логоFacebookTwitterYouTubeeMail

   ilia ii

  04/01/2016   Поуки - совети

Денес, на роденденот на Светејшиот Католикос-Патријарх на цела Грузија, Илија II,  објавуваме кратка белешка за тој голем Претстојател на Грузиската Православна Црква.

Колку поразително е прекрасна нашата планета Земја! Нема таква земја, која не би била одбележана со печат на чудесна природна убавина. Како на секоја земја да ѝ е даден уникатен скапоцен драг, така што никој да не остане одделен. И колку тагува човекот, кога на долго заминува од својата Татковина. Како да го слуша нејзиниот повик: „Врати се! Јас, Татковината – сум твоја родна, без тебе страдална мајка… Те чекам“. Земната Татковина – е праобраз на таа Небесна Татковина, по која човекот чезнее цел живот. Ние не го разбираме јазикот на човечката душа, но на сите ни се јасни тие доживувања. Често, гледајќи на природата, кога нејзините образи се посебно умилителни – прозрачните утра на зората, вечерите под тивко зајдисонце, ноќе, кога се појавуваат и почнуваат да светкаат ѕвездите – ние доживуваме чудни чувство. Очигледно, има некакви тајни знаци во природата, кои се разбрани од нашата душа, но заборавени од нас. Како некој таинствен глас да ни напомнува: „Сети се, дека има и друга, нетлена, вечна убавина. Сети се на нејзиниот Создател, човеку! Сети се, дека ти си создаден за вечна среќна љубов, непорочна и бескорисна“. Гледајќи на таа неземна убавина, како да ни оживува душата, и таа се пронижува од внатрешното гледање на Вистината. А барем еднаш во животот, секој човек се замислува за вечноста.

Нема нација на земјата, во која немало духовно прекрасни луѓе, надарени со длабока вера, преданост, пожртвуваност и одѕивност. Тоа се луѓе од посебен род, за кои Пресвета Богородица рекла: „Овие – се од нашиот род“. По таквите луѓе судат за земјите. Тие – се лице на нацијата, и образот Божји, според кој ние сме создадени, во нив се гледа во посебна боја. Длабоката човечност и дарот на љубов нè ородува со нив, во нивното присуство чувствуваме тивка радост, а од радоста – среќа, затоа што единствената радост и среќа – се во непорочната Христова љубов кон Бога и кон ближните. Немајќи ја таа љубов, ние ја чувствуваме нашата сиромашност. Сепак, моментите кога сме ја почувствувале таа љубов, или пак по дарот на благодатта сме можеле самите да ја пројавиме, ги греат нашите срца цел живот, и не само нашите, но и на нашите деца и потомци. Дај ни го Господи, Твојот драгоцен дар – умешноста и желбата да Те љубиме тебе и ближните, без кој ќе останеме никој и ништо на оваа земја и во бескрајната вечност.


gruzija

Древна Академија, двоспратен храм на св. Николај, манастир Гелати, Грузија. Фото: Лариса Хрусталјева

Постои на нашата родна Земја, чудесна земја Грузија, избрана од Пресвета Богородица. Првото наследство на Мајката Божја. Зошто и заради што, оваа земја има толкава чест, милост, награда и утеха од Господ, знае само Господ. Но и нам ни се приоткрива мало знаење, кога ги читаме летописите на таа земја. Сета историја на Грузија, започнувајќи од нејзините цареви, царици, духовни лица и прости луѓе – е длабока предаденост на Христос. Колку во Грузиската Црква имало свети цареви и царици, кои го занемариле раскошот и задоволството од долгиот живот, а некогаш примиле и мачеништво и смрт за Христос и народот! Колку монаси ја натопиле земјата со својата света крв! Колку прости граѓани го претпочитале маченичкиот венец пред предавството и одрекувањето од Христос Спасителот! Небесната Црква е полна со грузиски светители. Многумина од нив се изобразени на иконата „Слава на Грузиската Православна Црква“. И колку повеќе читаш и ја изучуваш историјата на Грузија и го дознаваш нејзиното вистинско лице, толку повеќе разбираш, од каде и за што ѝе дадено толку љубов и благослов од Господа: за пожртвуваноста и преданоста на Господа.

Чудесна и прекрасна е Грузија во обичните пројави на својот народ. Тоа се гледа, кога луѓето се покажуваат од својата најдобра страна, кога го покажуваат она, што им е всадено уште со мајчиното млеко: топлиот однос кон луѓето, желбата за бескорисна помош. Многу од оние, кои биле во Грузија, тоа го виделе и го почувствувале врз себе. Многумина се сеќаваат на таа топлина и љубов. И секогаш во луѓето присуствува вистинска желба и жед за взаемна љубов и помош. И колку е тешко да се гледа човек и народ, кога ја губи благодатта Божја… Тогаш се рушат сите врски – и со ближните и со далечните. Дај ни Господи, секогаш со љубов да се однесуваме кон луѓето!

Има уште една утеха за грузискиот народ од Господа. Тоа е Светејшиот Патријарх Илија II. Тој е даден како утеха на луѓето од неговата епоха, луѓе, измачени од граѓанската војна, глад, болести и безработица. Тој е сличен на пророкот Мојсеј, кој го води својот народ преку пустината во Ветената Земја, за која толку мечтаат луѓето. Во него има невидлива убавина и сила. Тој има дар на мајчинска љубов кон човекот, која во секој народ се нарекува света. Тој постојано се обраќа кон луѓето со проповеди, се труди да ги утеши и поддржи и притоа јасно го укажува патот, по кој може да се достигне главното: радоста во овој живот и вечното спасение.
ilija II
ilija II

Неодамна, Патријархот Илија II рече во една своја проповед: „Најмногу на човекот му недостига радост и спокојство. Ние треба да помниме, дека радоста доаѓа само во срцето на оној човек, кој ги љуби другите луѓе, кој Му верува и Го љуби Господа. Затоа, потрудете се да го чувате мирот во себе и во своите домови. Ве благословувам, да немате повишен глас во домовите. Ако со вас гласно разговараат, не одговарајте на ист начин… Се сеќавам на моите приснопамјатни родители. Тие така нè пораснаа, што ние, децата, не се сеќаваме на ниеден повишен збор од нив. И вие трудете се да го вкорените тој обичај“. Тој постојано ја благословува паствата со зборовите: „Господ нека ви подари мир и радост. Како што веќе сум ви рекол, радоста – е последица на љубовта. Кај што има љубов – има и радост. Кај што нема љубов, има непријателство“.

Патријархот Илија II им благословил на луѓето да бидат весници (ангели) на радоста еден кон друг, им благословил да размислуваат на тоа, како и со што да ги израдуваат ближните, им благословил да си кажуваат еден на друг пријатни и радосни работи. И најважно, често им дава молитвено правило, кое помага да се надминат животните маки и тешкотии. За време на политичката криза, кога Грузија можела да се најде на работ на катастрофа, постојано гореле свеќи во црквите пред светињите. Се подигале светите мошти и икони, и со авиони се извршувале воздушни литии. Ја попрскувале и осветувале земјата од воздухот. Патријархот Илија благословил постојано да ги оросуваат своите домови и улиците со света вода. На сите им бил даден благослов, непрестајно да ја читаат молитвата кон Богородица: „Дверите на милосрдието отвори ни ги, Благословена Богородица“. И Господ ја оттргнал бедата!

Патријархот постојано ги собирал околу себе сите, вклучувајќи ги и научниците и интелигенцијата. Тој зборува за важноста на науката и културата, за важноста на националните традиции. Се труди да го поддржи секого во неговите почетоци. Патријархот е едноставен во општењето и сосема достапен. Секој ја чувствува врз себе ласкавоста и утехата од неговата молитва. Нема за него туѓи луѓе, за кои не страда неговото срце.

Еднаш, при средба и разговор со некои жени, на кои им умреле децата, Патријархот Илија горко, со душевна болка заплакал, и како утеха почнал да им раскажува:


ilija II roditeli

Родителите на Патријархот, Георгиј и Нато (Наталија) Шиолашвили со синовите Тејмураз, Шото и Виктор. 1932 год

„Сакам да ви го повторам тоа, што ви го кажував претходно: вашите деца се живи. Тоа мора да го помните. Тие – се жители на Небесна Грузија. И јас сакам, нивните души да се израдуваат денеска. Се сеќавам на смртта на мојот постар брат Тејмураз. Јас бев осмо одделение, кога тој се разболи со менингитис. Наближуваше Рождеството Христово. Еднаш, кога тој веќе легна, јас стоев крај вратата, и тој ме повика: „Ираклиј, дојди до мене“. Јас отидов, а тој ми рече: „Види кој дојде кај нас!“ „Кој?“ – прашав. „Света Нино“, – ми рече.

Подоцна, тој почина, и јас го видов во сон. Гледам: оди јагне. Ние имавме голема куќа со голема визба. Таму секогаш се подготвуваше гозбата за Рождеството Христово и за Пасха. И така, во сонот, луѓето ја готвеа храната, а јагнето оди таму-ваму. И јас прашав некого: „Чие е ова јагне?“ Тогаш, тоа само дојде кај мене и ми рече со човечки глас: „Јас сум твојот брат Тејмураз“. Јас го зедов тоа јагне в раце и го понесов во собата, кај што се наоѓаше нашиот голем свет агол за икони. Во центарот стоеше иконата „Слава на Грузиската Православна Црква“, а над неа иконата на Бог Отецот. Од кога помнев за себеси, секогаш било така. Тогаш му реков: „Покажи ми го твоето вистинско лице“. И одеднаш, јагнето се претвори во Тејмураз – онаков, каков што беше жив. Јас го прегрнав и го прашав: „Се молиш за мене?“ А тој покажа кон иконата „Слава на Грузиската Православна Црква“ и рече: „Сите тие луѓе се молат за тебе“. И сакам да ви кажам дека тоа е така: јас го чувствувам тоа. Ако тие не се молеа, јас не би можел да понесам толку тежок крст. Уште еднаш во повторувам: вашите деца бараат да облечете светла облека“.

Патријархот Илија имал дар и потреба да ги утешува другите луѓе, и топла желба да им притекне на помош.

Во рускиот филм „Сончева ноќ“, снимен со голема љубов, Патријархот Илија зборува за љубовта и Татковината. Во тие зборови, е целиот тој:

„Јас не можам да сфатам, дали Грузија е во мене или јас во Грузија. Грузија – пред сè, е Татковина, врска со предците. Ние се чувствуваме еден народ со вас. На руски велат: „Сакам да се радуваме вечно“, а ние имаме: „Радувајте се во двата света!“.

Човекот – е плод на љубовта. Кога зборуваме за современиот човек и за тоа, што ни недостига, разбираме дека токму љубовта и ни недостига. Со човекот завладеала гордоста и личната корист. Човекот мисли само на себеси. И за жал, тој ја губи врската со Божествената љубов. Љубовта – е целосно самооддавање. Во грузискиот јазик има различни зборови, кои изразуваат љубов: „шени чириме“, што значи „ги земам сите твои маки врз себе“, и „шен генацвале“, т. е., „за време на сите искушенија, јас ќе те заменам“. Љубовта е опширна и необјаснива, како што е необјаснив и Самиот Господ“.

Толку се длабоки тие зборови, што немаме што да додадеме, освен тоа, Господ да му даде на нашиот Патријарх толку голема, нетлена и бескрајна утеха, љубов и радост, каква што тој ни подарил и ни дарува, нашиот роден и од сите возљубен отец, Патријархот Илија II, уште на многу години.

Тамара Манелашвили

Го препорачуваме документарниот филм за Патријархот Илија II, достапен со македонски превод.

https://www.youtube.com/watch?v=HU2wgwZfHe8

 

 

http://www.pppe.mk/2016/%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1475
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1343
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »