логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Бев геј, или барем така си мислев.

Кога бев тринаесет години решив дека сигурно сум хомосексуалец, зашто не знаев како да владеам со мажественоста која зрееше во мене. Се чувствував многу уплашен. Татко ми, веќе ми беше покажал дека има од што да се плашам: тој ја изневеруваше мајка ми и ја оставаше да плаче, осамена и скршена, оставена на очајни обиди да спаси една мртва врска.
И кога се исправив пред изборот дали да бидам „маж“ или да бидам просто „јас“; го видов своето „јас“ како „повеќе свесен човек“, не како „маж“ кој ќе врши такви ужаси како другите мажи; решив, дека ќе си бидам „јас“. И тоа „јас“ се гледаше како нешто поразлично од „маж“, при што истото тоа „јас“ стана геј.

Не тврдам дека хомосексуалноста кај сите започнува токму на таков начин, но просто споделувам што се случи со мене.
Во мојот живот тој пресврт доби сеопфатен карактер, исто како стремежот да го постигнам максимумот во сето она со кое ќе се зафатам. Со голема посветеност се вклучив во акциите за рамноправност на хомосексуалците. Почетокот на мојата дејност започна во „Дартмутскиот колеџ“, на моја дваесетгодишна возраст. Во 1996 година учествував во демонстрациите во врска со Националниот конгрес на републиканците во Сан Диего. За време на тие демонстрации со креда по тротоарите ги  пишувавме нашите измислици и потоа се собиравме во круг околу нив со разни воодушевувачки апели.

Кога наполнив дваесет и две години, започнав да работам за „XY  Magazine“, првото списание создадено специјално за млади педери. Пред да наполнам дваесет и пет години се вклучив како редактор на изданието „Прирачник за опстанок на XY: сето она кое треба да го знаете, кога сте педер на млада возраст“, првото издание на „директориумот“ за млади педери. На дваесет и шест години ја напуштив работата во „XY Magazine“ и станав уредник на „Young Gay America“ - голем општествен проект со некомерцијална цел, кој наиде на реализација во цела Северна Америка преку специјално спроведените средби со мажи и жени хомосексуалци, при што тие разговори ги публикувавме на веб сајтот на заедницата, заедно со расказите за личните средби на тие луѓе.

По 2004 година, движењето „Young Gay America“ се трансформира во списание „Young Gay America Magazine“. Од почетокот на основањето на движењето во 2001 до почетокот на издавањето на тоа списание, јас јавно ги бранев своите позиции во над педесет весници, списанија, телевизиски и радио канали.

Познат како експерт за младешка хомосексуалност, јас добивав покани за учевства на редица престижни средби и дебати по целиот свет, во универзитетски советувалишта и конференции. Во 2004 година учествував во првата експертска телевизиска дискусија за америчкиот младешки хомосексуализам,  одржана на Факултетот за државно управување „Џон Ф. Кенеди“ на Хардвардскиот универзитет.

Како активист во „Young Gay America“ јас имав средби со државни лидери. Бев примен на средба со градоначалникот на Берлин и премиерот на Канада. Движењето „Young Gay America“ ја доби наградата “Национален модел за подржување“, а филмот кој што беше направен со наше учество, беше проектиран на најмалку педесет меѓународни филмски фестивали, при што доби многу награди и беше проектиран дури и на специјалната двопартиска средба на Америчкиот конгрес. Со други зборови во движењето „Young Gay America“ напредував многу во кариерата.

Списанието „Young Gay America Magazine“ доби широка читателска публика, а помеѓу претплатниците веднаш се вброија и неколку гимназиски библиотеки од Северна Америка. Тоа доби одобрение и од родителските здруженија. Во класирањето на „Amazon.com“ ја добивме од читателите највисоката оцена на петстепеното скалило. Дефинитивно списанието ги задоволуваше очекувањата на многу луѓе. Впрочем јас не бев меѓу нив, бидејќи не се чувствував задоволен од себе си.

Имав врска, која ми се чинеше тешка за објаснување, зашто некои нешта во неа никако не ми се допаднаа. Дури многу подоцна ми стана јасно дека тие работи не биле никакви специјални недостатоци, конкретно за таа врска. Сепак, тогаш не бев сеуште на јасно што ме мачи мене.

Дури откако ставив крај на врската и на работата во списанието, јас сфатив дека за мене нај вознемирувачки бил хомосексуалниот карактер на таа врска. Ова звучи премногу несфатливо од устата на човек, кој меѓу другото бил и „пионер“ во движењето за права на педерите (или како таков ме определија некои луѓе, иако никогаш не сум се гледал себе си така, но и никогаш не сум ги отфрлил нивните пофалби). Премногу невообичаено и неразбирливо навистина звучат вакви зборови. Понормално е човек да си признае дека е престапник, отколку педер да признае дека хомосексуалноста му била тешкотија во неговиот живот. Тоа веднаш станува декриптирано како „внатрешна хомофобија“.

Да, но за мене „внатрешна хомофобија“ е концепт кој нема со што да ме уплаши, заради тоа што сум прочитал и изучувал многу нешта за неа, а освен тоа сум учествувал доброволно во оддржувањето на директни телефонски линии од национален размер за упатства и совети за хомосексуалните граѓани во државата; во таа дејност имам водено разговори со повеќе од илјада млади од 38 држави и четири канадски провинции, дури и со такви од Загреб (Хрватска), при што во сите ја „подигав свесноста“ да разберат колку е важно да одолеат на внатрешната хомофобија. Така впрочем, на јасно сум што представува оваа состојба.

Работата е во тоа што, не внатрешната хомофобија, беше тоа кое во мене ја роди т.н. фобија или „омраза“ кон сопствената ми хомосексуалност.
Тоа беше Бог!
Да, знам, зборот „Бог“ е постанат шаблон и е неубедлив. Луѓето бегаат од тој збор. Самиот успеав да го разберам тоа и искрено жалам оти е така. Сепак, во мојот живот се случи тоа, да почуствувам болно измачување, да почувствувам дека со своите дејствија уништив безброј луѓе. Затоа се обрнав кон Светото писмо и после многу молитви постепено си го дадов одговорот дека ако Библијата не плаши понекогаш, тоа е затоа што луѓето со своите дела направиле тоа да звучи страшно.

Во мојот живот открив еден многу личносен Бог, со Кого можам да говорам и од Кого научив, дека во мене, како и во секој човек, има една особена убавина. Во мојот живот колку повеќе време одавав на Бога, толку повеќе се доближував до Него. Во мојот живот Бог е мојот нај добар пријател.
Благодарение на Бога и на сето она, кое Он ми го откри, јас развивав се подобра и појасна представа кој сум и за што сум роден. Ги следев Неговите напатствија и читав многу книги, кои ми ги открија лукавите тајни на нешта како социјализмот, социјалните програми за превоспитување и рамноправност, националните иницијативи за следење и терапија на хомосексуалноста. Сето што го прочитав ми помогна да си ги отворам очите за да ја видам вистината.

Тешкото духовно премрежие за мене беше благослов и уништување, заради тоа што Бог ми ја откри вистинската страна на животот. Немаше никаков сомнеш потоа, што се бара од мене: да се откажам потполно од дотогашниот начин на живот. Во Светото писмо Господ Исус Христос ме повика да го предадам својот живот Нему. Во извесен смисол веќе бев добил волја и желба да го направам тоа.
И го направив. Станав христијанин. И го поставив почетокот на своето изцеление. И денеска вие сте сведоци, дека сум изцелен човек.
Така мојот живот се преобрати во живот на изцеление од хомосексуалната похот и јас пишувам за него со желба да ја поправам заблудата дека хомосексуалноста е неизлечлива. Тоа не е вистина. Изцелението е потполно возможно. Ете, јас го постигнав.

Како точно се случи? Дозволете ми да истакнам, дека многу нешта во овој случај се премногу лични, но, генерално е поврзано со внимателното вникнување во тајните на човечката душа, со осознавање на проискохот на човечката „похот“, со добивање на способноста да се прави разграничување помеѓу нашите лични представи за „похот“ и вистинската човечка природа, како и ред други нешта од тој род.
Ако некој се заинтресира и посака да ги претставам нештата во повеќе детали, со задоволство тоа би го направил. Но, тука на кратко обрнувам внимание пред сите на фактот дека успеав да го постигнам тоа. И навистина, се чувствувам изцелен.

Не барам ниту признание, ниту пофалба. Дури не барам некој да се радува за мене. Знам дека многу луѓе ќе се почувствуваат скршени штом моите зборови стигнат до нив. Не се сомневам воопшто во тоа, затоа што ако до пред неколку години самиот се борев со некој кој тврди такви подобни нешта, сигурно ќе го поставев под број еден во списокот на непријатели на современото општество. Само во денешните спокојни дни, се чувствувам навистина среќен од постигнатото.

Тоа беше сé што сакав да споделам.

***
 Но кога ќе се замислам, едвај тоа е сé. Штом ќе ги насочам мислите кон минатото, веднаш си спомнувам како повторно ми се наметнува тоа дека хомосексуалното во мене е нешто вродено и кое неможе да се преобрати. Имено многу луѓе ми го наметнуваа тоа збунувачко разбирање. Истото се наметнува и денес. Истото сум го наметнал на другите и јас самиот. Организирав цела медиумска кампања за постигнувањето на таа цел.

Значи, тоа не е сé - знам што сакам да споделам. Мојата борба не запира тука, затоа што хомосексуалноста за мене не е просто нешто од кое бев изцелен, таа е една зла лага, и колку и да се тврди спротивното, не е невозможно да се очистиш од неа. Не само да го очистиш телото, но да ја очистиш душата; веќе од искуство ја знам големата разлика помеѓу тоа, каква беше мојата душа кога бев геј, а каква е таа денес.

Јас сум вистински сведок на преминот на човечката душа од едниот крај кон другиот и сакам никогаш повеќе да не се вратам во минатото! Тоа е безусловната моја желба, така што денеска дури и мислите го одбиваат споменот за моето некогашно живеење. Тоа ми изгледа како нај неубавото и непријатно нешто, од кое буквално ми се повраќа. Макар со малку размислување, веднаш разбирам зашто го примам така. Сите луѓе треба да разберат дека хомосексуалноста е нешто ненормално, зашто така ќе се запазат од неа. А не треба да потпаднат под неа, заради тоа што таа ќе ги лиши од создавањето на рожби; нешто кое по самата своја природа треба да го сакаме, за да го запазиме човечкиот вид. Толку проста и очевидна е причината, поради која треба да ја сметаме хомосексуалноста за нешто ненормално. Нема ништо лошо во тоа луѓето како таква да ја примат. Тоа е повеќе од логично.

На крајот на краевите несфатливо е да не ја примаме како ненормална. Ако престанеме да гледаме со одбивност кон сите порочни практики во животот; на сé кое ни пречи да го водиме својот нормален живот според тоа што ни е даденмо да бидеме, што на крајот ќе се случи со нас? Дали во нас ќе остане онаа вроденото и естественото чувство на нашата вистинска природа, за нашиот повик, за целта на земниот ни живот?
Добро знам кога се навлегува во поимот „хомофобија“. Само тука не станува збор за никаква „фобија“, но за здрав човеков разум.

Ете, затоа држам да се знае, дека веќе совршено ми е јасно што представува хомосексуалноста. И во мојот живот од тука па натаму ќе вложувам неуморни напори да се борам против неа.


Мајкал Глац

 

Подготви: презвитер Дејан Апостоловски

Преземено од: https://www.pravoslavie.bg/%D0%BF%D0%BE%D0%BB/%D0%90%D0%B7-%D0%B1%D1%8F%D1%85-%D0%B3%D0%B5%D0%B9/

 

Друго:

Чајот на дедо

Едноставно, оставете ги кебапчињата

Презвитер Дејан Апостоловски - Задушница (04.11.2015)

Старец Порфириј Кавсокаливит- Биди христијанин и кон иноверниот

Благовештение на Пресвета Богородица (епархиска слава на Кумановско-осоговската епархија)

ЗА ОСУДУВАЊЕТО КОЕ СЕ ОПРАВДУВА КАКО РЕВНОСТ ЗА ВИСТИНАТА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1111
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1200
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1104
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »