логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Милост и милосрдност за Своите избраници.
(Мудр. 3; 9)

Отец Пајсиј сакаше Божјата благодат да дејствува во неговиот живот и поради тоа смирено ја искоренувал секоја трага на сопствена волја. Со тоа се поттикнувала Божествената благодат, која во душата на Старецот дејствувала уште од денот на неговото крштение, и таа создавала чуда.

Старецот секогаш настојувал енергијата (дејствувањето) на Божествената благодат која била во него да ја прикрие од луѓето
.
Кога Божествената благодат дејствувала во него и кога тоа некои луѓе ќе го забележеле, Старецот смирено признавал дека тој самиот не прави ништо. Тој уште во раната младост многу добро разбирал дека од самиот човек е невозможно да потекне каква било вистинска духовна енергија (дејство).

Најчесто, Старецот го прикривал дејствувањето на Божествената благодат, така што луѓето не можеле да забележат. Но, се случувало на некои луѓе, наместо човечка помош да му биде потребна Божествено поттикнување за да поверуваат во Бога и да се поправат. Тогаш Старецот беше присилен да го разоткрие дејствувањето на Божествената благодат.
 

Бидејќи многу пати мојата недостојна душа беше неспособна да ја разбере Божјата вистина, Старецот го доведував во незгодна ситуација. Не бев во состојба да прифатам каква било човечка помош и тој беше принуден да ми разоткрива некои од духовните обиди за да ме поправи и да ја смири мојата гордост. Ми зборуваше за различните дејства (енергии) на Божествената благодат која повремено ја покажуваше својата присутност, затоа што ми недостасуваше духовна чувствителност и смирение. Не можеше да ми помогне со човечки методи, затоа го направи тоа со Божјата благодат.


Бидејќи вашата љубов е исполнета со почитување, вера и смирение, верувам дека не е ни потребно да слушате за дејствувањата на Божествената благодат, зашто Божествената благодат им помага на оние, како мене на кои им е потребно „Божествено поттикнување“. А не сакам да го задржам само за себе тоа што сум го видел и слушнал, затоа ќе ви кажувам за тие чудесни случувања. Но, невозможно е сè да биде опфатено со оваа книга. Потребни се најмалку неколку томови за да искажеме дел од тоа со што преобилуваше духовното дејствување на Старецот, чиј мистичен живот ни е сосем непознат.


Некои од нашите браќа, кои со смирение ја разбраа својата потреба да слушнат што е можно повеќе за откровенијата на Божествената благодат во старец Пајсиј, побараа чудесните случувања да бидат објавени како посебна книга. Значи доколку некој се согласува со тоа и поседува лично искуство за таквите случувања или пак бил сведок на чудо или на дејствувањето на Божествената благодат и доколку сака да придонесе за ова дело, нека го напише тоа и нека ми го испрати мене или на кој било друг кој сака да пишува за Старецот. Не е важно кој ќе пишува туку фактот дека ќе биде забележано, зашто денес единствено нешто со што можеме да се гордееме е нашиот милосрден Бог и делата на нашите Отци.
Јеромонах Христодул од Света Гора

***

Едно попладне отидов да го посетам старец Пајсиј. Тие денови ме имаше обземено некое чувство на надменост, што потекнуваше од отсуството на топлина во мојот молитвен живот. Кога почнав да ги контролирам своите незауздани мисли, почнав појасно да ги согледувам работите. Но, затоа што немав смирение, мислев дека достигнав одредена духовна состојба и поради тоа се чувствував надмено.


Појдов да го посетам Старецот и да ги исповедам своите надмени мисли за кој ви зборував. Отец Пајсиј ме сослуша и не велејќи ништо посебно, почна да ми раскажува:
„Вчера ме посети еден монах и ми рече нешто што ме потсети на случката што сега ќе ти ја раскажам.
Една вечер бев во својата ќелија на Катанукија и ја кажував Исусовата Молитва кога постепено почна да ме обзема чувство на небеска радост. Истиот момент, мојата ќелија, во која дотогаш имаше само слаба, треперлива светлина од свеќата, беше осветлена од преубава, сино – бела светлост. Во почетокот светлоста беше многу силна и чувствував, како и моите очи стануваат посилни, за да можат да ја поднесат таа светлина. Беше тоа нетварната светлина! Неколку часови стоев во ќелијата, изгубив чувство за овоземното и престојував во духовен свет, многу поразличен од овој.
Додека бев во состојба на нетварната светлина и небеските доживувања, изгубив секакво чувство за време.


Во еден момент, нетвараната светлина почна да бледнее и се вратив во претходната состојба. Осетив глад, па зедов парче леб. Потоа ожеднев, па се напив малку вода. Почнав да се уморувам, па седнав малку да се одморам. Се чувствував како животно и се сожалував самиот себе поради тоа. Промената од една ситуација во друга природно роди смирение во мене. Кога ја искусив разликата помеѓу духовната состојба во која се наоѓав и своите овоземни потреби, не ми преостана ништо друго туку да се презирам и да се обвинувам самиот себе за таа состојба.


Нешто подалеку од мојата ќелија, живееше уште еден монах. Погледнав надвор и имав впечаток дека уште е ноќ со полна месечина. Излегов и го прашав:
’Колку е часот? Изгледа уште не се разденило.’
Монахот зачудено и ме праша:
’Што рековте, отец Пајсиј? Не Ве разбрав.’
Дури тогаш сфатив што се случило. Беше десет часот наутро и ’полната месечина’ која ја видов беше всушност сонцето. Нетварната светлина беше толку силна што дневната светлина и сонцето ми изгледаа како ноќ со полна месечина. Разликата меѓу дневната и нетварната светлина беше како разликата меѓу ноќта и денот.“


Кога Старецот заврши со раскажувањето, ми рече да си одам, зашто го очекуваат и други луѓе. Се вратив во својата ќелија, незначително сфаќајќи ја животинската состојба во која се наоѓав.

***

После турската инвазија на Кипар, еден монах дошол да го посети Старецот зашто се чувствувал многу ожалостен поради страшните разорувања и големиот број на човечки жртви (изгубил и некои роднини).


Отец Пајсиј му беше многу наклонет, зашто беше многу побожен и добар и му понуди да ја помини ноќта во неговата ќелија.
„Утрото, ќе дојде свештеник да служи божествена Литургија. Јас рано ќе те разбудам, така што ќе можеме да ја прочитаме утрената служба и молитвеното правило пред Св. Причест.“


Монахот отишол во својата ќелија, а отец Пајсиј во својата, каде цела вечер се молел. Неколку пати одел до вратата на монахот и на шала велел:
„Отец, да не си имал случајно некое видение? Виде ли ангел?“


Околу два часот наутро, старец Пајсиј го разбудил за да ја служат утрената. Во еден момент, Старецот почнал да го чита молитвеното правило пред Св. Причест. Монахот го набљудувал лицето на отец Пајсиј кое, додека читал, зрачело со покајание и побожност. Кога стигнал до 5. песна, во која се вели: „Марија, Мајко Божја, чесно живеалиште на миомир, со Твоите молитви направи ме избран сосад, да се причестам со светиите на синот Твој“, се случило нешто посебно. Капелата се исполнила со сино – бела светлост, и светлоста на кандилото чии пламени исто така станале сино – бели, почнала да се движи со лесен ритам. Во исто време, капелата се исполнила со небески миомирис каков што не може да се опише.


Монахот бил зачуден и не сфаќал што се случува. Го прекинал Старецот, шепнувајќи му:
„Отец, што се случува?“
Му дал знак да молчи и рекол:
„Кажи ја Исусовата Молитва и немој да зборуваш, зашто не посети Пресвета Богородица!“


Некое време, Старецот и монахот останале со главите на подот, се додека сино – белата светлост не ја снемало носејќи ја со себе сета болка и сето патење од срцето на монахот. Наместо нив се појавила радост, надеж, вера и љубов кон Бога, но исто така, и благодарност кон Старецот, кој ја прими Божјата благодат.


Подоцна дошол свештеникот да служи божествена Литургија. Утрото монахот си заминал со длабоко чувство на стравопочитување кон духовната смелост која старец Пајсиј ја имаше пред Бога.

***

Старец Пајсиј минуваше низ многу тежок период. Се појавил проблем во Црквата и многу епископи доаѓаа кај него по совет. Но, тоа беше многу сложен проблем, така што тој иако сакаше не можеше да им помогне. Како што велеше, без разлика од која страна да се соочуваш со проблемот, секогаш се наоѓаш во духовен ќорсокак. Затоа одлучил своите напори за решавање на овој проблем да ги претвори во молитва. Во текот на тој период отец Пајсиј непрестајно се молел на Бога да се најде решение за црковниот проблем, а посебно се молел на св. Јефимија:


„Света Јефимија, ти која еднаш реши сериозен проблем со кој се соочувала Црквата, извади ја и сега Црквата од овој безизлез!“
Едно утро во девет часот, додека ја читал службата на третиот час, старец Пајсиј слушнал како некој внимателно тропа на неговата врата и од ќелијата прашал:
„Кој е?“
Слушнал женски глас како одговара:
„Тоа сум јас, отец, Јефимија!“
„Која Јефимија?“
Немало одговор. Тогаш повторно слушнал тропање и прашал:
„Кој е?“
„Јефимија, отец“.
Потоа по трет пат слушнал тропање. Осетил дека некој влегол во неговата ќелија и се движи низ ходникот. Отишол до вратата и ја видел св. Јефимија, која и покрај затворената врата чудесно влегла во неговата ќелија. Ја видел како се поклонува на иконата Пресвета Троица, која Старецот ја поставил на ѕидот во ходникот.
Старецот тогаш ѝ се обратил на светителката:
„Кажи: Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух“.
Светителката разбирливо ги повторила зборовите, а старец Пајсиј во истиот момент паднал на колена и ѝ се поклонил.
После тоа, накратко седеле и разговарал. Не можел сигурно да каже колку долго зашто изгубил секакво чувство за време. Таа нашла решение за сите три проблеми за кој тој се молел. На крајот ја прашал:
„Сакам да знам како го поднесе твоето мачеништво.“
Светителката одговорила:
„Отец, јас да знаев тогаш каков ќе биде вечниот живот и каква е небеската радост во која уживаат душите бидејќи се во близина на Бога, ќе се молев моето мачеништво да трае многу подолго, зашто тоа е ништожно во споредба со даровите на Божјата благодат!“

***

Во времето кога старец Пајсиј сè уште живееше во ќелијата на Светиот Крст, една вечер додека ја кажуваше Исусовата Молитва, покривот од неговата ќелија одненадеж бил отстранет и на неговото место јасно го видел Господ. Неговото лице било толку светло што не можел да издржи непосредно да Го гледа и се чудел како било возможно некогаш некои луѓе да плукаат на Него.


После ова случување, старец Пајсиј ги посоветувал монахињите од манастирот Свети Јован Богослов, лицето на Господа да го сликаат така како што го видел таа ноќ. Цело време додека ја сликале иконата, тој бил покрај нив и ги раководел.
Отец Пајсиј рекол дека лицето на Господ и Богородица имаат боја на зрело жито.

***

Старец Пајсиј веќе си ископал гроб покрај својата ќелија, Панагуда, и неговите мисли секогаш биле насочени кон денот кога ќе замине од овој минлив свет. Благодарејќи на своето длабоко смирение, постојано се чувствувал неподготвен за ова последно патување. Но, едно видение го исполнило со радост.
Додека се молел, видел дека се наоѓа на место кое потсетува на аеродром, од каде луѓето патуваат на небото. Таму имало многу луѓе и некои меѓу нив биле одредени да проверат дали патниците имаат пасоши и карти за да можат да патуваат. Ако нешто недостасувало, патникот останувал назад во редот. Кога дошол редот на Старец Пајсиј, сфатил дека ги нема потребните документи. Одеднаш се појавила Пресвета Богородица, облечена во злато како царица. Изгледала како на иконата Пресвета Богородица Ерусалимска. Му се обратила на инспекторите:
„Тој е Мој слуга, пуштете го да помине, зашто Јас ги имам потребните документи“.


Потоа ги извадила документите од Својата наметка и му ги покажала, а потоа ги вратила. Така старец Пајсиј можел да помине.
Старец Пајсиј еднаш ни кажуваше:
„Богородица Марија многу личи на оној лик на иконата на Пресвета Богородица Ерусалимска. Таа е иста таква. Ја имам видено многу пати и не знам ниедна друга икона која толку потсетува на Неа“.

***

Старец Пајсиј уште еднаш се удостоил со Божествена посета. Во една прилика додека се молел, одненадеж слушнал одек на чекори кои се приближувале низ ходникот од неговата ќелија. Отишол до вратата и погледнал низ ходникот низ кој се гледала вратата од капелата. Ја видел Пресвета Богородица како чекори како царица. Кога стигнала до вратата од капелата, влегла внатре. Ја следел свети Јован Богослов. Откако двата влегле во капелата, исчезнале оставајќи зад себе сино – бела светлост, нетварна светлост, додека постепено не избледнела. Душата на отец Пајсиј била преисполнета со благодарност и понизност. Плачел зашто го посетила Богородица Марија, иако се чувствувал како најгрешен човек на светот.

***

Во текот на февруари 1979 година Старецот се соочувал со многу тешки проблеми. Еден од монасите, кој често престојувал крај него, можел јасно да ја види неговата тага.
Еден ден отишол да го посети старец Пајсиј, очекувајќи да го види тажен, каков што обично бил тие денови. На негово изненадување, лицето на Старецот изгледало сосема поразлично и светело од радост. На монахот му рекол:
„Бог ја разбра мојата тага и ми го испрати мојот ангел – чувар да ја тргне од мене. Ангелот изгледал како момче облечен во сјајна облека и само што го видов, мојата тага исчезна. Ми рече неколку нешта за кои сега ништо не можам да ти кажам“.

***

На 13 мај 1979 година старец Пајсиј се преселил од ќелијата Свет Крст во ќелијата Свет Крст на манастирот Кутлумуш, во т.н ќелија Панагуда.


Беше 3 јуни и Старецот само што се пресели во својата нова ќелија. Уште не ги распакувал сите работи и неговите книги, па меѓу нив и Минејот, сè уште се наоѓаа во кутиите. Значи тој не ја знаел точната дата ниту кој светител се прославува тој ден. Додека се молел со бројаницата и ги повторувал зборовите „Светителу на овој ден, помилуј ме“ се запрашал кој светител се прославува тој ден. Одеднаш, во капелата се појавиле двајца светители. Едниот излегол напред и на старец Пајсиј не му бил познат. Светителот кој седел назад бил свети Пантелејмон. Старецот секогаш велеше дека на свети Пантелејмон најмногу личи неговата икона од скитот Свети Пантелејмон. Непознатиот светител му се обратил на Старецот:
„Отец, јас сум Лукилијан“.


Старецот не обрнал внимание на името, па прашал:
„Како рече дека се викаш, Лукијан?“
„Не“, одговорил светителот „јас сум Лукилијан“.
После тоа двајцата светители чудесно исчезнале.
Старецот го побарал Минејот и открил чиј помен се слави на 3. јуни. Денот беше посветен на свети Лукилијан. Од тогаш станал посебно приврзан кон овој светител и поставил негова икона во олтарот, веднаш над стасидијата.
Старец Пајсиј на интересен начин ни соопштуваше какви ќе бидат временските прилики.
Отец Давид беше вратар во манастирот Кутлумуш. Кога, некој монах или искушеник, се враќал во манастирот по посетата на старец Пајсиј, овој обично му велел:
„Кажи му на отец Давид да слезе од бадемовото дрво зашто ќе падне снег“.
(Го кажувал тоа затоа што преподобен Давид Солунски се подвизувал на бадемово дрво и на тој начин се осветил).
По извесно време навистина ќе паднеше снег. Значи знаевме кога да очекуваме снег и да се подготвиме за него.
Во декември 1992 година отец Пајсиј му испрати порака на отец Давид да „слезе од бадемовото дрво“ и „повторно да се качи по Божик“. Сè уште беа празници кога му испрати друга порака „сè уште да не се качува на бадемовото дрво“ туку да чека порака од него. На празникот свети Антониј (17 јануари) времето беше многу лошо и паѓаше снег. После неколку дена му порача дека „може да се качи на бадемовото дрво“.
Така благодарејќи на отец Давид знаевме кога ќе паѓа снег, зашто старец Пајсиј секогаш точно го информираше.

***

Едно неделно утро, старец Пајсиј лежел болен в кревет. Тогаш живеел во ќелијата Свет Крст при манастирот Ставроникита и се чувствувал многу исцрпен поради болеста и строгиот пост. Станал од креветот и излегол во градината. Беше многу тажен зашто немал ништо за јадење, со што би се закрепнал.

Во тој момент погледнал кон морето и видел како преку небото лета некоја птица, летајќи право кон неговата ќелија. Личела на орел која носи риба во клунот. Кога ја надлетала неговата ќелија, ја испуштила рибата која паднала пред Старецот.

Старецот отишол право во капелата. Се помолил, случајно да не е ова демонско дело, а потоа ѝ се заблагодарил на Пресвета Богородица за Нејзината грижа и промисла. Подоцна излегол во градината каде ја подготвил рибата, ја изел и донекаде си ја вратил силата.

***

Ова се случило во времето кога старец Пајсиј живеел во Ивиронскиот скит, на 15. август, значи за време на постот. Поминале осум дена и за тоа време Старецот ништо немал јадено. Во текот на деветтиот ден на постот еден постар монах го замолил да му помогне да ги пресели своите работи во манастирот. И покрај фактот дека неколку дена ништо немал јадено и се чувствувал многу слабо, отишол да му помогне.

Кога се враќал во својата ќелија осетил исцрпеност и вртоглавица. Одеднаш пред него се појавило момче во сјајна облека (свет ангел), носејќи во рацете кошница со свежо овошје. Старецот му се заблагодарил, а потоа се прекрстил, зел од овошјето и веднаш се почувствувал подобро. Момчето во меѓувреме исчезнало. Кога старец Пајсиј забележал дека овошјето е свежо иако не е негова сезона и дека момчето исчезнало, сфатил дека тоа беше свет ангел.

***

Момче кое со години се исповедало, го посетил отец Атанасиј. Тој, тогаш живеел во кутлумушката ќелија Дионисиј од Фурна во Кареја. Додека разговарале, отец Атанасиј му споменал дека треба да се исповеда зашто тоа ќе му помогне да ги реши своите проблеми. Но, момчето не било уверено во тоа, иако отец Атанасиј ненаметливо настојувал да сфати дека исповедта му е неопходна. Потоа отец Атанасиј му зборувал за старец Пајсиј. Му рекол дека тоа е современ светител и дека треба да го посети и да слушне што ќе му каже тој.

Отишле да го посетат Старецот. Кога стигнале до неговата ќелија, го виделе како копа во градината и сакал да насади некој зеленчук.
Отец Атанасиј го поздравил и го прашал:
„Старче, што правите?“
Старецот му одговорил, со карактеристична благост на лицето:
„Ете, одлучив да ја исповедам својата градина“.
Отец Атанасиј го прашал:
„Зарем и на градините им треба исповед?“
„Сфатив дека мојата градина ќе создава чуда кога ќе ја исповедам и отстранам сè што е непотребно како што се камења, конзерви, корења и трња, а потоа да додадам малку хумус. Така разбрав дека и мојата градина треба повремено да ја исповедам“.
Оставајќи ја мотиката, ги внесол во ќелијата и ги послужил со слатки.

Кога момчето и отец Атанасиј си заминале, биле многу задоволни од одговорот на Старецот на нивното прашање за исповедта, иако пред тоа ништо не му рекле. Нема потреба да кажеме дека по ова момчето веднаш отишло да се исповеда.

***

Заедно со уште шестмина отци седев на тревникот пред ќелијата на отец Пајсиј. Сите внимателно слушавме што кажува Старецот. Одеднаш се појавило момче кое со својата долга коса и шамијата околу вратот изгледал како анархист.
„Каде е тој Пајсиј?“, прашал нељубезно.
Старецот стана, му пристапи и му рече:
„Зошто ти треба?“
„Сакам да го видам“, одговори тој.
Момчето во левиот џеб имаше кутија цигари. Старецот покажа на неа и праша:
„Што ти е тоа? Евангелие?“
„Не, цигари“ одговори и го понуди.
„Сакаш цигара?“
„Не“
Бидејќи сите со смеа гледавме во Старецот, момчето сфати дека тоа е отец Пајсиј. Откако и ние му потврдивме, се сврти кон Старецот и му рече:
„Сакам да ми кажеш како се викам“.
Старецот се почеша по главата, преправајќи се дека е збунет, и рече:
„Како се викаш... да видиме. Како ги викате светлата на семафорот, со кои се регулира сообраќајот, црвено и зелено? (Грците на црвеното и зеленото светло на семафорот му дале човечки имиња и ги нарекуваат Григорис и Стаматис).
„Мислите Григорис и Стаматис“, го прашавме.
„Да, баш така се викаш ти.“
Момчето навистина се викаше Григорис и кога го слушна тоа беше счудоневиден. Истиот момент побара насамо да разговара со Старецот. Отец Пајсиј го однесол на страна така што можеа да разговараат без да му пречат.
После шест месеци, момчето повторно дошло на Света Гора. Го сретнав пред манастирот Кутлумуш. Повеќе не личеше на анархист. Промената беше толку голема што не бев сигурен дека е тој, па го прашав:
„Извинете, ме потсетувате на некој. Дали вие сте тоа момче кое пред отприлика шест месеци го посети старец Пајсиј?“
„Дали личноста на која Ве потсетувам беше груба со Старецот“.
„Да, на некој начин...“
„Да, отец, тоа бев јас, будала. Молете се за мене за да можам да се поправам...“

(продолжува)

(од книгата Солзи за светот - старец Тихон, старец Пајсиј, старец Порфириј)

Подготви:Жаклина Стојановска

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5806
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6624
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6408
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5602
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная