логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Епископ  Велички Гаврил Светогорец

Bogorodica.markov1.jpg

ЧУДО 19.
За еден несторијанец што воскреснал

Во Сирија живеел еден испосник, кој бил добродетелен и свет, по име Партениј. Тој имал обичај честопати да оди на гората Синај на поклонение на Неопаливата капина и мислел на чудото што се случило при неа како праобраз на пречиста Дева Марија. Кога одел кон Црвеното Море, тој го пеел Дамаскиновиот тропар: ,,В Чермњем Мори неискусобрачнија невести, образ написасја..."5 Одејќи така често, се случило еднаш покрај морето да најде труп на умрен човек и од сожаление зел да го мие и да Му се моли на Бога и на Мајката Божја да му се спаси душата. Така молејќи се, умрениот оживел, му се поклонил на старецот и му рекол: „Ти благодарам крајно, Божји угодниче. Преголема е твојата љубов и вера кон Бога и кон пресвета Богородица затоа што не само тебе што ти помага туку и други ослободува од душевна смрт, па и мене недостојниот ме избави и ме оживеа". Партениј го прашал: „Те заколнувам во пречиста Дева, да ми кажеш кој си ти и што се случило со тебе?" Тогаш тој му одговорил: „О Божји слуго, треба да се раскаже овој случај по целиот свет, а најмногу за чудата што ги прави света Богородица. Слушај сега".


„Јас бев прелаган и голем верник на Несториј и кога ќе чуев некој да зборува за Богородица, многу се лутев и мислев дека е голем грев жена да се именува „Богородица". Меѓутоа, кога патував за Ерусалим по море, во коработ имаше еден Божји човек кој ме позна дека сум несторијанец и ме советуваше да ја оставам таа хулна ерес. Но, јас му се лутев многу, мислејќи дека мојата вера е вистинска. И толку многу се препиравме, што веќе не можеа да не трпат другите патници и почнаа да не разделуваат еден од друг за да биде мир во коработ. Еднаш кога седевме на палубата, почнавме пак да се препираме и се грабнавме, така што и двајцата паднавме во морето. Тогаш видов една достоинствена жена, која го фати него за рака и му рече: „Ти си мој пријател, се бориш за мене и јас не те оставам да се удавиш, но ќе те водам да се поклониш на гробот на Мојот Син, а по три години ќе отидеш во небесното живеалиште". Мене, пак, ми рече: „Оди несреќниче во вечната мака при твојот учител Нестор". И така ме покри морето и темните ѓаволи ми ја зедоа душата и ја однесоа во пеколот. Таму видов мнозина како се измачуваат и го проколнуваат Нестора, кој со својата лажна наука ги одвел таму каде што бев и јас до овој момент. Кога почна ти да се молиш за мојата душа, онаа преславна жена дојде и ми рече: „Излези одовде, оти за тебе се моли мојот слуга Партениј и кажи му понатаму да не се моли за моите непријатели; а ти да кажуваш во каква мака се несторијанците". Тоа кога го чув, веднаш ми се врати душата во телото. „Ти благодарам и те молам да ме помажеш со твоето свето миро, оти веќе го оставам Несториевото лажно и проклето верување, а исповедувам дека приснодева Марија е вистинска Богородица, и молам Нејзината милост да ме прими и мене недостојниот таму каде што се оние што нејзе и служат".


Кога го чул тоа старецот, многу се зарадувал и Му благодарил на Бога. Потоа отишле во Ерусалим и таму го нашле споменатиот христијанин. Откако се поклониле на Божјиот гроб, тројцата се вратиле во пустината и живееле заедно, угодувајќи Му на Бога и отпосле се преселиле во вечниот живот. Амин.

5 „Некогаш Црвеното Море стана слика на неискусобрачната невеста: таму Мојсеј разделител на водата, овде Гаврил служител на чудото: тогаш Израил длабочината ја мина по суво, сега Христа бессемено Го роди Дева; морето, по преминот на Израилците стана непроодно, а непорочната, по раѓањето на Емануила, остана нетлена: Ти Кој Си, и од секогаш постоиш, Кој се јави како човек, Боже, смилувај се на нас" - догматик на 5- ти глас.

  Друго:

 

 

Посети:{moshits} 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2623
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2422
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

« »