логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

За време на светата Литургија по читањето на Евангелието свештеникот ја кажува големата ектенија, во која се молиме:

Уште се молиме за дарителите и добротворите во овој свет и сечесен храм, за оние кои се трудат, пеат и се молат во него и за присутниот народ, кој што очекува од Тебе голема и богата милост.

Уште се молиме за дарителите. Бог го прима тоа што човек може да му го принесе, иако нема никаква потреба – зарем ќе го помириса нашиот темјан, ќе ги чуе нашите песнопенија или ќе ги употреби нашите кандила? Бог нема потреба од апсолутно ништо. На Бога не му требаат нашите нешта, ниту просфорите итн. Тогаш зошто ние имаме потреба да Му ги принесуваме на Бога. И што му принесуваме? Бидејќи Он има сѐ, ние Му го принесуваме нашето срце, љубовта, себеси. Бог бара едно исто нешто – Сине Мој дај Ми го срцето! Да му се дадеме себеси.

Како што во секојдневниот живот му кажуваме на другиот човек: „Те љубам!“ Ти благодарам многу што ме љубиш, но бидејќи ме љубиш, треба да ми ја покажеш и на дело твојата љубов, за да не биде апстрактна, туку практична љубов. Имам некаква потреба, некаква тешкотија. Бидејќи ме љубиш, помогни ми. Дај ми го тоа од кое имам потреба за да ме поткрепиш. Љубовта треба да е видлива. Токму тој проблем го среќаваме денес во семејствата, каде луѓето се љубат и на крај се разведуваат. Потоа велат: „Ама јас ја љубев!“ И што се случи, та се разведовте? Едноставно секој ја смета љубовта кон другиот за даденост, но не ја пројавува, не ја изразува. Претежно мажите го прават тоа. Порано по цел ден играа табла во кафулиња, сега играат на компјутер. Наместо да зборуваат со жена си, се потопуваат во онаа машина и не излегуваат од таму. Додека еден ден жената не му каже:

    Знаеш, утре се разведуваме!
    Се разведуваме!?
    Да. Толку време, додека беше со компјутерот, бескрајни часови, каде беше? Не забележа дека огладнев, се изморив, ми се смачи, ти испратив илјадници потсвесни пораки, разбуди се, тргни се од екранот, зборувај, направи нешто! Е, сега е доцна. Најди си друг кој што ќе ги прави тие нешта. Сега не прашувај зошто!

Љубовта е видлива. Го љубиш ли другиот? Изрази ја љубовта. Луѓе сме.

Кога човек има потреба од тебе, ти треба да си до него. Христос на Крстот побара една капка вода. Тој рече: „Жеден сум!“ Откако воскресна, многумина отидоа кај Него. Но што да прави со нив? Тогаш веќе немаше потреба од помош …



Имаше еден човек, кој, кога ме нападнаа искушенија и испитанија исчезна, а потоа дојде и ми рече: „Знаеш ли, секогаш сум те сакал!“ Јас му одговорив дека не сум се сомневал, но и немам потреба. Има мнозина кои ми пожелуваат: „На многаја лета, Владико!“ Кога сепак бев на крстот, ти не беше таму. Таму ми требаш. Како велеле древните Елини: „Верниот пријател во маката се познава.“ Ја љубиш жена ти? Должен си да ѝ го кажуваш тоа 100 пати на ден. И не само да ѝ го кажуваш, туку и да го покажуваш на дело. Го љубиш мажот си? Должна си да му го кажуваш и покажуваш тоа, да си до него, да му го даваш твоето присуство, топлина, љубов, време. Ама љубовта не се покажува со „Здраво! Добредојде!“,  и да сметаш дека со оглед на тоа дека не те лажам, не те лишувам од ништо, значи те љубам! Со сигурност може од ништо да не си ја лишил, да не си ја излажал, да си добар човек, чесен, достоен, два пати во седмицата ја водиш во ресторан, но дури и во ресторанот да си го чепкал телефонот и праќал пораки. Така правиш и дома, ти зборува син ти, ќерка ти, жена ти, а ти истовремено гледаш во телефонот. И што очекуваш? Тој брак ќе пропадне, крај. Нема шанси да опстои. Не може. Љубовта е видлива и значи жртва, значи да исклучиш сѐ и да седнеш да ја ислушаш жена си, да зборувате, да јадете, да пиете, да го исклучите телевизорот и телефонот, да го затвориш компјутерот, и да видиме што ќе биде, бидејќи таа кутија веќе се претворила во голема работа! И станува сѐ помодерна. Сега се појавија и помали, ги чуваат во џеб, порано беа цели тенеќиња.

Имавме еден Старец на Света Гора, кој велеше: „Чат – пат!“ Тој пееше а ние го прашавме: Ја знаеш песната, дедо? „Е, чат – пат ќе го испеам!“ Сега кога излегоа разните ај –  поди, или како и да се нарекуваат … ми текнува на стариот Герман, кој велеше: чат – пат!

( Продолжува … )

 

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/ljubovta-znachi-zhrtva-part-1/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1264
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1472
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1342
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »