логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

Духовно раководство и послушание

    21.Плаши се да не останеш без никакво раководство; барај го него како      вистинско богатство.

    Вистина е дека се‘ поретко и поретко се наоѓаат лица, на кои би можеле со доверба да им се обратиме за совети во однос на духовниот живот. Но нив секогаш ги има и ќе ги има. И оној кој ги бара секогаш ги наоѓа по милоста Божја.
    Треба да му се молиме на Бога, да се оди кај духовникот со прашање, и да се моли Бога, да му ја даде потребната мисла на духовникот.
    Вистинското послушание е да се слуша, не гледајќи на причината (поводот) и без оглед на своето несакање.

Неволји

    Има многу живеалишта приготвени на небесата: но сите тие се живеалишта на оние кои страдат и се мачат.
    Кога надоаѓаат неволји, чувајте ја во умот мислата, дека тоа ви е пат кој Господ ви го пробива до Своето Царство, или поточно: ве фаќа за рацете, и ве води.
    Спасителната Божествена благодат, за будење на грешникот од успивање, ја насочува својата сила за разорување на оној столб, на кој некој самостално се утврдува и почива, и го прави следното: на оној што е врзан за угодување на телото, го фрла во болест и ослабувајќи  го телото му дава слобода на духот,  да си дојде при себе и да се отрезне. На оној што е опрелестен со својата убавина и сила, го лишува од убавината и го држи во постојано изнемоштување(слабост). Оној што се надева во својата власт и сила, него го подвргнува на ропство и понижување. Тој што премногу се потпира на своето богатство, му се одзема истото. Кој многу се возвеличува, тој бива посрамен како незнајко. Оној што се потпира на цврстината  на своите врски, кај него тие се раскинуваат. Оној што се надевал на вечноста на поредокот што го создал околу него, кај него тој се разрушува во лицето на смртта  или со губењето и на најпотребните работи.

Семејниот живот и воспитувањето на децата

    На оној што живее во семејство, нему и спасението му доаѓа од семејните добродетели.
    Бог го поставил мажот да &   биде чувар (заштитник) на жената. И неретко, тој и самиот не знаејќи го тоа, &   дава такви дозволи или забрани на жената, какви што Му дава Бог.
    Имајќи ја жената за сопатник со твојата силна љубов натерај ја да ти биде покорна.
    Жените треба да се украсуваат себеси првенствено со добродетели, другите украси да ги носат како нешто споредно.
    Неработењето со децата е најголем од сите гревови: во него  е крајниот степен на бесчестие.
    Секогаш им велам на мајките, грижливи за своите деца: вие сте причесници на маченичкиот подвиг, па таков венец и  очекувајте.
    Нема поголем грев од непочитување и  ожалостување на мајката. На оние кои ги почитуваат родителите  им се ветени богатства. А на оние кои не ги почитувааат лишување  од богатствата.
    Мошне благотворно (полезно) влијание на децата има нивното носење во храмот, приклонувањето кон светиот Крст, кон Евангелието, нивното принесување пред иконите, осенувањето со чесниот крст, попрскувањето со света вода, осенувањето на лулките со чесниот крст, храната и се' она до што се допираат децата, благословувањето на свештеникот, и воопшто с# црковно на чудесен  начин го загрева и храни благодатниот живот на децата, и секогаш е тоа вистинската безопасна и непробивна ограда (заштита) од нападите на невидливите темни сили.

Телесно здравје

    Здравјето - е како коњче: ако  го премориш нема на што да јаваш.
    Се' она недолично што сега вообичаено го зборуваат разузданите момчиња, после ќе се одрази во нивната старост со болести и немоќи.

  38. Воздржувањето од страстите е подобро од сите лекови, и тоа дава долг живот.                                                                                                         

Смрт и сеќавањето на смртта

    Сеќавај се дека, ти говорејќи, раѓаш збор, и тој никогаш не умира, но ќе живее до Страшниот Суд; ќе застане пред Тебе и ќе биде за тебе или против тебе.
    Како што е многу злото од мислите, така е и смртта за многумина. Повелете прибижете & се, и  запомнете, дека  неа нема ништо да ја прескокне.
    Засадете го во себе подлабоко стравот Божји, и тој земајќи го во своите раце орањето на бразди на вашиот внатрешен човек, ќе ве насочи да го следите Господа.                                                                                                                                                                                        

(продолжува)

 

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/pouka/50-pouki-na-svetiot-teofan-zatvornik-ii-del/

 28ти ноември 2019 лето Господово

 

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

7.Vselenski.sobor

 Од книгата Тајната на Спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

7.Vselenski.sobor

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zoshto-ima-s-pomalku-vreme-arhimandrit-rafail-karelin/

“Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога
и Бог беше Словото.” – Јован 1,1

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2970
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2805
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »