логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Обновено

Како св. Василиј Велики во теологијата, така Никола Тесла во науката, а и обратно

„...онаму каде што е Нашиот Отец, таму е и татковината наша. Незнабошците кои ги гледаат само своите родители само во материјалниот свет дали како човек, или река, Сонце или Месечина, не можат ни да веруваат во некоја друга татковина освен земската. Татковината е големо богатство, Господ рекол: каде е вашето богатство, таму е и вашето срце. Но, може да значи и ова: Со ова се укажува на најдлабоката основа на човечката природа, на најскриеното битие на човекот, кое според христијаните припаѓа на духовното царство.„

Кога Никола Телса бил на врвот од својата слава, во почетокот на 20 век и кога американските и светските медиуми пишувале за тоа дека е најголем светски научник, еден негов пријател американскиот поет Џонсон го замолил да ја изложи својата животна философија. Тесла ја прифатил понудата и напишал прекрасен есеј за тоа како сиот свој живот, од најраното детство трагал кон зголемувањето на човечката енергија. Тој наведува колку бил длабоко зачуден и воодушевен кога после многу години и децении на истражување конечно го нашол одговорот, кој всушност се наоѓал покрај него, во христијанството и тоа баш во молитвата ОЧЕ НАШ како најдобар генератор на човечката енергија.
Молитвата Оче Наш се толкува на разни начини, но во секој збор на молитвата се пронаоѓа секогаш некоја нова таинска смисла. Еве, што можете да откриете во зборовите на молитвата.
Оче наш, кога ова го молитвословиш исповедаш дека Он е твојот Отец Небесен, но истовремено е и Отец на твојот слуга и работник, на твојот болен сосед и сосмртник, бидејќи зададено е од Синот Божји, врховниот Проповедник и Извршител на Вистината за Бога и за луѓето да словиш „Оче Наш„, а не „Оче мој„. Меѓутоа, постои и друго расудување, кое вака вели: Во молитвата не ништо друго изразено туку човечката душа, кога таа се исправа воздигнувајќи се толку колку што дознава дека нејзиното потекло е од Бога. А, ние сме членови Божји. Со молитвата човекот треба да се издигне во моментот на неговата потреба до развојната смисла на неговата седмочлена природа, а седумте прозби го изразуваат духовно-научното влијание на човечката природа.
Кој си на небесата, тоа значи дека онаму каде што е Нашиот Отец, таму е и татковината наша. Незнабошците кои ги гледаат само своите родители само во материјалниот свет дали како човек, или река, Сонце или Месечина, не можат ни да веруваат во некоја друга татковина освен земската. Татковината е големо богатство, Господ рекол: каде е вашето богатство, таму е и вашето срце. Но, може да значи и ова: Со ова се укажува на најдлабоката основа на човечката природа, на најскриеното битие на човекот, кое според христијаните припаѓа на духовното царство. Трите први прозби се однесуваат на трите повисоки членови на човечката природа, т.е. на човечката обожена содржина: да се свети Името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја. Потоа следат трите прозби:
- Да се свети Името Твое: Сите наши работи во овој минлив свет се осветуваат со името Божјо. Нека и нашето општествено уредување биде именувано и покриено со името Божјо. Но, може и вака: Во царството се открива Божественото во бескрајна разновидност, а одредени битија се разликуваат по она како им дадено името, кое не е само просто именување, туку и суштинско одредување во смислалата на тајната на науката.
- Да биде царството Твое: Царството Божјо не може да се оддели од Божјото царување. Царството доаѓа заедно со Царот. Бесмислено би било да го очекуваме царството, а да го отфрлиме Царот. Во црковната молитва: Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината, верниците се молат Царот, Светиот Дух да дојде и да се всели во нас. Смислата на оваа молитва е јасен: царството Божјо доаѓа тогаш кога Царот, Бог ќе дојде. Молејќи се за царството Божјо ние всушност просиме за најсовршена власт, а молејќи се за доаѓањето на Бога како Цар, ние просиме најсовршен Владика (Владетел) над себе. Или: Цел Уневерзум е оживотворен од универзална волја која се изразува бесконечна разноликост. Тој процес на битисување на бесконечната разноликост, тоа бескрајно преумножување на Божественото секаде се нарекува во таинствена или духовната наука – царство. Царството се открива во бесконечната разноликост на Божеството.
- Нека биде волјата Твоја, како на небесата, така и на земјата: Во духовниот небесен свет владее совршената Божја волја. Но, тоа владеење на Божјата волја не е со сила наметната туку нејзината духовна светлина слободно и без присила ја усвојуваат, покорувајќи ја својата волја на Божјата како единствена правда. Или може и вака: Животот на Универзумот потекнува од Божествените енергии (пројавувања). Цел Универзум е оживеан од универзална волја која се изразува во бесконечна разноликост. Волјата, значи е средиште.
Потоа, следуваат овие (уште) четири прозби:
- Лебот наш насушен дај ни го денес: Како што не говориме Оче мој, така не зборуваме ни за лебот мој. Отецот е заеднички на сите синови Божји и даровите на Отецот се заеднички. Ова е првиот морално-економски принцип на општественото уредување, морален, дека исповедаме дека лебот е од Бога, и економски бидејќи лебот што го дава Бог припаѓа на сите. Но, постои и вакво расудување: Се однесува на физичкото тело кое можеме да го набљудуваме како дел на материјалниот дел на нашата планета. Неговата супстанција е земена од деловите на планетата и во неа се враќа. Исто така, нè предупредува да живееме во денешниот миг, бидејќи бараме храна за сега, за денес.
- И прости ни ги долговите наши, како што и ние ги простуваме на нашите должници: Бог од нас одлучно ја бара оваа обврска. Он нас ќе ни прости онака како што сме им простиле. Многу е лудо да се плашиме од оваа обврска и секако од овој услов. Бидејќи ние бескрајно многу му должиме на Бога, отколку што може нас сиот свет да ни должи. И: Оваа молба се однесува на етеричното тело и на него мораме да гледаме како на дел од она што нè опкружува. Треба да се знае дека во астралното тело се сите нагони, похоти и страсти. Етеричкото тело во себе ги крие и постојаните и трајни душевни состојби. Сè она што постепено се развива, трајни тежнеења, трајни својства на темпераментот, трајни навики, сето тоа е засидрено во етеричкото или животното тело. Отсекогаш и насекаде во тајните на науката ги означувале грешките против заедницата кои потекнуваат од етеричното тело како долг.
- И не нè воведувај во искушение: Да се искушува, значи да се испитува. Да нема грев, нема да има искушенија. Но ние се чувствуваме слаби и го молиме Бога да не нè става на испит, бидејќи ќе паднеме и ќе пропаднеме. Земската власт и телесната желба штом се зачнат во луѓето, луѓето ја губат визијата за сеопштиот Небесен Отец и паѓаат во очајание и убиствена себичност, почнуваат да го слават своето име наместо Божјото. И не нè воведувај во искушение, во позитивна смисла кажано значи и спаси нè од искушенијата. Т.е. спаси нè од нас самите. И друго расудување кое вели: Сè што се менува лесно и брзо, е втемелено во астралното тело, во него се сите нагони, похоти и страсти. Тука се и сите веселби и скрбности, радости и болки, сето она што се бранува во човечката душа. Гревовите кои ќе ги стори човек повеќе од лична природа како индивидуална личност, настануваат во својствата на астралното тело. Можноста за грев на астралното тело се нарекува напаст или искушение. Во искушенијата поединецот на себе прима и некој личен грев.
- Но, избави нè од лукавиот: Се молиме небесниот Отец да нè избави од Сатаната, кој е носител на секое зло. Сатаната ги заслепува луѓето и со тоа заслепување ги води од илузија во илузија, како во личниот, така и во општествениот живот. Така од дамнина на луѓето им шепоти сатаната. А, луѓето по илјадници пати го послушале, по илјада пати пролеале братска крв, похулиле на својот Отец небесен и по илјадапати паднале во очајност.
И за крај: Преостанува уште грешката на човечкото „јас„ на вистинската личност. Самољубието влегло во човечкото тело и заради тоа човекот станал егоистично битие, „јас„ ги следи сите нагони склоности на телото. Зборот зло никогаш во тајните на науката не се употребува за ништо друго освен за некоја грешка на човечкото „јас„, односно на нашата душа.

 

8.09.2018 лето Господово

 

Друго:

galaksija.jpg

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1254
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1455
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1318
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »