логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Архиепископ г. г. Стефан

Споделувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на  храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори, во денешен Таор, Скопско, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот г. г. Стефан, од името на полнотата на нашата Помесна Црква, испрати писмо на сострадалност и поткрепа до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. г. Вартоломеј.

Меѓу другото, во писмото Неговото блаженство „со длабока огорченост, силна нажаленост и голема вознемиреност истакна дека ваквиот чин потсетува на некои други времиња коишто современиот свет и култура со право ги сметаше, а и треба да ги смета, за темно минато“.

  Истовремено, во писмото понатаму се вели: „Би сакале да ја посведочиме сострадалноста и поткрепата на целиот православен народ од нашата диецеза со Цариградскиот престол и Вселенската Црква, и со Вашата богољубива, човекољубива и, со ревност и голема трпеливост, богомдарувана личност“.

На крајот, Архиепископот изрази надеж дека силните реакции на институции и поединци низ светот, сепак ќе резултираат со измена на оваа антицивилизациска постапка.


Кратка историја на храмот на Премудроста Божја „Света Софија“ во Константинопол

Црквата Света Софија е најимпресивниот споменик на византиската и воопшто на христијанската уметност. Изградена за време на процутот на византиска градителска уметност, при светиот император Јустинијан Велики (527-565), црквата била дел од империјалниот дворски комплекс, на местото на постариот храм кој датирал од 360 година, од периодот на владеењето на император Констанциј II. Нејзините градители, двајцата генијални архитекти, Антемиј од Трал и Исидор од Милет, за мошне кратко време, во периодот од 532-537 година, непогрешливо одговориле на барањата на владетелот, кој сакал црквата да биде поголема од Соломоновиот храм во Ерусалим и во исто време да ја одразува неспоредливата величественост на Константинопол во однос на остатокот од тогашниот свет.

3.angeli.so.truba

Осветувањето на храмот се извршило на 27 декември 537 година, од страна на императорот Јустинијан и Патријархот Мина. Кога автократорот влегол во храмот останал без здив од восхит. Се искачил на амвонот, ги подигнал рацете кон небото и извикал: „Слава Ти, Боже, што ме удостои да го направам ова дело. Соломоне, те победив“.

Димензиите на храмот се импресивни: должина со предворјето – 120 метри, ширина – 72 метри, висина на куполата – 60 метри и дијаметар 30 метри. Тука архитектите ги комбинираат двата дотогаш најчесто користени модели за изградба на цркви во Византија – централната купола и базиликата.

Централниот наос (кораб) е огромна сала долга 70 метри и широка 30 метри, силно осветлена од возвишениот свод, со 40 прозорци сместени во основата на куполата. Двете странични галерии се одвоени од централниот наос со 110 исклучителни мермерни плочи, кои овозможуваат просторот да не се дели и благодарение на страничните прозорци да се постигне рамномерно осветлување на црквата.

3.angeli.so.truba
Изглед на внатрешноста на храмот

Храмот собирал 23.000 луѓе! Со посебна новела, Јустинијан одредил точниот број на оние што служеле во Света Софија да биде 526 лица, од кои 60 свештеници, 100 ѓакони, 40 ѓакониси, 90 ипоѓакони, 110 читачи, 25 псалти и 100 портари. Во времето на цар Ираклиј (610 – 641), овој број се зголемил на 600, а кратко пред падот на Градот, достигнал и до 800.

Декорацијата на „Агија Софија“ била впечатлива со својата елеганција и раскош. Од целото просперитетно византиско царство во тоа време, таа се здобила со разнобојни мермери, скапоцени камења и злато, кои биле вешто обработени од најквалификуваните мајстори во Царицата на градовите и на храмот му донеле сесветска слава. Ѕидовите биле покриени со фрески и неповторливи мозаици, пресоздавајќи ги на огромен простор библиските сцени.

3.angeli.so.truba

Олтарната преграда се издигнувал на 12 златни столбови, а иконите биле покриени со злато. Слично биле украсени и евангелијата и другите црковни книги. Црковните садови што се наоѓале во храмот го претставувале врвот на применетата уметност во Византија од тоа време и со векови потоа. Еден од најзабележителните елементи на украсот на храмот биле шесте илјади полиелеи и свеќници, кои го осветлувале огромниот внатрешен простор и создавале уникатна таинственост на црковното богослужение.

За време на освојувањето на Цариград во 1204 година, крстоносците ограбиле дел од огромното богатство на Света Софија. Но, со голем труд, православните Ромеи повторно му го вратиле сјајот и украсот на храмот.

Во 1453 година, османлискиот султан Мехмед II го ставил под опсада градот Константинопол, главно поради желбата на султанот, Градот да стане нова престолнина на исламот и на Османлиското Царство. На 29 мај, „Окото на светот“, „Царицата на сите градови“, „Украсот на вселената“ – Константинопол паднал во рацете на мухамеданците, и според шеријатското „право“ бил подложен на тридневно грабање и колеж од страна на војниците.

3.angeli.so.truba
Падот на Константинопол 1453 г.

Во тоа беснеење, не бил поштеден ни храмот на Премудроста Божја. Всушност, ограбувачите верувале дека во неа се наоѓаат најголемите богатства на градот. Веднаш по влегувањето во градот, голем дел од војниците се упатиле кон портите на Света Софија. На 28 мај, додека османлиската армија се подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани литии и молитви на повеќе места. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување, била отслужена и последната света Литургија. Црквата во исто време организирала прибежиште за оние кои не биле во можност да придонесат во одбраната на градот. Откако Османлиите успеале да ја отворат портата, луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот за робје. Според сведоштвото на хроничарите, имало и силувања во храмот. Војниците се бореле меѓу себе, за кој да приграби што поголемо богатство. Според венецијанскиот лекар Николо Барбаро: „Во текот на целиот ден Турците вршеле колеж над христијанското население во градот“. На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот.

Заробени в црква, верниците и бегалците станале плен на напаѓачите. Објектот бил ограбен, а луѓето заробени или убиени, некои од старите и изнемоштени лица, исто така биле убиени, а остатокот оковани. Кога султанот, кој имал страст понекогаш со голи раце да ги дави своите противници, заедно со неговата група влегол во црквата, тој веднаш кажал дека таа треба да биде претворена во џамија. Еден улема се искачил на говорницата и започнал да го рецитира шехадетот. Четири дена подоцна, целиот град бил покриен со слаба магла, која не претставува вообичаена метеоролошка појава во месец мај, во тој дел од светот. Кога маглата се дигнала истата вечер, чудна светлина почнала да се појавува околу куполата на Света Софија. Оваа појава била протолкувана како Светиот Дух да ја напушта катедралата.

3.angeli.so.truba
Изглед на надворешноста на Света Софија пред да стане џамија

Така, веднаш по освојувањето на Градот, Мехмед II ја претворил црквата во џамија. Фреските и мозаиците, согласно исламската практика, биле покриени со малтер, светите икони уништени, а светите садови разграбани и претопени. Според пишувањата на неколку западни очевидци, по заземањето, Света Софија била доведена во многу лоша состојба. Султанот наредил да се расчисти објектот. Тој лично присуствувал на првата петочна молитва во џамијата на 1 јуни 1453 година.

По прогласувањето на Турција за Република и преместувањето на престолнината во Анкара, по иницијатива на Кемал Ататурк и на западните сили, храмот „Света Софија“ во 1935 година бил претворен во музеј. Започнале да се извршуваат конзерваторски работи во храмот.

3.angeli.so.truba


Откриен еден мал дел, мозаик на Св. Архангел Гавриил

Во текот на 30-тите години на минатиот век, од страна на Византискиот институт на Америка, предводен од Томас Витемор, биле преземени широки реставраторски активности, при што биле откриени голем број на мозаици. Христијанските иконографски мозаици започнале да се откриваат кога започнал да се вади малтерот од ѕидовите. Во горната галерија се откриени мозаици на Исус Христос, Пресвета Богородица, ктиторски портрети на византиските императори и нивните жени. Над влезните врати се сочувани фигурите на основачот на новата престолнина на Римската империја – Св. Константин, прикажан со модел на градот, главниот ктитор на храмот – царот Јустинијан Први Велики, држејќи модел на црквата, а над царските двери – Пресвета Богородица и Младенецот. На страничната апсида, реставраторите најдоа претстави од Свети Архангел Гавриил и други Светии, што предизвикало сеопшт восхит. Со помош на сондирање и користење на современата техника, се дојде до сознание дека на големата купола се наоѓа уникатна и восхитувачка претстава на Господ Исус Христос Седржител, но турските власти не дозволуваат да се открие, бидејќи е прекриена со исламска калиграфија. Во периодот од 1993 – 2010 година била спроведена нова реставрација. Таа опфаќала обнова на централната купола на храмот како и на крстилницата. Основниот реставраторски зафат бил околу огромната купола, чиј дијаметар изнесува 31,5 м. Реставриран и исчистен бил и златниот мозаик. Бил откриен само еден мал дел, а тоа е ликот на ангел – Серафим, кој е со размер 1,5 х 1 метар. Се смета дека на куполата има уште три ангелски мозаици, кои се покриени денес со малтер, а во последно време со малтер е покриен и единствениот откриен Серафим.

3.angeli.so.truba


Мозаик со ктиторите на Св. Софија и на Константинопол: Св. Цар Јустинијан и Св. Цар Константин

По неодамнешната промена на статусот на „Света Софија“, специјалистите се скептични во однос на запазувањето на христијанските светињи во храмот. Подвижните експонати, поврзани со христијанската историја на храма, ќе бидат пренесени во музеј. А изобразбите (фреските и мозаиците) по ѕидовите за време на намазите ќе бидат покривани со специјални светлини, коишто ќе „проектираат“ врз нив сури од Куранот. Шеесетте тони волнени килими, коишто ќе се користат при намазот, исто ќе ја променат влажноста и ќе се одразат на запазувањето на културните блага, изјавија специјалисти.



Ова е текстот на псалмот за којшто е создадена мелодијата:



Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство,

го осквернија светиот Твој храм,

мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни,

а телата на Твоите светии – на земните ѕверови;

ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.

Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас;

До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано,

до кога ќе гори лутината Твоја како оган?

Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат,

и врз царствата, кои не го признаваат името Твое,

не спомнувај си за нашите стари гревови,

туку помогни ни скоро и помилуј нè.

 


Гласовен документ: Како би звучело кога би се наоѓале во Света Софија пред 1500 години

 

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/soopshtenija/soopshtenie-na-sinodot-po-povod-promenata-na-statusot-na-sveta-sofija-carigradska/

 

27ми јули 2020 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1121
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1056
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

« »