логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Преподобниот Давид потекнуваше од северна Месопотамија, која беше голем монашки центар, и се роди околу 450 година по Христа. Од непознати причини дојде во Солун заедно со монахот Адолас. Според нивниот биограф, преподобниот дојде најпрво во манастирот на Светите мачениви Теодор и Меркуриј, наречен Кукулиат, чија што локација се определува „на крајниот дел од градот во близина на ѕидините“. Прекарот „Кукулиат“ или „Кукулат“ доаѓа од таму, што монасите носеле кукул (качулка), можеби според посебниот начин, ако суди некој според сочуваните претстави на преподобниот, значи, раширено на рамењата. Местото на манастирот треба да се бара североисточно од Акропол, таму каде што се препознава топонимот „Градината на овците“.


Примерите од светите мажи од Стариот Завет, особено на пророкот и цар Давид, којшто „побара време од три години, за да му даде непорочност и воспитување и разум“, го натераа преподобниот Давид да одлучи да седне на бадемово дрво сѐ додека Господ не му ја открие волјата Негова, и да му даде разум и смирение. При крајот на третата година му се јави на преподобниот ангел Господов, којшто го увери дека е услишана неговата молба и дека заврши неговото испитување како монах дендрит (кој се подвизува на дрво). Ангелот му рече да се симне од дрвото и да го продолжи подвижничкиот живот во ќелија фалејќи и благословувајќи Го Бога. Преподобниот им го соопшти ова видение на неговите ученици, барајќи помош од нив за изградба на ќелијата. Веста брзо стигна до архиепископот на Солун Доротеј и во целиот град.

Кога императорот Јустинијан со 11 новела од 535 по Христа, ги оддели од црковна јурисдикција на архиепископот Солунски северните епархии на Илирик и ја издигна неговата татковина во Архиепископија, со име Нова Јустинијана. Архиепископ Солунски беше Аристид, којшто иако ја прифати промената, сепак се обиде да го сочува политичкото значење на градот, со обнова на катедрата на епархот на Илирик од Првата Јустинијана во Солун. Иако разделувањето на црковната дијацеза не ја намалуваше вредноста на Солун, пренесувањето на седиштето на областа (епархијата) сочинуваше сериозен пад на градот. Барањето на Солуњаните, и желбата на епархот Домник, беше возвраќање на седиштето во Солун, идеја која со воодушевување ја прифати архиепископот Аристид.

За овој проблем побараа помош од преподобниот Давид, за да му го пренесе ова барање на Јустинијан, бидејќи архиепископот, како што раскажува житието, не можеше „да го напушти градот од своја власт“ за да отиде во Константиниопол. Но покрај другото, предлогот на преподобниот Давид ја покажува тежината, но и тешкотиите кои се предвидуваше дека ќе ги сретне едно такво барање кај Јустинијан, којшто неодамна ја почести сопствената татковина, Јустинијана Прима (Првата Јустинијана), со седишта на новата Архиепископија и област. По толку години затворништво преподобниот се појави за прв пат на светлината на сонцето. Неговиот изглед беше изменет. Неговите коси беа пораснати до неговите слабини и брадата до стапалата негови, така што неговото свето лице блескаше  како зраците на сонцето. Придружуван од неговите двајца ученици, Теодор и Димитриј, замина кон престолнината. Но гласот за неговото доаѓање беше стасал пред него, па така, кога стигна таму, цел град го пречека.

Неговиот пречек од страна наТеодора, сопругата на Јустинијан, како и почестите и почитта нејзина кон личноста на преподобниот, предизвикаа восхит кај сите присутни. Теодора се растрчуваше активно кога дојде Јустинијан, којшто отсуствуваше поради службени обврски, се обидуваше да го направи позитивно неговото мислење за преподобниот Давид, со цел, императорот да го покани преподобниот пред Сенатот. Преподобниот се претстави пред Сенатот на спектакуларен начин, држејќи во рацете оган со темјан кој не го гореше неговото тело. Држењето на преподобниот како и очигледното чудо им влеа страв и умиление на присутните, така што царот претпочиташе итно да ја задоволи неговата молба.

Носејќи богати новости преподобниот отплови кон Солун, којшто само оддалеку го виде повторно, бидејќи тукушто бродот го одмина ртот, тој го предаде својот дух на Бога. Овој настан се случи помеѓу 535 и 541 година по Христа.

Веста за доаѓањето на светите мошти на преподобниот под овие услови го трогна целиот град Солун. Одарот на преподобниот Давид најпрво беше поставен на местото каде што порано беа сместени моштите на мачениците Теодул и Агатопод, на запад од пристаништето. Архиепископот Аристид со голема тага заповеда сенародно погребение. Моштите на преподобниот беа погребани во неговиот манастир (Апроитон), согласно неговата желба.

Сто и пеесет години по неговото упокојување, околу 685-690 година[1], имаше еден обид за отворање на гробот, кога игуменот на манастирот Апроитон – Димитриј, „посака од голема побожност да земе парче од неговите свети мошти“. Но тукушто започнаа, плочата која го покриваше гробот се скрши и тоа беше сметано како откривање на волјата на преподобниот да излезе. Светите мошти останаа на првичното место сѐ до епохата на крстоносците. Во текот на латинското владеење на монфератот во Солун (1204-1222), светите мошти беа пренесени во Италија и во 1236 се најдоа во Павија, од каде што беа пренесени во Милано, во 1967 година.

Конечно, со заложби на митрополитот Пантелејмон, чесните мошти на преподобниот Давид беа пренесени во Солун и сместени во базиликата на Свети Димитриј на 16 септември 1978 година. (Денес се наоѓаат во свештениот манастир на Света Теодора на Хермес). Во таа прилика, од страна на Солунската митрополија беше издадена служба на нашиот богоносен отец Давид Солунски, напишана од блажениот старец Герасим од Мала Света Ана, во Солун 1978 година.

Да спомнеме две од многуте чуда на преподобниот[2].

Во една прилика довеле кај него едно демонизирано момче. Ѓаволот од момчето страшно викал, дека го гори оган кој излегува од ќелијата на преподобниот. На ова, преподобниот ја пружил раката од прозорецот на својата ќелија, и откако го благословил момчето, демонот излегол од него. Така и една слепа жена, која ја довеле кај преподобниот, тој, откако се помолил на Бога, ја благословил со знакот на крстот, и таа веднаш прогледала.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Извор: Επισκόπου Φαναρίου Αγαθαγγέλου, “Συναξαριστής της Ορθοδόξου Εκκλησίας – Ιούνιος”, εκδ. Αποστ. Διακονίας, σ. 403-407

[1] Според житијата на свети Јустин, преподобен Давид се упокоил во 548 година, пред да влезе во Солун. Бил погребан во манастирот на светите маченици Теодор и Меркуриј.

[2] Според житијата на свети Јустин.

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2018/07/09/david-solun/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2616
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2411
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

« »