логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

 

СКИЦИ ЗА ЧОВЕКОТ

Ниедна институција нема да стане подобра додека во неа не влезат добри луѓе

Венко Андоновски

Насловот личи на револуционерниот повик „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, ама далеку е од револуција: насловот е само надеж, пред Велигден.
Сите очекуваат да прекине оваа пандемија со смртоносниот вирус. Сите знаат дека светската економија е крахирана. Сите знаат дека прекуноќ капитализмот се претвори во КАПИТУЛИЗАМ, во сопствена капитулација. Сите веќе знаат дека и банкоматот, тотемот на потрошувачкото општество, врвното божество кое нам, „средните“ по имот, ни даваше илузија дека сè ни е достапно, отсега ќе се вика БАНКРОМАТ. Економистите се едногласни во тврдењето дека банкротот ќе биде наша судбина, кога ќе се смири ова. Ќе мора да се соочиме со помалку задоволства во нашите животи, со помалку материја што дразни, острастува и главно служи за задоволување страсти.

Проблемот со острастениот човек и е во тоа што кога ќе се задоволи една страст, таа, наместо да стивне, парадоксално, станува „погладна“ и бара пожестоко задоволување. Цената на задоволувањето расте со секое задоволување на страста. Капиталистите, како претставници на страста СРЕБРОЉУБИЕ, по добра зделка, веднаш јуришаат на нова, која, пак, штом ќе се оствари, ќе отвори нова. Хедонистите, како претставници на страста СЛАСТОЉУБИЕ, се веќе прочуени по онаа реченица (минута пред затворање на кафеаната) „дај уште по една и си одиме“.

Оние, пак, што за свој тотем ја избрале страста САМОЉУБИЕ знаат дека откако ќе добијат некое признание, веќе јуришаат на друго, повисоко: успешната кариера е всушност серија на неуспешни задоволувања на една иста страст, нејзина безумна градација, до оној момент кога апетитите толку ќе пораснат што ако не се добие посакуваното признание, острастениот човек помислува на алкохол или, не дај боже, на самоубиство. Страстите се бунар без дно и сигурен пат кон несреќа: тие стануваат навика и го претвораат човека во зависник, не многу различен од хероинскиот.

Многумина на ова со вирусот и гледаат како на некоја опомена до острастениот човек, односно до острастеното човештво: да стане поскромно, да се смири.

Многумина најавуваат и нов светски поредок, ама многу малку знаат како ќе изгледа светот по ова опустошување. Јасно е дека таа девастација се одвива најмалку на три плана: материјалниот (економски последици), душевниот (психијатрите најавуваат постстресни синдроми) и духовниот (последици по духовноста на човекот, опустошување на неговиот дух). Во една изјава, наспроти сите тие црни прогнози, јас реков дека верувам, напротив, во ренесанса на човештвото. За економското закрепнување ќе се погрижат економистите и капиталистите, за душевното здравје ќе се погрижат психијатрите, но за духовното здравје ќе треба секој од нас САМ да се грижи, со нужна помош од воспитниот систем (не толку од образовниот), религиите и ЗДРАВИТЕ школи (оние во кои воспитанието има предност пред лажното образование).

Така што кога реков „ренесанса на човештвото“ јас не мислев на материјална, туку на духовна обнова. Тоа значи враќање кон персонализмот и кон она – секој да си ја негува својата душа. Од капитализмот на материјалното, да се свртиме кон „капитализам“ на душата. Да сфатиме дека и да не дојдеше вирусот, чекоревме по погрешен пат, зашто нашите души беа раштимувани како долго некористено пијано, а нашето душевно здравје запуштено, зашто имавме ПРЕМНОГУ ордени и слава (самољубие), ПРЕМНОГУ евра под перница (среброљубие) и ПРЕМНОГУ холестерол и триглицериди (сластољубие). Вирусот нè фокусираше на телесното здравје, но секогаш прво се разболува духот, дури потоа телото.

Мудреците од разни религии, а особено православните свети отци, горе-долу се согласуваат во тврдењето дека душата на човекот ја сочинуваат три сили. Едната е словесна (се изразува со говор) и се вика УМ. Кај обичниот човек силата на умот најчесто е сведена на РАЗУМ, зашто, според овие теолошки интерпретации, УМ е повисока фаза на разумот, односно „разум со престол во срцето“. Другите две сили се несловесни (неискажливи со зборови): тоа се ВОЛЈАТА и ЖЕЛБАТА. Низ диоптријата на оваа стара и најрана христијанска „психијатрија“, тоа се нашите три душевни моќи и со нив се служиме цел живот, за да можеме да опстанеме на овој свет. Но кога некоја од овие сили (а во најлош случај сите) ќе хипертрофира фокусирајќи се само на ЕДНО НЕШТО, односно ќе се „разболи“, таа, од движечка сила на душата, се претвора во нејзин погубител.

Така, разумот (умот) што се осоколил, воодушевувајќи си се самиот себеси, ја раѓа страста на САМОЉУБИЕТО: желбата за ордени, пофалби, награди. Така се добива суетен човек, окован во синџирите на сопствената суета. Проблемот е во тоа што разумот (умот), наместо да им се воодушевува на светот и на другите (разбирајќи ги), се ограничил да ѝ се воодушевува на својата способност да разбира, да мисли и говори. Светот денес е преполн од луѓе што мислат. И мислат дека ако тие не мислат, нема кој друг да мисли, па светот ќе пропадне без нивните „ценети мисли“, како да се споменици од најскап мермер.

Работите стануваат уште пострашни кога таквиот „јас па јас човек“ ќе почне да зборува: зборливоста, брборењето и празнословието се веќе сигурен знак за оваа духовна болест, која не смее да се сведува на ДУШЕВНО НАРУШУВАЊЕ, зашто е повеќе од тоа: тоа не е болест на душата, туку болест на духот. За скрибоманијата и да не говориме: тони и тони колумни, интервјуа, „стручни експертизи“ (каква нарцисоидна тавтологија!) полни со „бесценети мисли“, статуси на Фејсбук со „вистини над вистините“… И да, сезонски бестселери на „светските писатели“, за пролет, лето, есен и зима. Како да е романот модна сезонска колекција. Сите што од пишување имаат макар и „п“ како искуство, знаат дека за добар роман треба најмалку 3-4 години, а сезонциве пишуваат 4 годишно, и затоа и имаат наслови (како кај Гијом Мисо): „Ме чекаш ли уште“, „Затоа што те сакам“, „Девојката од Бруклин“ (нормално, русокоса и со црни мрежести чорапи) и слични ступидарии.

Кога, пак, душевната сила на ВОЛЈАТА ќе се ограничи само на едно нешто, таа исто така се разболува. А ако се ограничи само на материјалното и парите, тогаш тоа станува ПАНДЕМИЈА на болеста среброљубие. Капитализмот направи да дојдеме до тоа СО ИСТА страст да си ги љуби парите и Бил Гејтс, кој живее од збирање модерни арачи, и Перса Персовска (извинете ако погодив некого по име), која, иако не примила плата, стои со картичка пред банкоматон и потоа трча да си купи телевизор „преку цел ѕид“, зашто таков видела кај сосетката.

А волјата, за да оздрави, треба да се насочи кон многу поважни (а навидум безначајни) нешта: да речеме, волја да се воспитаат децата да велат „добар ден, како сте денес?“, да се промени исхраната, да се остават цигарите… Да не зборуваме за повисока волја: да се докомплетира образованието, да се научи музички инструмент, да се спортува.
И конечно, желбата (копнежот). Никој не ви забранува да уживате во печено прасе и ладни шприцери под сенка. Проблемот е, како и секогаш, во претерувањето: ако секој ден го правите тоа, набргу, и без да забележите, ќе ви исчезнат вкусовите од устата и ќе побарате НЕШТО ДРУГО, ПОСИЛНО. Треба да ги испостите и огладните сетилата, за повторно да уживате во сетилата. Тоа е толку јасно, што дури и не му е место во колумнава. Ама очигледното најтешко се забележува: се гледа, ама не му се дава значење, затоа што е „тука“.

Според тоа, таа евентуална идна ренесанса на човештвото нема да падне од небо. Треба да се работи врз себе, за да се појави. Кажано со речникот на Достоевски, треба да се вратиме кон Богочовекот, а да го напуштиме капиталистичкиот човекобог. Ама, кој беше Достоевски? Му ги нема книгите на трафика…

14ти април 2020 лето Господово

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%b5-%d0%b8-%d0%b8%d0%b4%d0%b8%d0%be%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5/?fbclid=IwAR2_QFe1S1xulmp4fRHNdj6GXQhTDqY5z0dCTEluUWFiOqUUsfa5jumysKk

 

 Друго:

 Венко Андоновски: Петре и идиотите ...

Венко Андоновски: Бриши го ...

Венко Андоновски: Мажот на мојата жена ...

Венко Андоновски: Третото раѓање на човекот ...

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1024
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 991
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »