логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(продолжение)

Значи, постоењето на вистинската Црква се покажува со степенот на успех. Во медицината се вели дека една точна медицинска теорија се разликува од погрешна според степенот на успехот. Слично на тоа, еден доктор е добар зависно од степенот на успехот во лекувањето.Слично е и со Црквата. Организирана Црква е онаа која го лекува човекот.

 Еротеј, Митрополит на Нафлакт

Нејзиното постоење се покажува преку успехот во лекувањето на помрачениот ум.
sekularizam.vlahos2.jpgСветскоста во Црквата е директно поврзана со загубата на вистинската цел на Црквата. Црква којашто не е инспирирана од она што беше речено погоре, односно Црква којашто не го лекува човекот, туку се грижи за други работи, е секуларизирана Црква. Ние зборуваме за светскоста во Црквата токму во оваа смисла. Сега ќе се осврнеме на некои случаи кои ја илустрираат секуларизираната Црква.
Можеме да кажеме дека Црквата станува светска (=се секуларизира) кога се смета за религиозна организација. Постои огромна разлика меѓу Црквата и религијата. Религијата говори за еден безличен Бог кој ги населува Небесата и го управува светот одозгора. Човекот, преку различни ритуали, треба да го задоволува Бога И да воспостави комуникација со Него. Но Црквата е телото на Христос Кој примил човечка природа, па така, сега постои заедничарење меѓу човекот И Бога во Христовата личност. Се разбира, не може да се исклучи дека внатре во Црквата има христијани кои Го доживуваат Бога низ една религиозна перспектива. Но ова, секако, се случува на пониските степени од духовниот живот, ја сочинува духовната незрелост, при што кај човекот дефинитивно постои волност и тежнеење да продолжи духовно да созрева за да стигне до заедничарење и единство со Бога. За разлика од ова, една секуларизирана Црква едноставно ги задоволува така наречените религиозни чувства на човекот и ништо повеќе. Таа се карактеризира со своите убави церемонии, а го пренебрегнува целокупното подвижничко и терапевтско богатство што го поседува Црквата. Понатаму, Црквата е секуларизирана кога се набљудува како идеолошко поле и идеолошки систем неповрзан со животот. Идеолошките системи се инспирирани од апстрактни идеи И задоени со идеализам кој ги има карактеристиките на сите човекоцентрични системи засновани на философија и спротивни на материјализмот. Идеите немаат многу врска со животот, со преобразбата на човекот. Идеализмот е создаден од човековиот разум и е презентиран во облик на аргументи и идеи.

Црквата не функционира како идеолошко поле. Не може да се рече дека таа просто има некои идеи, макар да се тие најдобрите И најсовршените идеи кои ги користи за да им се спротистави на други идеи. Црквата го има животот, навистина вистинскиот живот, кој е плод од човековото заедничарење со Бога. Св. Григориј Палама вели: „на секој исказ му се спротиставува некој друг исказ”. На секој аргумент му се спротиставува контрааргумент. Тоа може да се види јасно кај многу философски идеи што се развиени. Но кој може да му се спротистави на вистинскиот живот, а посебно на живот кој ја поразува смртта? Црквата нема идеи. Таа има живот кој е надминување на смртта.Погрешно е, светски е Црквата да се става спроти старите или модерните идеологии и модерните идеолошки социо-политички системи. Црквата не ги копира едноставно методите и стиловите на другите социјални и философски системи. Наместо тоа, таа поседува живот кој не е истоветен со целта на идеалистичките системи. Се разбира, кога Црквата ќе го излечи човекот, тоа има важни
социјални последици, но ова е продукт, резултат, а никогаш причина, принцип.
Секуларизираната Црква се окупира со човечки мисли и апстрактни идеи, додека реалната и вистинска Црква е како вистинската медицина, особено како хирургијата. Хирургот никогаш не може да се внесе во философијата и културата, никогаш не може да медитира додека вршИ хируршка операција. Тој пред себе има пациент кого што сака да го излечи, целосно да му го поврати здравјето. Слично на тоа и Црквата, имајќи пред неа пациент, никогаш не може да медитира или да философира. Самата Црква ја искусува тајната на Христовиот крст и му помага на човекот да го искуси истото тоа во неговиот личен живот. Искуството на тајната на Крстот е најдлабокото покајание преку кое се преобразува умот. Од противприродно движење тој стекнува движење во согласност со природата и над природата.

И не само тоа, Црквата станува светска кога е деградирана до една социјална организација, како и многу други организации во општеството. Често се тврди дека Црквата е највисоката институција на Нацијата. Но Црквата не може да се смета за институција на Нацијата, па дури ни за највисока институција. Таа може да биде суштината на Нацијата, бидејќИ националната традиција е нераскинливо поврзана со црковната традиција и членовите на Нацијата истовремено се и членови на Црквата. Сепак, Црквата никогаш не може да стане институција. Кога револуцијата ќе заврши во бирократија, таа ја губи својата вредност и ова го донесува нејзиниот пад. Истото важи и за Црквата. Црквата е духовна Болница којашто го лекува човекот и не може да се смета за институција што го крепи општеството, погодна за припитомување на граѓаните.
За жал, денеска некои ја гледаат Црквата како неопходна организација, корисна за општеството, чијашто улога се вреднува во зависност од нејзината општествена корисност. Многумина Црквата ја гледаат како Прометеј, додека на полицијата и’ ја доделуваат улогата на Епиметеј, односно Црквата е доволно добра како општествен помошник со цел да се одбегне полициска интервенција. Кога Црквата нема да успее, настапува полицијата. Секако, не можеме да го отфрлиме доброчинството на Црквата во тие работи. Еден излечен христијанин не и’предизвикува проблеми на полицијата. Но не треба да го гледаме присуството на Црквата само на ова поле, бидејќи во тој случај ние зборуваме за секуларизирана Црква.

Постојат и други, за жал, кои не ја гледаат пророчката и осветувачката улога на Црквата, којашто се состои од осветување на човекот и на целиот свет. Тие најчесто ја прифаќаат Црквата како чисто декоративен елемент. Таа им е потребна за да украси разни церемонии и да ги осветли истите со своето присуство. Или, тие ожеби веруваат дека присуството на Црквата е потребно за да се демонстрира широк општествен консензус. Но, во согласност со едно проникливо согледување, дури ниту атеистите не отфрлаат една таква Црква. Би можел да додадам дека една таква секуларизирана Црква предизвикува очај И кај атеистите. Тие може да имаат потреба од неа екое време, бидејќи таа добро им служи, но тие ќе се соочат со сериозно разочарување кога и ним, исто така, им е потребно вистинското присуство на Црквата.

Денеска постои општа тенденција на секуларната Црква да се гледа како на нешто особено корисно за модерните општествени потреби. Можам да додадам дека постои растечка тенденција беседите и црковното учење да се прилагодуваат на тие општествени потреби, потребите на едно општество кое што функционира на човекоцентрични начини, зашто се плашиме од отфрлање од страна на општеството. Протестантите и, општо, западните „Цркви” веќе потклекнале на ова искушение И токму затоа имаат посеано големо очајание во оние кои бараат лечење, во оние кои ја бараат вистинската Црква за да се излечат.
Воопшто, Црква којашто распнува наместо што бива распнувана, којашто доживува светска слава наместо славата на Крстот, Црква којашто паѓа на трите Христови искушенија во пустињата наместо да ги победува, е секуларизирана Црква. Една таква Црква е осудена да му помага на едно паднато општество да остане во неговата падната состојба; шири разочарување и очај кај оние кои бараат нешто подлабоко и посуштинско.

б) Светскост во богословието

Од фактот што богословието е гласот И верата на Црквата следува дека она што беше кажано досега за Црквата се однесува и на богословието. Ќе се обидеме да ја продискутираме оваа посебна тема малку повеќе за да го видиме поподробно начинот на кој православното богословие се секуларизира.

Богословието е слово од Бога. Прифатено е да се мисли дека ако некој зборува за Бога, тој мора да Го познава Бога. Ние во Православната Црква велиме дека познанието на Бога не е интелектуално, туку духовно, односно дека тоа е поврзано со човековото општење со Бога. Во учењето на свети Григориј Палама видението на нестворената Светлина е тесно поврзано со човековото обожување, со човековото општење со Бога и познавање (=познание) на Бога. Од таа причина богословието е истоветно со виѓавањето (=видението) на Бога и богословот е истоветен со боговидецот. Некој кој зборува за Бога, дури и врз основа на размислување, може да се нарече богослов, па затоа Отците им го припишуваат терминот богослов и на философите. Конечно, сепак, од православна гледна точка, богослов е екој кој бил сведок на Божјата слава (може затоа да зборува од лично искуство – заб. на прев.), или барем го прифаќа искуството на оние кои стигнале до обожување.

Во оваа смисла, богослови се боговидците, луѓето кои постигнале обожување и го примиле Откровението од Бога. Свети Павле е еден таков богослов. Тој се издигнал до третото небо и во неколку пригоди ги опишува и открива неговите откровенски (=апокалиптички) искуства. И ова се случува до таа мера, што свети Јован Златоуст, кога зборува за свети Павле и за фактот дека во неговите Посланија има поголеми тајни отколку во Евангелијата, тврди дека „Христос објавил важни и неизречени нешта преку свети Павле повеќе отколку преку Себе си”.

Свети Павле, како што самиот кажува за себе во трето лице, бил грабнат „до третото небо”(2. Кор. 12,2). На ова место би сакал да се потсетиме на толкувањето на свети Максим Исповедник, според кого трите неба се, всушност, трите степени на духовниот живот. Првото небо е крајот на практичната философија, којашто е очистувањето на срцето, истерувањето на сите помисли од срцето. Второто небо е природното созерцание (согледување; грч. теори(ј)а – заб. На прев.), односно познанието на внатрешните суштини на битијата; кога човекот преку Божјата благодат се удостојува за познавање на внатрешните суштини на битијата; да се има непрекината внатрешна молитва. Третото небо е созерцанието, богословието, низ кое, а преку божествената благодат и по пат на заробување на умот, човек го достигнува, колку што е можно, познанието на Божјите тајни и ги дознава сите тајни на царството небесно. Ова е „незнаењето повисоко од (секое) знаење”, според карактеристичниот израз на свети Исак Сирин. Ова незнаење, сродно на човечкото знаење, е вистинското познание на Бога. Според тоа,
богословието е третото небо кое е плод, продуцт на очистувањето на срцето и просветувањето на умот.

          Сите овие работи се поврзани со една друга поука од свети Максим Исповедник. Според неа, сè што се гледа треба да биде распнато И сите мисли да бидат закопани, и тогаш логосот се појавува внатре во нас, човекот се издигнува до созерцание и станува вистински богослов. Ова значи дека православното богословие е тесно поврзано со православното подвижништво (=аскеза), не може да се замисли надвор од православното подвижништво.

Кога дискутираме за вистинското богословие, мислам дека е вредно да се потсетиме на излагањето на свети Никита Ститат околу интерпретацијата на рајот. Како целосен член на Православната Црква, преподобен Никита анализира темелно како рајот создаден од Бога во
Едем е „големото поле на практичната философија”. Дрвото на познанието на доброто и злото е природното созерцание, додека дрвото на животот е мистичното богословие. Кога човековиот ум е исчистен, тој може да му пристапи на дрвото на познанието на доброто и злото и од таму да го добие дарот на богословието. Ова е патот што го следат сите свети отци и ова е причината поради која тие се докажале како непогрешливи богослови во Црквата и вистински пастири на народот Божји. Спротивно на тоа, еретиците се обидувале и сè уште се обидуваат да прават богословие на други начини, со нечисто срце и мисла, не преку практична философија, природно созерцание и мистично богословие. Од таа причина и не успеале и биле истерани од Христовата Црква.

Кога богословието не е дел од оваа рамка, претставена од страна на сите свети отци, тогаш тоа не е православно, туку светско. Ова светско богословие се среќава на Западот, бидејќи тие таму го анализираат и толкуваат Светото Писмо низ нивниот сопствен човечки и нечист интелект, надвор од правилните претпоставки претставени од страна на светите отци. За жал, во некои случаи ова има извршено влијание и врз нашиве простори.

Типичен пример на светско богословие кое функционира надвор од традиционалната светоотечка рамка е така нареченото схоластичко (школско) богословие, кое беше развиено на Западот помеѓу ЏИ и ЏВ век. Беше наречено схоластичко поради тоа што го негуваа овеќе школи. Неговата главна карактеристика беше тоа што во голема мера се потпираше на философија, особено на Аристотеловата, и беше насочено кон тоа рационално да објасни сè што е поврзано со Бога.Схоластичкото богословие се обиде рационално да го сфати Божјото откровение и да ги усогласи богословието и философијата.Карактеристично е што Анселм Кентербериски обично вели: „Верувам за да сфатам”. Схоластиците започнале со прифаќање на Бога а приори, а потоа се обиделе да го докажат Неговото постоење преку рационални аргументи и логички категории. Ние во Православната Црква, како што се изразиле светите отци, велиме дека верата е Божјо откровение (=откривање) на човекот. Ние прифаќаме вера од слушање, не за да ја сфатиме подоцна, туку за да го исчистиме срцето, да дојдеме до вера преку созерцание и да го искусиме Откровението.

Схоластичкото богословие, од друга страна, прифатила нешто а приори, а потоа се трудела тоа да го сфати преку рационални аргументи. Схоластичкото богословие го достигнало својот врв со Тома Аквински, кој се смета за светител од трана на Латинската црква. Тој тврдел дека христијанските вистини се поделени на природни и натприродни. Природните вистини, како вистината за Божјото постоење, можат да се докажат философски; натприродните вистини, како троичноста на Бога, воплотувањето на Словото (=Логосот), воскресението на телата, не можат да се докажат философски, но може да се покаже дека не се ирационални. Схоластицизмот тесно го поврзал богословието со философијата, особено со метафизиката; како резултат од тоа, верата била расипана, а самото схоластичко богословие било комплетно дискредитирано кога се срушил моделот на метафизиката што преовладувал на Западот. Схоластицизмот не треба да се ослободува од обвинението за трагедијата на Западот во поглед на верата во нашево време. Светите отци поучуваат дека нема разграничување меѓу природно и метафизичко – туку само меѓу створено и нестворено. Светите отци никогаш не ја прифатија метафизиката на Аристотел. Но ова е надвор од нашава тема и јас нема да го развивам ова прашање понатаму.
Схоластичките богослови од Средниот век сметаа дека схоластичкото богословие е натамошно развивање и надминување на светоотечкото богословие. Франачкото учење за супериорноста на схоластичкото во однос на светоотечкото богословие произлегува од овде.Така, схоластиците, кои се занимаваат со разумот, се сметаат себе си супериорни во однос на Отците
на Црквата, а исто така го сметаат човечкото знаење, кое е продукт на разумот, повисоко од Откровението и искуството. Од тој агол треба да го гледаме конфликтот меѓу свети Григориј Палама И Варлаам. Варлаам во суштина бил схоластички богослов кој имал намера да го донесе схоластичкото богословие на православниот Исток. Неговите погледи биле погледи на схоластичкото богословие, кое, всушност, претставува едно светско богословие. Варлаам верувал дека ние не можеме да знаеме точно што е Светиот Дух, па затоа завршил во агностицизам; дека старогрчките философи биле над пророците И апостолите, бидејќи разумот е нешто повисоко од созерцанието на апостолите; дека Светлината на Преображението е нешто што е создадено И несоздадено; дека исихастичкиот начин на живот, односно чистењето на срцето и непрестајната умносрдечна молитва не се неопходни, итн. Свети Григориј Палама ја согледал оваа опасност за православието и со силата и дејството на Светиот Дух, како дополнување на искуството што самиот го имал стекнато како носител и следбеник на светите отци, и’ се спротиставил на оваа сериозна опасност и ги сочувал нерасипани православната вера и православната традиција.За жал, варлаамизмот, кој е израз на схоластичкото богословие на Западот И дефинитивно претставува едно светско богословие, продрел на православниот Исток по други патишта. Забележуваме дека схоластицизмот, варлаамизмот, ги проткајува пројавите на модерниот црковен и богословскиживот. Секако, последниве години се прават напори нашето богословие да се исчисти од неговото вавилонско ропство под западниот схоластицизам; се прават големи напори да се скрши опколеноста на православното богословие од затворот на схоластичкото богословие. Но ние истовремено треба да преминеме и на искусувањена православното богословие. Православното богословие не е интелектуално познание, туку пред сè искуство, живот, и е тесно поврзано со така наречениот исихазам.

Светското богословие, кое што е функција на схоластицизмот, се манифестира, исто така, и денеска на неколку начини. Би сакал да укажам на некои од нив.
Еден е начинот на кој ние го засновуваме целокупниот стил на богословието на разумот и мислата. Размислуваме за православната вера, резонираме за вистините на верата или просто оформуваме една историја на богословието. Ние безмалку сме стигнале до точката богословието да го гледаме како философија за Бога, игнорирајќИ го во целост терапевтскиот метод на нашата Црква.

Друг начин преку кој го искусуваме варлаамизмот и схоластицизмот е фактот што богословието сме го ограничиле на естетика. Сме го направиле естетика. Можеме да напишеме дузина книги и да се зафатиме со долги анализи за православната уметност, да ги проучуваме иконописните школи, да ја прифатиме големата вредност на византиската уметност, а истовремено да го презираме и да не обрнуваме внимание на подвижништвото, исихастичкиот метод кој е темелот на секоја православна уметност.Очистувањето, просветувањето и обожувањето се основата на сите православни црковни уметности и дела и тајни.

sekularizam.vlahos1.jpgДруг начин е тоа што бараме преродба на црковниот литургиски живот без истовремено откривање и живеење на подвижничкиот живот на Црквата. Расправаме за постојано причестување со Светите Тајни без истовремено поврзување на овој напор со степените на духовно усовршување, кои се очистување, просветување и обожување.Вложуваме големи напори луѓето да ја сфатат смислата на Божествената Литургија, без напоредно да се трудиме да го искусиме духот на православната богослужба. Бараме да го отстраниме иконостасот за да можат лаиците да видат што се случува, без да прашаме за причината поради која Црквата го востановила иконостасот и тајното читање на молитвите. Овие работи не се независни од секуларизацијата на црковното богословие. Учењето на свети Максим Исповедник и историското истражување се мошне корисни по овие прашања. Огласените не можат да се молат со истите молитви како и крстените И обратно. И ако го проучиме учењето на свети Симеон Нов Богослов за тоа кои се, всушност, огласените, ќе можеме да разбереме зошто Црквата го востановила иконостасот и тајното читање на молитвите.

Општо земено, кога нашето богословие не е поврзано со така наречениот исихастички живот, кога тоа не е подвижничко, тогаш е светско богословие, тогаш е варлаамистичко богословие – дури и ако изгледа дека се бориме против западното богословие и се трудиме да бидеме
православни.

(продолжува)

Посети:{moshits}

СЕКУЛАРИЗАМ ВО ЦРКВАТА, БОГОСЛОВИЕТО И ПАСТИРСКАТА ГРИЖА(Iдел)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1111
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1200
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1104
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »