логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Смртта и животот на човекот после смртта
 Бој се од Бога и чувај ги Неговите заповеди. Денес – утре ќе дојде смртта. Таму ќе одговараме. Почесто за тоа размислувај, па ќе го чуваш срцето од зли чувства и склоности...
... Сè е под Бога, и кој знае како ќе дојде Ангелот со повик на оној свет.
Оснажете го срцето и бидете храбри. Зашто самата сестра нема да умре, телото умира, а личноста кој умира останува. Само преминува во друг  поредок на живот. Е, и вие, кога таа ќе замине, преминете со своето внимание таму. Во телото кое лежи под покровот и кое потоа се изнесува неа ја нема. И во гробот не ја полагаат неа. Таа е на друго место. Еднакво жива како и сега. Во првите часови и денови таа ќе биде околу вас. Само што нема да проговори и нема да можете да ја видите, но ќе биде тука... Сфатете го тоа.
Ние кои остануваме плачеме за оние кои отишле, а ним им е одма полесно: таа состојба е попријатна. Оние кои одумреле и потоа се вратиле во телото, наоѓале дека тоа е многу неудобно престојувалиште. Тоа ќе го почувствува и сестрата. Нејзе таму ù е подобро, а ние се кинеме, како некоја несреќа да ја зафатила.
Ти нема да умреш. Ќе умре твоето тело, а ти ќе преминеш во  друг свет, жива, свесна за себеси и светот кој те опкружува... Таму ќе ти биде подобро отколку овде. Значи, не плаши се кога ја гледаш смртта како се приближува. Таа за тебе претставува врати во  подобар живот. Ангелот-чувар ќе ја  прими твојата душа и ќе ја поведе по патиштата на кои Бог ќе заповеда. Ќе се појавуваат гревови. Кај се за сите. И биди тврда во верата дека  Господ ги брише сите гревови на грешниците кои се каат.
... Умрените се – живи. Живи се и вашите родители. Тие само се одвоиле од вас и почнале да живеат на друго место. Таму и вие во свое време ќе преминете и ќе се видите. Раздвојувањето е само привремено. Затоа и велам дека не треба многу да се тагува, туку само малку, како кога некој заминува од куќата на учење.
... Ние умрените ги замислуваме онака како што изгледале додека лежеле на масата во ковчегот... а потоа кога се во гробот, па дури и закукуваме: колку ти е мрачно, колку ти е тесно, колку тие влажно таму... Меѓутоа, таму воопшто ги нема оние кои ги оплакуваме. Тие се на друго место, дури и околу нас, само во потполно подруг облик.
Тие го продолжуваат и општењето со нас, непосредно со душата, а ние тоа нее го слушаме заради грижите. Така наместо тага, која е бескорисна за вашите родители и штетна за вашето здравје, повелете да ги замислувате живи и да водите душевна беседа со нив. Тоа нема секогаш да биде фантазирање, туку понекогаш и реалност, зашто тие биваат со вас.
Претерано многу зла доаѓаат од од мислата дека смртта е далеку, далеку. Повелете, приближете ја и знајте дека за неа не е ништо да прискокне оддалеку... Разгледајте ги сите видови на изненадна смрт, па видете која од нив не може да се понови и над вас – сега, додека ги читате овие редови? Нема мисла која повеќе може да ја продрма лекомисленоста од мислата за смртта. Но исто така, ни една мисла не  е од нас подалеку од оваа.
Болеста доведува директно до сеќавање на смртта; но биз тоа можеме да се досетиме, па мислата да ја привиеме кон сеќавање на смртта.
Ако ние, откако Бог ни открил толку големо богатство за нас – да знаеме за пеколот – и понатака безгрижно грешиме, тогаш што би било кога за тоа не би знаеле? Сега, сепак, некој греши, греши – па ќе се замисли.
... Треба да се има вера: Да не се тагува прекумерно и да не се заборава она сфаќање за смртта и умрените кои ни го дава христијанството. Умрела!.. Не умрела таа, умрело телото, а таа е жива – живее како и ние, само во друг начин на постоење. Таа и кај вас доаѓа и ве набљудува. Чудно е тоа што вие плачете и кукате, зашто нејзе сега ù е подобро. Тој начин на постоење е повозвишен од нашиот. Кога таа би се појавила и кога би ја прашале дали сака би сакала да се врати во телото, за ништо на светот не би се согласила на тоа. Зошто да бидете во такво несогласување со неа? Зошто би го сакале она што таа го нејќе? Каква ќе биде таа љубов?
Оние кои отишле, се движат брзо како мисла.
Стравот од смртта – е спасоносен страв; но, кај вас таа спасоносност се уништува со одсуството на надежта за спасение. Надежта на Господа Спасителот, не уништувајќи го стравот од смртта, го уништува неговото убиствено изопачување и широко ја отвара вратата на неговото отрезнувачко дејство на душата и неговата предаденост на волјата Божја. Почесто размислувајте за смртта и за сè што ја следи, па од сто тоа извлечете лекции за себе, чувајќи во срцето предаденост на волјата Божја.
Господ ни на Страшниот Суд нема да бара начин како да ги осуди сите, туку како да ги оправда. И ќе го оправда секого, ако би постоела макар и мала можност за тоа.
Драгоцен е благословот на оние кои умираат... Не е силен затоа што се слуша, туку затоа што се изговара од срце.
Да се умре? Тоа не е ништо намерно. Смртта треба да се очекува. Како што будниот човек преку денот ја чека ноќта да би отишол на одмор, така и секој кој живее треба однапред да го гледа својот крај, кога ќе почине. Само, дај Боже да починеме во Господа, за да би биле засекогаш со Него!
Гробишта! Зошто да се грижиме околу тоа? Каде и да не погребаат, сеедно е. Каква е користа на душата од местото на кое е погребано телото?..
На оној кој се подготвил, смртта никогаш не му доаѓа рано.
Вие се подготвувате за далечен пат – онаму од каде што нема враќање. Никој тој пат не може да го избегне. Но, бидејќи моментот кога на него ќе зачекориме е неизвесен и се знае само дека може да настапи секој час, најдобро е да се мисли дека е време за одење дома и секогаш да се биде спремен за тоа...
Оние кои умираат надвор од верата и Црквата налик се на самоубијци... Црквата за самоубијците не се моли, зашто тие умираат во смртен грев кој не е разрешен – очистен со покајание... Горко е вашата љубов да го чуе тоа за своите родители... но на нив може да се примени она што е одредено за новороденчиња кои умираат без крштение. Овие последните се предаваат на безграничното милосрдие Божјо.
Да се видат луѓе како заминуваат од овој живот, тоа е најдобра животна лекција...
Мислата држете ја во очекување на смртниот час... и што почесто повторувајте ги овие зборови: еве го, еве иде... Кој? Ангелот на смртта... Ќе ја земе душата и ќе ја однесе онаму од каде што нема враќање.
Стравот од смртта и мислата за неа се голема потпора над вниманието над себе.
Смртта за нас е голема тајна. Таа е обсјаена со верата Христова, но сепак представува нешто скриено.
Да се има на ум смртта!.. Тоа е секогаш спасоносно и од дамнина се советува како плодоносно богатство.
... Подсетувањето на смртта... Зошто за тоа да се вознемируваме? Таа денес-утре ќе дојде; и со вознемирување нема да ја оддалечиме. Нам со тоа и ни е одредено да се сеќаваме на смртниот час и секогаш да бидеме подготвени за него. Тоа треба да биде наше главно дело. И секојдневно, дури и секој час да се молиме: „Господи, удостој ме со христијански крај на животот, без болест, непосрамен, мирен и да дадам добар одговор на Страшниот Суд Твој“.
Смртта всушност представува – двери од татковината на блажениот живот.
Судбината на покојните не се смета решена до сеопштиот суд. Дотогаш никого не можеме да го сметаме за конечно осуден и на основа на тоа се молиме, утврдувајќи се со надежта во безмерното милосрдие Божјо.
Дека оние кои отишле се живи, само дека живеат со друг живот, дека се свесни, дека пребиваат во меѓусебно општење, соодветно со тамошните услови и начин на живот, дека нè набљудуваат и доаѓаат кај нас, дека ги слушаат нашите молитви за нив, дека се молат за нас и ни даваат совети – сè во склад со тамошните закони и обичаи, а кому како ќе се присака – тоа верните треба да го сметаат за сигурно, иако по сите точки ништо сигурно не можеме да кажеме.
... Идниот рај не донесува блаженство однадвор, туку го воспоставува внатре – како неисцрпно восклукнување во радост и утеха.
На покојникот в рака му даваат крст. Ова има големо значење! Победна сила! Таа рака веќе не се подига на пораз... И другиот крст таму е силен: кој во текот на животот со подвизите и делата на самоодрекување изобразил крст во себе, тој и самиот станал – крст победителен.
Слабоста посдсетува на смртта, но не прорекува за нејзиниот час. Примајќи подсетувања, не е неумесно да се спремаме за неа... Блаженото сеќавање на исходот: заедно со сеќавањето на Господа, тоа представува цврст темел на христијанското добро расположение на духот.
Што ќе биде на оној свет, ќе видиме. Сите ќе се собереме на едно место и не е чудо што ќе добиеме можност да се видиме еден со друг.
Колку пати веќе имало предскажувања дека крајот на светот само што не настапил. И не биле во право. Спасителот на светот рекол дека никој не го знае времето. Така нема причина да нагаѓаме и да се вознемируваме заради туѓите нагаѓувања. Дека Второто доаѓањеќе настапи, тоа е несомнено. И несомнено е дека ќе биде изненадно – со сите големи претходни знаци. Нам ни останува само непрестајно да Го очекуваме Господа и да се подготвуваме са средба, не нагаѓајќи за времето.
За судбината на покојникот никој од смртните не може да донесе конечна одлука. Но, во духот на нашата вера, не можеме да не чуваме надеж дека милостивиот Господ ќе ја излие Својата милост на него.

Друго:

 

 Св. Теофан Затворник: Спомнување на покојните (Речник на христијанскиот живот - 62)

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1130
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1075
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

   Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво,...

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

« »