логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Протераните камбани пак бијат во Москва

Комунистите во 1929 година ги продале како старо железо на американски мецена, кој ги пренесол во САД, а сега ги откупи негов руски „колега“


Московскиот и руски патријарх Алексиј Втори присуствуваше на свеченото примопредавање на 18 величествени и вредни црковни ѕвона

Во присуство на рускиот претседател Дмитриј Медведев, на патријархот московски и руски Алексиј Втори и на претставници од универзитетот „Харвард“, во минатата недела во московскиот Даниловски манастир свечено биле примопредадени 18 величествени и вредни црковни ѕвона. По речиси 80 години „егзил“ во САД, овие знаменити камбани се вратиле во татковината и во удобноста на повеќе од800годинистариотманастир.По болшевичкиот преврат во октомври 1917 година новата комунистичка власт почнала борба против религијата, но и против многу културно-историски вредности и традиции на рускиот народ. Еден од првите болшевички укази наметнал забрана за ѕвонење од црквите. Надежните носители на „новиот поредок“ почнале да ги уриваат и да ги пренаменуваат црквите и манастирите, а ѕвоната од покривите биле симнати и претопени.

БОЛШЕВИЦИТЕ ПРЕТОПУВАЛЕ БОГАТСТВО

Во 1929 година истата судбина ги очекувала и камбаните од Даниловскиот манастир. За среќа, тогаш во Москва бил професорот од „Харвард“, Томас Витмур, кој успеал да го наговори Чарлс Ричард Крејн, американски бизнисмен, милионер, филантроп и словенофил, да ги откупи ѕвоната од руските комунистички владетели. Комунистите ги продале ѕвоната како старо железо. Крејн ги пренесол во САД во 1930 и му ги подарил на универзитетот „Харвард“, кој ги биел во сите важни моменти за институцијата. Сега ѕвоната се вратени во Русија со помош на спонзорства и благодарение на еден од најголемите мецени на руската уметност, милијардерот Виктор Векселберг и неговата фондација „Врска на времето“.Даниловскиот манастир бил основан во 13 век од Данило Московски, помладиот син на кнезот Александар Невски. Со изградбата на манастирот бил означен почетокот на создавањето на Големото московско кнежевство, чиј прв кнез бил Данило. Првото ѕвоно „царско“ на манастирот му го подарил царот Фјодор Трети Алексеевич Романов, постариот брат на Петар Велики, во 1682 година. Најголемото ѕвоно, тешко 13 тони, е изработено во 1890 година во леарницата „Финљандског“ во Москва, а последното ѕвоно во манастирот било поставено во 1904 година.

МРАЧНАТА СТРАНА НА ДАНИЛОВСКИОТ МАНАСТИР

Ова импозантно здание има и своја мрачна страна. Во времето на тиранијата на Сталин манастирот бил преземен од НКВД, кој во него основал дом за децата на „народните непријатели“. Децата тука минувале низ тортурата на идеолошкото превоспитување. Многу од децата им подлегнале на болестите и на тешките услови за живот. Во средината на 80-тите години на минатиот век меѓу ѕидиштата на манастирот била откриена масовна детска гробница. На тоа место денес е подигната мала капела. Пред крајот на животот, генералниот секретар на КПСС, Леонид Брежнев, и' го вратил манастирот на Црквата.Можноста за враќање на ѕвоната првпат се појавила кога, при историската средба со Горбачов во 1988 година, Даниловскиот манастир го посетил тогашниот американски претседател Роналд Реган. Но дури во 2003 година Векселберг почнал со преговорите за враќање на ѕвоната, кои биле завршени во 2007 година. Тогаш бил постигнат договор, под услов Русија во замена да излее за „Харвард“ идентични копии на ѕвоната. Русите го направиле тоа во леарницата во градот Вароњин. Копиите пред патувањето воСАД ги благословил рускиот патријарх Алексеј Втори.

 Посети:{moshits}


 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2362
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2353
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 805
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

28/06/2026 - недела

Петровденски пости; (на риба)

Светиот пророк Амос; Свети маченици Вит, Модест и Крискентија; Преподобниот маченик Дула; Блажениот Августин, епископ Ипонски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная