логоFacebookTwitterYouTubeeMail

cvetnici1.jpg
 

СИНАКСАР
Стихови:
Словото Божјо, Кое ги покрива небесата, Седнат на бесловесно осле, доаѓа да ги ослободи луѓето од бесловесноста.

Во овој ден го празнуваме славниот и пресветол празник Цветници (Врбица) од следнава причина: По воскресението на Лазара од мртвите, мнозина од оние што го видоа овој настан поверуваа во Христа, поради што Јудејскиот суд реши да го убие Христа, како и Лазара. Исус се повлече, оставајќи му место на злото. Евреите пак планираа да Го убијат на празникот Пасха. Тоа Му даде доста време да се задржи подалеку.

Шест дена пред Пасха, како што е напишано, дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар (кого што го воскресна). Кога беа на трпеза, со него седеше и Лазар. За тоа време неговата сестра Марија излеваше миро на нозете Христови. Утредента, Исус ги испрати Своите ученици да приведат ослица со мало осле. И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим.

Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот Давидов; благословен е Кој иде во името Господово, Царот Израилев. Всушност, тие (децата), научени од Светиот Дух, тоа го правеа во слава и чест на Христа, зашто на тој начин тие ја најавуваа Христовата победа над смртта со маслиновите гранчиња.

Имено, кај Евреите имаше обичај победителите да бидат пречекувани и прославувани со палмови (врбови) гранчиња. Овде ослето не претставува нас луѓето од незнабоштвото, на кое Христос седнува и отпочинува како победител, Кој се нарече Цар на сета земја. За овој празник зборуваше и пророк Захарија: „Ликувај од радост, ќерко Сионова! Ете, Царот твој доаѓа при тебе, кроток, седнат на осле, рожба на ослица" (9,9). А и (пророк) Давид вели за децата: „Од устите на младенците и на доенчињата си си направил похвала." Но, кога Христос влегуваше, сиот Ерусалим се потресе, како што е речено, и првосвештениците, поттикнувајќи го народот на револт, планираа да Го убијат. А Тој, криејќи се, се таеше; а кога ќе се покажеше, им зборуваше во параболи.

 

Со Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, направи не и нас победители на бесловесните страсти и на Твојата светла победа на смртта! Удостој не да го видиме и Твоето живоносно воскресение, и помилувај не, сега и секогаш и во сите векови. Амин (Види: Јован 12,1-18).
 
Извор: ПОСЕН ТРИОД
 
 
Тропар на влегување
 на Господ Исус Христос во Ерусалим
Цветници
(шеста недела на Великиот пост)

глас 1
Христе Боже,  за да  нé увериш
во општото воскресение,
пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите.
Затоа и ние, како децата носејќи ги знаците на победата,
Ти пееме Тебе, Победителу на смртта:
 Осана  во висините, Благословен е Оној  што доаѓа
во името на Господа.


 
Извор МПЦ-ОА
 
 
 
 
 
Друго:
 
 

 

 

 

 
ПреминПортал
 
 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3097
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2938
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »