За маченичкото сведоштво на Игуменот Кипријан Слепченски – Интервју со м-р Виктор Недески
МPC-OA в недела на 30 април во манастирот во Слепче ќе го канонизира за нов светител Игуменот Кипријан Слепченски, кој пострадал маченички за православната вера. За овој Игумен македонската јавност дозна по истражувањата што ги направил Виктор Недески, теолог, асистент на Богословскиот факултет во Скопје и докторант на Универзитетот Аристотел во Солун. Свети Киријан маченички пострадал во XVIII век, во 1780 година кога на Велики четврток бил нападнат манастирот.