логоFacebookTwitterYouTubeeMail

...ruski_centar_10_naslovna

УКИМ почна да го реализира овој проект пред две години со поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Тој е четврти центар за јазици на УКИМ по центрите за италијански, турски и за кинески јазик ...

Во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје почна да работи Руски центар за изучување на рускиот јазик, литература и култура. Отворен е од фондацијата „Руски мир“ која има мрежа од вакви центри низ цел свет. Македонија е 46-та земја која добива Руски центар, а тој е 106-та членка во мрежата.

УКИМ почна да го реализира овој проект пред две години со поддршка од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Тој е четврти центар за јазици на УКИМ по центрите за италијански, турски и за кинески јазик.

ruski_centar_8На свеченото отворање денеска ректорот на скопскиот Универзитет Велимир Стојковски рече дека рускиот јазик го говорат над 150 милиони луѓе во Русија, но и во други земји низ светот, дека е јазик на голем народ кој својата култура и достигнувања ги вградил во светската цивилизација, спомнувајќи некои од великаните на руската наука и култура кои твореле на тој јазик, како Ломоносов, Менделеев, Пушкин, Достоевски, Чајковски, Прокофјев...

- Затоа, изучувањето на рускиот јазик е голем предизвик за сите нас. Убеден сум дека Рускиот центар ќе биде место каде што не само студентите по руски јазик и воопшто студентите на УКИМ туку и граѓаните ќе можат да ги изучуваат рускиот јазик, култура и уметност. Се надевам и дека ќе претставува уште еден мост за зацврстување на пријателските македонско-руски односи - рече Стојковски.

Центарот ќе биде опремен со книги, списанија, дигитална опрема и видеоматеријали за рускиот јазик, литература и култура, а во неговите простории за денешното свечено отворање е поставена првата изложба „Историјата на Патријаршијата во Русија“.

Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак истакна дека во руските центри се одржуваат изложби, конференции, креативни дискусии и се места за дружење.

- Верувам дека Центарот ќе им помогне на македонските граѓани, особено на младите луѓе, подобро да се запознаат и да ги сфатат минатото и сегашноста на Русија, нејзините повеќевековни духовни корени и традиционални вредности кои многу се битни за нашите народи и денес - рече Шчербак посакувајќи му долга и успешна дејност на Центарот при УКИМ.

ruski_centar_5Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска нагласи дека Руската Федерација е голем стратешки, политички, економски и културен поддржувач на Република Македонија и се осврна на сите позначајни настани од соработката, меѓу кои Деновите на културата во двете земји во 2010 и 2011 година, учествата на РМ на Саемот на книгата во Москва, гостувања на фестивали и манифестации, заедничките активности во рамките на Форумот на словенските култури и УНЕСКО и во останатите меѓународни организации...

 

 

 

 

ruski_centar_11

- Наскоро ќе ја потпишеме и новата Програма за соработка во областа на културата, образованието, науката и спортот за периодот 2016-2019 година во чии рамки планираме реализација на повеќе комплексни активности, заеднички програми и проекти кои ќе бидат наш придонес во градењето на патот на заемното македонско-руско културно пријателство - рече Канческа-Милевска.

Извор: Министерсво за култура на РМ



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3179
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2510
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

« »