородица го оживеала затоа што и пеело пофални песни. Кога го чуле тоа убијците, поверувале во Бога заедно со своите родители и многу други Евреи се покрстиле во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.

ЧУДО 45.
За иконата на Божјата Мајка што го избавила Рим од тешка епидемија

Во 510 година по раѓањето Христово, во Рим имало таков голем помор што секој ден умирале по околу две илјади души. Кога го видел тоа папата, свети Григориј, заповедал да ја изнесат иконата на пресвета Богородица, насликана од светиот евангелист Лука, да ја носат со литија низ градот и да Му се молат на Бога за да престане поморот. Самиот архијереј ја зел иконата в раце, одел низ градот, молејќи и се на пресвета Богородица да го умилостиви Исуса Христа да престане тој гнев. Тогаш сите присутни виделе дека, каде што минувала Светата икона, болеста бегала во вид на облак, гонет од силен ветар, а пред иконата светело и воздухот останувал чист. Откако со литијата го обиколиле целиот град и Му се молеле на Бога, свети Григориј видел ангел Божји, застанат на една кула, си ја избришал сабјата и ја турил во ножицата. Тогаш свети Григориј се уверил дека по молитвите на пресвета Богородица се кренал Божјиот гнев и болеста престанала. По ова, кулата веќе не ја викале Адријанова, но на свети архистратиг Михаил и направиле црква во негово име за спомен на тоа преславно чудо и во слава на Бога и на Мајката Божја.

 

(Продолжува)

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная