логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 p.andreas-konanos

Архимандрит Андреј Конанос

✤✣✤

Покајанието – слатка тага на душата

(III дел)

✤✣✤

Ќе дојде часот кога ќе се каеме за изгубеното време

✤✣✤

„Да, те навредив, прости ми. Ти не си виновен, јас сум. Прости ми, пред некој ден те нажалив. Не беше поради јадењето, имав некаков проблем на работа и го покажав сиот свој егоизам. Немам веќе образ да сакам, да проштевам, да те прифатам каков што си, да покажам трпение. Тоа сум јас – не го кажувам ова рамнодушно, но не го кажувам ни во очај, го кажувам умерено, со смирение, со простодушност, со добрина во срцето и очекувам од тебе разбирање. Сега, Господи, кога си ги признав гревовите, слабостите, кога се каам пред Тебе, спремен сум на сѐ. Сепак твојата добрина, твоето сфаќање ќе ми ја утеши душата повеќе од сѐ. Секоја душа го очекува тоа“.

Тоа треба да го очекуваш од другиот. Кога ќе се покаеш, кога вистински ќе се смириш и речеш: „Прости ми, згрешив, се каам“, никој нема да биде толку жесток, толку непријателски настроен што да те удри, да те нападне уште посилно. Пред твојот чист поглед, пред твоето покајано и насолзено око, ќе изгасне гневот на другиот. Тој ќе се предаде и ќе рече: „Добро. Нема проблем, не грижи се, си го рекол тоа, си го рекол, човек си, ти се испуштило!“. Смирението, покајанието, признавањето го топи и железото, ги разбива демоните, го парализира злото.

Јас, напротив, го немам тоа покајание, го немам тоа смирение. Правиме толку многу грешки, нажалуваме толку многу луѓе, повредуваме толку многу души, презираме толку луѓе, ги одминуваме, рамнодушни сме, правиме толку многу престапи, толку многу гревови. Не зборувам за другите, зборувам од лично мое искуство. Но не само од мое искуство, туку и од искуството на другите. Човек кога е свештеник знае сѐ, ги знае и своите гревови, ги знае и оние на другите, ги слуша гревовите на сите луѓе и гледа дека има многу гревови во светот за коишто некој ќе треба да се кае. Многу се гревовите што ги правиме без дури и да размислиме за нив: изгубени часови, бесконечно изгубени часови за коишто немаме никаква грижа на совеста. Губиме толку многу време во животот, време напразно потрошено за кое некогаш горко ќе плачеме. Ќе плачеме, но ќе биде доцна. Ќе плачеме со оние коишто за глупости изгубиле бесконечен број на часови пред телевизорот, пред компјутерот, додека требало да спремаат испити, или поминале часови во коишто воопшто не се помолиле, не прочитале ништо. Безделни денови, денови во коишто не научиле да љубат, да проштеваат. И ќе речат: „Како така ми помина животот? Како така летнаа годините? Како наеднаш станав на 80 – 90 години и што направив во животот? Ништо! Зошто? Зошто, кога Христос ни вели дека за еден миг можеш да се покаеш, зошто, кога разбојникот за една минута влезе во рајот, а јас изгубив не само една минута, туку илјадници, милиони минути и не направив ништо за својата душа? Ужас! Како помина времето на мојот живот?“

Ќе дојде часот кога ќе се каеме за загубеното време. Ќе дојде часот кога ќе се покаеме за зборовите што сме ги кажале. Зборови... колку односи се расипале заради навредливи, горчливи, злобни, саркастични, иронични зборови со коишто сме го понижиле другиот и чашата се прелеала – од само еден збор, од една навреда. Така  пропаднале цели семејства.

Ќе дојде часот, дај Боже да биде сега, кога ќе потече солзата на покајанието од нашите очи и ќе Му речеме на Бога: „Господи, како можев да зборувам така, како можев така да ги повредам другите, какви се тие нешта што излегуваат од мојата уста!? Не, воопшто не пазам на навредливите или лоши зборови – јас едноставно така си комуницирам со другите. Цело време навредувам, ироничен сум, не почитувам – што е тоа што излегува од мојата уста? Колку пати осудив, колку пати се занимавав со животите на другите, зборував за луѓе кога тие не беа присутни во моментот, им го валкав животот, им ги толкував постапките без да знам дали тоа што го кажувам е вистина, без да сум срцезналец. Колку пати, Господи, си го присвоив Твоето право на себе? Ти го одземав правото што само Ти го имаш? А кое е тоа право? Да ги судам другите. Колку пати го направив тој грев и многу ретко се каев. Уште не сум се покајал, зашто да го сторев тоа, ќе престанев со тој грев. Да се бев покајал немаше да го повторам. Ако не ми се допаѓаше, ќе го пресечев... “

Ако некое јадење не ти се допадне, ако е горчливо, невкусно, нема да го јадеш повторно. Нема да го приготвиш повторно, не го пробуваш дури ни на шега, не ти се допаѓа. И покрај тоа, постојано правиме едни и исти гревови и никогаш не се покајуваме. Зошто? Бидејќи ни се допаѓаат. Ни се допаѓа тоа што го правиме. Сме навикнале, ни се допаѓа порокот. Ни се допаѓа егоизмот, нашите страсти, да сме љубопитни за животот на другиот, да ги видиме другите да губат, да се разделат, да оговараме за тоа, затоа што го сакаме тоа. Кога на телевизија се дава документарен филм со научна или филозофска тема, на пр. историја на уметноста, го менуваме каналот. Но ако најдеме канал на кој се дава за туѓите животи, кој се развел, зошто се развел, како се скарале – седнуваме и гледаме, ни се допаѓа, нешто ни се случува и се ситиме од неуспехот на другите. Не плачеме за нив, не се каеме – ниту за нас, ниту за нив, ниту за маките во светот, и се радуваме да слушнеме дека некаде далеку од нас експлодираат бомби, има болка, искушенија, проблеми. Тоа ни буди скриена наслада, оти, слава Богу, не ние туку други пострадаа од тоа.

„Дај кажи што се случи? И што му рече на крај? Дозна детали?

Ни се допаѓа сето тоа и не се каеме. Се насладуваме, правиме гревови. Ако посакаме да се покаеме, ако посакаме да заплачеме, како што велат Светиите: „И сета вода од реките, па и од морињата и океаните, да истече преку нашите очи, нема да е доволна за нашиот плач. Да плачеме за нашите и за гревовите на другите. Да признаеме дека не сме тргнале на добро. „Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе бидат помилувани, зашто тие ќе се утешат.“ Оние што плачат се тие што тагуваат, што имаат покајание, што жалат за својот грев и за гревовите на светот, што се каат за своите гревови, за вознемиреноста на луѓето, за проблемите на другите, за нивните непокајани браќа, и го земаат на себе нивното покајание, па велат: „Господи, се каам за оние што не се каат. Те молам, помилуј ги !“ А ние? Ние – ништо, немаме ништо заедничко со тоа.

Продолжува

Извор: Бигорски манастир

Друго:

 

Архимандрит Андреј Конанос: Покајание – слатка тага на душата (I и II дел)

Архимандрит Андреј Конанос: Покајание – слатка тага на душата (I и II дел)



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4519
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3797
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »